Среда, 28 Октомври 2015   
Обид да се реставрира скратена Југославија!?

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Во моменти кога Балканот и Европа се соочуваат со бегалска и мигрантска криза од библиски размери, очигледно Балканот станува поле на геополитички стратешки иницијативи. Поради тие игри Македонија и Црна Гора се соочуват со политичка криза. И додека во Македонија, обидот на опозицијата заглави и се „пржи“ на договорот од Пржино, во Црна Гора се направи насилен обид за државен удар. Поврзаност за политичките кризи има заеднички именител во тоа што во двете земји се наоѓаат на линија на фронтот на судирот меѓу истокот и западот.

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во интервју за Хрватската радио-телевизија ги оцени саботните немири во Подгорица како обид за дестабилизација на земјата. Говорејќи за отворено бруталните протести во земјата, тој го обвини опозициксиот Демократски фронт за обид за насилно превземање навласта, рушење на уставниот поредок на земјата и ревизија на стратешкиот правец на државната политика, односно суспензија на европскиот и евроатлански пат на Црна Гора. Истовремено, Ѓукановиќ вели дека се работи за елиминирање на можноста Црна Гора како независна држава сама да ја избира својата политика, и секако, да се врати во гравитациското поле на политика од соседството и од подалечни адреси, кои не само што сакаат да управуваат со Црна Гора, туку и со регионот. Тој додаде дека нема сомнеж дека Русија имала, и понатаму има, активна улога во антивладините протести.

Инаку, по кумановските настани, порталот „The Bosnia Times“ пишува за новата руска геополитичка иницијатива на Балканот, за создавање на нова Југославија, која се заснова на идејата на Алија Изетбеговиќ и Киро Глигоров за "скалеста конфедерација?" Овој босанскохерцеговски информативен портал, базирајќи се на дипломатски извори, за овој политички проект  ќе го напише следното:

„Во новата Балканска конфедерација би влегле Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија. Како што тврди споменатиот дипломатски извор, носител на оваа идеја е српскиот премиер Александар Вучиќ, и требало да ја претстави на бошњачкиот член на Претседателството и на претседателот на СДА, Бакир Изетбеговиќ, на следниот состанок, кој се очекува наскоро во Белград. Всушност, неформално на индиректен начи Изетбеговиќ бил информиран за оваа руска иницијатива, и дека Москва и Анкара преку своите дипломатски канали се согласуваат дека треба да се охрабрат српските и босанските лидери да почнат со српско бошњачки дијалог кој ќе доведе до реализација на оваа идеја.

Се проценува дека во моментов некои политички трендови се движат во тој правец. По победата на 6-тиот Конгрес на СДА, Бакир Изетбеговиќ дојде во позиција да целосно самостално ја креира националната политика на Бошњаците во БиХ, како и, делумно, и доколку е потребно, влијае на политиката на Бошњаците во Санџак и Црна Гора.

Изетбеговиќ има влијание врз Сулејман Угљанин, претседателот на СДА на Санџак, како и на Рафет Хусовиќ, претседател на Бошњачката партија на Црна Гора. И овие две Санџачки лидери имаат влијание врз реисот Адем еф. Зилкиќ, односно врз Рифет еф. Фејзиќ.

Самата идеја за создавање, така да се каже Балканска конфедерација е во суштина идејата за т.н.. "Скалеста конфедерација" од Алија Изетбеговиќ и Киро Глигоров која беше понудена како решение за опстанок на Југославија. На последниот состанок на тогашната шесторка на претседателите на југословенските Републики во Стојчевац во близина на Сараево, оваа идеја беше начелно прифатена. Прв, по една (не)преспиена ноќ, се откажа Момир Булатовиќ, претседателот на Црна Гора и така и идејата па и Југославија се распадна политички.

Како што е познато под скалестата Конфедерација се подразбира дека Србија и Црна Гора ќе имаат федерални односи, додека Босна и Херцеговина и Македонија би биле во конфедерални односи со нив.

Бидејќи Словенија и Хрватска како независни држави станаа членки на ЕУ, за нив оваа идеја не се однесува. Дури, се верува, дека Загреб и Љубљана би ја прифатиле солуцијата да во ваков конфедерален однос овие четири земји да бидат примени во ЕУ.

По настаните во Куманово, каде што очигледно дошло до надворешно мешање во внатрешните работи на Македонија, дури уште повеќе постои сомнеж дека Србија имаше поголем интерес за него од Албанија, прашањето на стабилноста на Балканот е жежок костен за ЕУ.

ЕУ и САД се фрустрирани од руската политика во Украина, затоа што на некој начин западните сили се победени на Крим, и затоа многу внимателно го следат секој потег на Русија кон Балканот. Очигледно е дека ЕУ е свесна дека ако сака Путин може да ги искомплицира односите на Балканот, и тоа би бил многу скапа и макотрпна работа заа дипломатијата на ЕУ. Затоа, секое решение и компромис со Русија на Балканот пожелно е од гледна точка на Брисел.

Охрабрени од ваквите проценки и сознанија руски дипломати ја подобрија својата работа во оваа насока. Но, клучното прашање е т.н.. "Источното прашање на Балканот" што виси во воздух веќе еден век. Тоа е прашањето на балканските муслимани чиј голем дел се Бошњаци. Во овој поглед е и изјавата на премиерот Вучиќ дека за Србите најважното прашање се односите со муслиманите.

Најмоќниот, нajинформираниот политичар во моментов меѓу Бошњаците на Балканот е Бакир Изетбеговиќ. Тој е лидер на партијата која ги има сите лостови на власта во Сараево. Тој има многу блиски односи со турскиот претседател Taип Ердоган, што е многу важно за регионалните геополитички односи.

Покрај тоа, како што проценуваат руските дипломати, идејата за скалеста конфедерација на БиХ, РС, ЦГи МКД е идеја на таткото на Изетбеговиќ, а со тоа се очекува дека тоа би можело да биде прифатливо и за него. Во тој случај, Алија Изетбеговиќ би бил целосно рехабилитиран и би влегол во историјата како миротворец и визионер...“

Но, не само што би бил рехабилитиран Изетбеговиќ, туку и Киро Глигоров како коафтор на платформата за асиметрична југословенска федерација. Истовремено би се рехабилитирала и политиката на СДСМ, која во 90 – тите години на минатиот век се залагала за опстанок на Југославија. Оттука, како и личните интереси, се јасен показател зошто СДСМ ја втурна Македонија во политичка криза земјата. Изгледа дека СДСМ работи да се исполни вториот дел од референдумското прашање за независност на Македонија,  „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

Остварувањето на овој план за Балканска конфедерација би можело да значи влегување на балканските земји меѓу кои и Македонија во ЕУ, но сигурно не како Македонија и како Македонци. Во таков случај, Грција не би имала ништо против.

Дека нешто се подготвува говори и најавата од Белград дека голема српска делегација патува во Москва. Патувањето на српскиот премиер и дури девет министри на српската влада во тридневна посета на руската престолнина, нешто  што не се случило ни во советско време, укажува дека наскоро на Балканот може да се очекува зголемено руско присуство, но и големи политички превривања.

Не случајно премиерот Никола Груевски по повод 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба ќе изјави: „Дека ова во Македонија е битка за Македонија. На кого тоа не му е јасно досега ова е добар ден тоа да го нагласиме тоа. Битка многу поголема од дневните авантури на опозицијата која свесно се става во улога на алатка.’  

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.