Среда, 04 Ноември 2015   
Почетоците на разузнавачката служба на бугарската армија во Македонија

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

„Почетокот на структурното оформување на бугарското воено разузнавање во Османлиската империја хронолошки се совпаѓа со раѓањето на организираното македонско-одринското револуционерно движење. Од оваа рана фаза датира и соработката меѓу нив. Првиот, за кого има извештаи дека соработува со разузнавачката служба на бугарската армија, е Ѓорче Петров.“ – пишува во својата статија бугарскиот историчар проф. Светлозар Елдаров.

Проф. Светлозар Елдаров (Пловдив, 1956) е бугарски историчар, специјалист по бугарската црковна историја и македонското ослободително движење од почетокот на 20 век. Негов чичко е католички архимандрит проф. д-р Георги Елдаров. Во 1980 година дипломирал Историја во Софискиот универзитет, а специјализира црковна историја во Папскиот Источен Институт во Рим. Член е на „Македонскиот научен институт“ и редакцијата на списанието "Македонски преглед ". Во 1987 година проф. Светлозар Елдаров бил регрутиран како агент на Државна безбедност на Бугарија. Три години потоа, кога се наѕира распадот на Југославија, во Военоисторискиот зборник (1990, No 2, с. 3 – 24), како кандидат за историски науки, тој ќе објави статија „Кон историјата на бугарското воено разузнавање во Османлиската империја и Внатрешната македонско - одринска револуционерна организација (1895 - 1908 година)“, во која говори за почетоците на бугарското воено разузнување и помошта на населението од Македонија и Тракија во собирање на податоци за турската армија.

Авторот во својата статија го опфаќа периодот до Балканските војни, кога сеуште постои некаква надеж дека слободните балкански државички ќе му помогнат на поробениот македонски народ да се ослободи од турското ропство. Иако во статијата посочува примери на соработка, авторот не дава разјаснување зошто податоците кои ги добива од народот во Македонија и Тракија се нецелосни и неточни, што впрочем ќе се одрази и на резултатите на Балканските војни. Занемарувајќи го фактот дека Македонците уште пред Илинденското востание 1903 година ја имаа прочитано бугарската политика, тој во својата статија пишува:

„Во капиталниот труд за Балканската војна, подготвен од Военоисториската комисија на Штабот на армијата, експлицитно се нагласува дека непознавањето на турската армија е општ недостаток на првите оперативни планови за војна со Турција од 1903 и 1904 година. Недостатокот на системски, целосни и веродостојни информации за вооружените сили на противникот е причина на неговата војска да се припишува борбена готовност, значително повисока од реалната. Од ова преценување во одреден степен произлегуваат одбранбено-позиционата стратегија на првите бугарски планови.

Во 1903 година на власт доаѓа Народнолибералната (стамболовистичка) партија. Важно место во сферата на нејзината внатрешна политика зазема престројувањето на армијатата и подготовката за војна со Турција. Заедно со сите останати настани од 1903 година почнува да се посветува особено внимание и на разузнавањето за противникот. Штабот на армијата (ША) веќе не се задоволува само со официјалните податоци, кои по правило не се во согласност со реалноста и пристапува кон самостојно собирање и систематизација на информациите за состојбата на турската армија. Резултатите не изостануваат. Новите оперативни планови, разработени меѓу 1908 и 1912 година, се темелат на сфаќањето дека бугарската армија може да извојува победа само со брза и енергично офанзива, со која би ја поразила турската армија во периодот на нејзината спора мобилизација и распоредување. Одредена улога за промената на бугарската воена доктрина од дефанзивна во офанзивна, одигра разузнавањето на противникот.

Во разузнавачката дејност Штабот на армијата наидува на поддршка на бугарското населението во Македонија и Одринска Тракија (мисли на припадниците Егзархијата н.з.). На оваа соработка во голема мера се должат и успесите...“ – вели бугарскиот историчар Елдаров.

