Среда, 04 Ноември 2015   
Во 1895 г. идејата за самостојност и сувереност ќе стане основен принцип на ВМРО

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

„Македонска трупа на глумци под раководство на г-дин Хаџијовиќ, ќе прикаже неколку одбрани претстави од животот на Македонците во гостилницата „Таково“ како: „Крвава свадба“, „Таир Тома“, „Прилепски светци“ и др. Денес е првата претстава и ќе се дава „Крвава свадба“. Почетокот е во 8, ½ часот. Влезна цена: прв ред 1 ½, втор ред 1 динар“ – пишува белградска „Политика“ на 18 јануари 1904 година.

По Илинденското востание 1903 година, Војдан Чернодрински на 5 ноември 1903 година се обраќа до Српското пратеништво во Софија со молба до српските власти да му дозволат со македонската театарска група да одржи претстави во Србија. Во молбата испратена до Генералното застапништво на Кралство Србија во Софија, ќе биде наведено дека: „Македонската театарска група чиишто членови се младинци-Македонци со универзитетско и гимназиско образование, сфаќајќи ја несносната положба во која денес се наоѓаат нивните браќа бегалци од Македонија реши да ги пропатува сите славјански краишта, да дава претстави од македонскиот живот и на македонски јазик, сакајќи по тој начин да ги запознае сите... братски народи со животот на нивниот брат - турски роб. Заради тоа македонската театарска група ќе оддели еден дел од чистиот приход за истите бегалци и пoстрадани во време на последните настани во Македонија и Стара Србија.  Македонската театарска група е со намера да го посети околу 1 декември оваа година за прв пат братското Кралство Србија, каде што се надева дека ќе сретне добар прием со репертоарот: „Македонска крвава свадба", „Зло за зло", „Мајстори" од В. Чернодрински и „Револуционер" од Д. X. Динев.“

Молбата му била исполнета, а македонската театарска група одржала престави во неколку градови на Србија. Гостувањето на „Македонската театарска дружина" го привлекло вниманието на печатот. Новосадска „Застава" од 14 декември 1903 година пишува за гостувањето на оваа македонска група и интересот кој го предизвикала „Македонска крвава свадба". Авторот ќе наведе дека Срцето ни се кинеше слушајќи ја и гледајќи ја таа претстава, а тоа на нив бедниците им беше нешто обично. Таму, такви работи стануваат и се виѓаваат секој ден. Тие, како што гледаме, се борат и гледаат по секој начин верно и вистински да ги изнесат сите неволји и страдања, со кое ќе ги заинтересираат не само своите браќа туку и останатиот образован свет. Тие имаат во темнината што ги опкружува еден светол зрак а тоа е слободата, што ќе им даде човечки права и ќе ги изедначи со останатите луѓе.“

Белградска „Политика“ на 18 јануари 1904 година, под наслов „Македонска трупа“ објавува дека „Македонска група на глумци под раководство на г-дин Хаџијовиќ, ќе прикаже неколку одбрани претстави од животот на Македонците во гостилницата „Таково“ како: „Крвава свадба“, „Таир Тома“, „Прилепски светци“ и др. Денес е првата претстава и ќе се дава „Крвава свадба“. Почетокот е во 8, ½ часот. Влезна цена: прв ред 1 ½, втор ред 1 динар.“  

Присуството и прикажувањето на одбраните престави од животот на Македонците повеќе од месец дена во Србија, покажува колкав голем интерес кај српската публика предизвикала „Македонската театарска група“, особено со претставата „Македонска крвава свадба".

Во предговорот кон својата драма „Македонска крвава свадба" (Софија, декември 1900 г.), напишана на македонски говор, македонскиот писател и основоположник на македонската драма и театар Војдан Чернодрински (1875-1951), истакнувајќи ги причините што го навеле да напише драма од животот на Македонците на прагот на XX век вели:

„Во Македонија станувале, стануваат и ќе стануваат такви настани кои, за жал, не им се познати на многу луѓе, не исклучувајќи ги ни Македонците. Она што станува во Дебар не се слуша до Охрид, а уште помалку до Солун, Одрин и обратно. И ако тука, во Бугарија не се издаваше еден македонски орган (в. „Автономија", Сoфија), тоа и збор не ќе стануваше за Македонија и ниту една од многуте ужасни маки не ќе се чуеше. Органот добро ја игра сопствената улога, затоа нема што да бараме повеќе од него. Меѓутоа, се чувствувало, се чувствува сега и ќе се чувствува се дотогаш додека не се задоволи големата нужда: да ни се претставуват, сеедно на кој начин, нагледно, оние страдања на кои е изложен нашиот брат Македонец. Сижети многу и трогливи, но пишувачи да ги обработат - многу малку.

Откако видов дека, од една страна, нуждата да се пробудат многу наши браќа е голема, а од друга страна - немарноста на многу наши Македонци, ангажирани со писателско перо, но за жал, заробено да пишува само партизански статии и антрефилети, или долги професорски лекции, за работи кои освен на џебот на пишувачот не му користат можеби никому, не и користат на Македонија, а дури понекогаш се насочени и против нејзините интереси - се решив да го земем перото и да напишам нешто што, мислам, ќе и користи на нашата татковина.

Што напишав јас? - Ништо не напишав. Јас го препишав од се уште ненапишаната крвава историја на Македонија она што читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во театарот. Крвожедноста на нашите Турци-бегови, готовноста на Македонките да умрат, но верата да не си ја менуваат, а машкоста на Македонецот јуначки да им одмаздува на оние крвници што ја извалкаа или ќе се обидат да ја извалкаат неговата семејна чест - ете, во тоа главно се состои содржината на пиесата. Успеав ли? Дали точно препишав? - не знам; за тоа нека се искажат г-дата критичари. Ако сум успеал, се радувам, ако пак не, сиот грев го фрлам на оние што можат поубаво да ја извршат оваа работа', која мене не ми беше по силите.

Пред себе еум оправдан, зашто не мислев да бидам писател ниту мислам, ниту ќе мислам со тоа да го исплаќам долгот кон мојата поробена татковина.

Г-дата критичари, читателите и гледачите, кога ќе ги имаат предвид горните околности, верувам дека ќе бидат снисходливи кон мојот скромен труд, а поспособните наши писатели ќе се зафатат да напишат нешто за нашиот многустрадален живот и ќе ги раздвижат спокојните, лабави струни на македонскиот роб!“

Во својот предговор кон „Македонска крвава свадба“, Војдан Чернодрински јасно и гласно ќажува дека е Македонец и ја потенцира посебноста на македонскиот народ. Тоа го потврдува и написот во белградска Политика каде објавува дека Македонска театарска група во госѕилницата „Таково“ ќе игра претстави од животот на Македонците.

Во 1929 година, Чернодрински при посета на дом за сираци на децата им подарува примероци од својата драма „Македонска крвава свадба“ и го дава следниот аманет: „ Се надевам дека по прочитувањето на книгава секој питомец добро ќе го запомни прочитаното и никогаш не ќе го заборави јазикот на кој е напишана, јазикот на кој зборувале неговите прадедовци, родители и роднини и на кој ќе зборуваат и покрај физичкиот и морален терор на сегашните поробители на татковината Македонија, сите идни поколенија што ќе ја населуваат оваа света земја.“

politika-tiho

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.