Среда, 07 Октомври 2015   
Груевски: Ние сме Македонци, говориме македонски јазик и живееме во држава со уставно име, Република Македонија!

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

„Нашата позиција е добро позната. Таа е во контекст на реалноста дека ние сме Македонци, говориме македонски јазик и живееме во држава со уставно име, Република Македонија.

Меѓународното право треба да се почитува од сите и во сите случаи, а не наменски. Оттука одлуката од Меѓународниот суд за правдата донесена во корист на мојата земја треба да се почитува од сите членки на оваа организација, посебно зашто токму тој суд е основан од организацијата на ОН и тој треба да е гарант на спроведување на правдата и на билатералните договори склучувани под покровителство на ОН.“ - рече премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред Генералното собрание на ООН, по повод 70 години од неговото основање.

Со својот одличен говор пред Генералното собрание на ООН,  премиерот Никола Груевски уште еднаш покажа како се штитат интересите на сопствената држава. Говорејќи за спорот за името со Грција, тој го потенцира нерешеното прашање со јужниот сосед, кое стои во агендата на ОН и на патот на трајна стабилизација на нашит регион и директно влијае врз Македонија.

Во контекст на реалноста тој ќе рече дека  решавање на разликите со нашиот сосед е наш приоритет, во рамките на границите на резолуциите на ОН и согласно меѓународното право кои го дефинираат решението кое е предмет на разговори и взаемно прифатливо решение.

Нагласувајќи дека нашата позиција е добро позната, односно дека ние сме Македонци, говориме македонски јазик и живееме во држава со уставно име, Република Македонија, премиерот Груевски ќе побара да се почитува меѓународното право во сите случаи, а не наменски. Оттука, како што вели, одлуката на Меѓународниот суд на правдата донесена во корист на мојата земја треба да се почитува од сите членки на оваа организација, посебно затоа што токму тој суд е основан од Организацијата на ООН и тој треба да е гарантот на спроведувањето на правдата и на биалтералните договори склучувани под покровителство на ООН. Во спротивно, како што вели Груевски, „довербата во Светската организација и нејзините тела и органи ќе опаѓа и ќе се остава простор на сите оние скептици кои ги споменав и кои пробуваат неправедно и намерно да го оспоруваат нејзиното работење“.

Од осамостојувањето на Република Македонија изминаа повеќе од дваесет години, во кои земјата стана жртва на таканаречениот спор со името. Оттука Груевски ќе ја предупреди Генералната асамблеја на Светската организација дека: „Не е добро да се добие впечаток дека Организацијата на ОН стојат настрана од овој процес кои силно ги попречува македонските апсирации за подобра иднина за граѓаните. Процес кој добива една поинаква димензија непочитувајќи го меѓународното право и правејќи преседан  кој понатаму може лесно да се злоупотребува за внесување дополнителна нестабилност насекаде“. 

Груевски потсети дека Грција која се наоѓа во исклучително кревка економска и политичка состојба со решавањето на спорот што го наметна ќе ја подобри не само својата, туку и  безбедноста во регионот. Во периодот кога Балканот и Европа се соочуваат со бегалската и мигрантска криза, како и појавите на келиите на ИСИС, премиерот ја предизвика Грција да престане да одбегнува и конечно да се изнајде взаемно прифатливо решение.

Груевски потенцира дека и натаму главна стратегиска и надворешна цел на Македонија останува нашето членство во НАТО и ЕУ. Во контекст на безбедносните ризици, како што се неконтролираното движење на бегалци и заканите од ИСИС, тој ќе посочи дека најдобар одговор е доколку тоа оди преку НАТО и ЕУ и ако регионот што побргу се интегрира во нив. Но, исто така, од друга страна, како што вели е „потребна конкретна демонстрација на политиката на превенција на конфликти, за која расправавме токму во ОН, и тоа токму во нашиот регион.“

Иако, ги има европските средства за справување со бегалската криза, поради својата економска и политичка слабост, Грција денес преставува вистински Тројански коњ кој широко ја отвара портата на Европа за бегалците и мигрантите од Азија и Африка, со што ја нарушува не само својата и регионалната, туку и европската безбедност.

Меѓутоа, пружената рака на Македонија за соработка и заеднички одговор на безбедносните ризици, која ја промовираше премиерот во својот говор во ОН, тешко дека ќе биде прифатена од националистичките кругови кај јужниот сосед.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, поради Македонија, одби да присуствува на генералното собрание на ОН, на состанокот за борбата против ИСИС. На состанокот за борба против тероризмот, организиран од САД, не се појавија ниту Ципрас, ниту грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас, само затоа што Македонија учествуваше по уставно име.

Овој чекор на американската страна, Атина го протолкува како непочитување на грчките позиции и притисок за решавање на спорот со името. Исто така кај јужниот сосед постои загриженост, дека поради спорот со името, Атина полека ги губи позициите и повеќе не се слуша нејзинот глас кога се работи за клучни прашања. Грчките медиуми веќе исплашено  шпекулираат дека САД се обидува на мала врата да ја внесе Македонија во НАТО, без да има самит и без да можат да стават вето.

Без разлика како ќе однесува Атина и дали ќе продуцира нови кризи, како што најави премиерот Груевски пред Генералното собрание на ОН,  Република Македонија ќе продолжи да работи заедно со сите земји-членки на ОН за зацврстување на меѓународниот мир и безбедност, промовирајќи ги човековите права и постигнувајќи ги глобалните развојни цели.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.