Среда, 07 Октомври 2015   
По трагите на војната - Скопје и Велес

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Пред почетокот на Првата балканска војна положбата на македонскиот народ во Османската империја била неподнослива. Освен ликвидирање на турското владеење за него не постоела друга алтернатива. Затоа во воената акција на сојузниците против Османската империја, која запчнала во есента 1912 година македонскиот народ гледал со надеж за своето ослободување од турското ропство. Тој зел масовно учество во борбите за ослободувањето на својата земја во рамките на српската, бугарската и грчката војска, и очекувал дека тоа негово учество ќе биде наградено од сојузниците, односно дека ќе се остварат неговите соништа за слободна и независна македонска држава. Но, истовремено стравуваше дека ќе биде повторно изиграни.

Дејствувањето на сојузничките армии многу брзо ги покажале вистинските намери на владите на Србија, Бугарија и Грција. Во периодот од почетокот на војната 26.09.1912  (н.с. 9.10.1912) па се до 4.12.1912 година кога било потпишано примирјето, најголемиот дел од територијата со која владеела Османската империја била поделена меѓу сојузниците. Српската војска стигнала до Лерин и Гевгелија, окупирајќи го на таков начин поголемиот дел од Вардарска Македонија и голем дел од Албанија. Бугарската војска пак ја окупирала источна Македонија на линијата Горна Џумаја – Штип – Гевгелија – Кукуш – Солун – Кавала, како и голем дел од Тракија. Останатиот дел од Македонија, заедно со Лерин го окупирала Грција, чија војска исто како и бугарската влегла во Солун.

Лондонската конференција која започнала на 16.12.1912 година, не ги дала очекуваните резултати за македонскиот народ. Србија и Грција кои уште пред војната се договориле дека нема да дозволат создавање на самостојна Македонија, како и Бугарија, го одбиле предлогот на Турција на Македонија да и се даде автономија под нејзино суверенство.

Текот на овие настани биле редовно следен од печатот на сојузниците, кој бил исполнет со сериозни кампањи за докажување на историското право врз Македонија. Српскиот печат ги преставувал новоосвоените земји како некогашна српска територија, со српски историски споменици, земја на која има право. Следејќи го патот на српската војска, белградска „Политика“ од 2 март 1913 година, покрај суптилната пропаганда, дава и живописни слики за изгледот на Скопје и Велес. Во текстот „По трагите на војната“, авторот ќе забележи:

... Скопје се предаде. Маса народ излезе пред нас – ми вели братот. Ни ги бакнуваа рацете, коњите и чизмите. Извикуваа „Да живеат осветниците на Косово!“, „Да живеат нашите спасители!“. Ние на влезот го почекавме Прстолонаследникот, а потоа влеговме во градот, сите весели, радосни, со чувство кое не се опишува.... Скопје се предаде, валкано и крајно неуредно.

Денес Скопје е чисто. Гледаме само групи на Турци како ја чистат калта и негодуваат. Никако не им влегува во главата дека градот треба да биде чист...

Скопје има само еден модерен дел во градот Тој е лево од камениот мост, одејќи према чаршијата. Тоа се убави, современи вили, зачеток на идното Скопје.  

Во покриениот пазар, панаѓурска врева. До галантериските продавници има некаков вид на кожари, од каде избива загушлив дим и мирис на лој. Кога ќе ја поминете целата чаршија, ви станува јасно зошто Австрија е толку нервозна поради нашите победи. Целата трговска стока е лоша и е продукт на австриските фабрики. Ваква трговска стока не држи ни најлошата белградска продавница, нити би можела да ја продаде.

Скопје од ден на ден се подобро изгледа. За кратко време по ослободувањето тој веќе изгледа чисто. Трговците почнаа сериозно да размислуваат и да се распрашуваат за трговската стока  од Франција и Англија, како и за производи од Србија.

Неколку којунџии (златари), лажичари и тутунари, ја претставуваат домашната индустрија.

Изгледа дека Скопје и претходно сакало да добие изглед на европски град. За тоа сведочат театарската зграда и трамвајот. Меѓутоа, театарската зграда е запуштена. Во неа беше сместен и еден одред на војници, кои од ложите направиле „соби за самци“.  Зградата сега се поправа, но се уште е неудобна за поголем театар. Трамвајот е една врста клацкалка на тркала. Народот мора да биде разместен на предните и задните седишта, инаку еден крај натежнува како на вагата тасот со тегот. Оној јаден коњ тогаш не е во состојба да ја повлече оваа модерна установа.

Во Скопје започнува серија на просјаци, кои по ред во сите места растат, додека во Битола не достигнат точка на кулминација. По Душановиот мост, од едната и другата страна, просат жени и деца. Во најголем дел тоа се Турци и Цигани. Душановиот мост, урнатините на Душановиот град и црквата Св, Спас, тоа се најголеми знаменитости во оваа стара српска престолнина.

Скопје се предаде без борба, без крв. Разбиената турска македонска војска даде малку отпор кај Велес, а поголем кај Прилеп. Меѓутоа, таа во бегањето остави траги на дивјаштво. Насекаде по патот беа запалени христијанските села.

Кај Зелениково еден дел од мостот беше срушен со бомби. Провизорната поправка на мостот се одвиваше многу брзо. Од железничките прагови беше импровизиран столб и по него беа поставени шини. Тука возовите и сега се движат полека...

Вардар никаде така силно не шуми како кај мостот. Таа гласна бучава одекнува низ планините обраснати со шимшир. ...  Крај Вардар, води патот за Велес. На планинските падини, овде онде се гледа село. Поголемо село има дури пред Велес. Тоа е Башино село, налик на гратче, на левата страна на Вардар, одалечено од Велес, како Раковица од Белград. Тука логорува еден батаљон на нашата војска. Пред Велес исто така има логор. Кај станицата се наоѓа полската болница.

Долг и убав пат води од станицата до градот. Уште по патот паѓа во очи една убава зграда на врвот на ридот. Тоа е болница. Минувајќи покрај многу долга коњушница, патот скршнува кон градот, додека железничката пруга оди лево, покрај гробиштата, право во градот. Велес се крева на две планински падини, лево и десно покрај Вардар. Тоа е прекрасна панорама, која на десното брдо се завршува со голема и внатре единствена православна црква, а на левото брдо со стара римска тврдина.

Куќите се во најголем дел двоспратни. Горниот дел служи за живеење. Тој е полн со прозори и балкончиња. По прозорите има подвижни решетки. Долниот спрат е во вид на подрум. Тука обично се држи вино. Во средината на тој спрат се држи колосална бочва (буре) со неколку илјади оки (мерка за тежина – 1282 грама) вино. Оваа бочва Велешаните ја викаат амбар. Околу амбарот има многу буриња, повторно полни со вино. Во последно време бурињата пресушија. Сето тоа нашата војска го испила. Секако за пари.

Пријатно ме изненади кога видов дека нашите војници имаат и кредит. Книги на вересија, кои Велешаните ги викаат „пачавра“, полни се со имиња на нашите војници. Тие сето тоа поштено го раздолжуваат.

Велешките улици се тесни и каливи. Од куќите целата нечистотија се спроведува на улица. Таа ја измива дождот и Вардар. Меѓутоа, дворовите се необично чисти. Удрите со металната алка на било која капија: кога ќе ви отворат ќе се изненадите со чистотата.

Велес е многу богато место. Трговијата е жива. Пазарниот ден е вистински панаѓур. Од натоварените магариња не може да се мине низ улиците. Чукш! Чукш! Се слуша на сите страни како ги тераат магарињара.

За време на пазарот, телал, општински службеник, објавува наредба... Кога нешто објавува толку ужасно се дере и се напрега, па на крај ќе кукурикне како петел. После повикот, народот се собира околу него, и тој тивко ја објаснува содржината на објавата.

Се сеќавам на неговиот повик во очи на Св. Андреја. Застана на пазаришниот мост па ја отворил вилицата: - Е, Е-еј! – Еј! Утре ќе биде празник на нашот Крал! Рисјаните нека одат во црква, а муслиманите ќе одат во џамија!  Е, Е-еј!  - Вика строго и сериозно, како да се плаши случајно да не одат Турците во црква, а Христијаните во џамија.“

Лондонскиот мировен договор бил потпишан на 17 мај (30 мај по нов стил). Меѓутоа, без оглед на потпишаните договори, ненаситни во своите аспирации околу поделбата на освоените територии, секој од сојузниците имал нескриена намера да завладее со што поголем дел од Македонија. Тоа ќе доведе до распад на Балканскиот сојуз, а на 16 јуни 1913 година ќе започне Втората балканска меѓусојузничка војна. Двете балкански војни ќе предизвикаат тешки последици по македонскиот народ - страдање, поделба и егзодус на македонскиот народ.

tragom-rada

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.