Според него, ставањето на военото разузнавање како предмет на истражување е задача поврзана со објективни тешкотии, бидејќи со оглед на природата на својот карактер оваа активност не оставила многу траги во достапната изворна база. Иако тие се оскудни, сепак тие, како што вели, му овозможуваат да ги реконструира основните моменти од организациската структура и дејноста на бугарското воено разузнавање во Европска Турција и допирните точки со националноослободителното движење во овој регион. Тргнувајќи од овие оскудни извори, тој во продолжение на својот труд вели:

„ ...Почетокот на структурната изградба на военото разузнавање е поставена со Законот за уредување на вооружените сили на Бугарското кнежевство од 1891 година. Првично разузнавачката дејност е концентрирана во Генералштабот, помошно одделение на Военото министерство. Потоа неговата структура трпи разни промени кои се одразуваат и врз организацијата на разузнавањето.

Во 1895 година Главниот штаб е преименуван во Оперативен оддел и заедно со други служби формира Штабот на армијата (ША). Од 1897 година военото разузнавање е во надлежност на Оперативното одделение при Оперативниот оддел на ША... До средината на 90-тите години на XIX век, можностите на бугарското воено разузнавање во тој однос се крајно лимитирани. Затоа и содржината на првиот официјален документ, кој излегол од канцеларијата на Оперативниот оддел при ША, е подреден целосно во мисија да се надмине оваа состојба. Во документот со број № 1 на привремениот извршител на должноста началник на Оперативниот оддел мајор Радој Сираков, поднесена до воениот министер полковник Рачо Петров на 22 август 1895 година,? шефот на военото разузнавање споделува загриженост дека поради отсуство на специјално подготвени лица при кнежевските дипломатски агентства во странство, во одделот му доставуваат нецелосни и невистинити или некомплетни собрани  информации за организацијата, дислокацијата, вооружувањето и другите прашања од состојбата на турската армија и на армиите на соседните држави. "Нема сомневање - истакнува тој, - дека офицери, специјално задолжени да собираат информации, доделени кон нашите агентства, било како секретари, било како други чиновници (без да фигурираат како воени), би направиле многу повеќе отколку лицата кои немаат потребна подготовка за тоа."

Додека ова прашање се уреди, мајор Сираков предлага да се задолжат кнежевските дипломатски агенти во Цариград, Белград и Букурешт да ги собираат потребните информации со свои сили и средства, но по изработен список од Оперативните оддел. Во духот на белешка ВМ и ША се обраќаат за помош до Министерството за надворешни работи и вероисповедта (МВРИ) 3. Треба да минат сепак цели осум години, за да се направи значен чекор кон практичното реализирање на оваа идеја. За тоа време, периодично задушувана од неповолната политичка конјуктура и повторно заживеана под силата на објективните потреби на бугарската воена доктрина и бугарската војска, таа се развива и усовршува во меѓусекторска преписка на ВМ и МВРИ.“

Бугарскиот историчар посочувајќи го извештајот началникот на Оперативниот оддел Р. Сираков, кој децидно говори дека во одделот му доставуваат нецелосни и невистинити или некомплетни собрани информации за состојбата на турската армија и на армиите на соседните држави, станува контрадикторен кога вели дека ја има поддршката на населението и благодарение на соработката со него биле постигнати успеси. Свесен дека Македонците кои се приклониле кон Егзархијата, работат само за себе, а по формирањето на Македонската револуционерна организација за нив, тој се обидува да ја компромитира Организацијата објавувајќи примери за соработка на највисокото членство со бугарската разузнувачка служба.

„Почетокот на структурното оформување на бугарското воено разузнавање во Османлиската империја хронолошки се совпаѓа со раѓањето на организираното македонско-одринското револуционерно движење. Од оваа рана фаза датира и соработката меѓу нив. Првиот, за кого има извештаи дека соработува со разузнавачката служба на бугарската армија, е Ѓорче Петров.

За време на неговото учителствување во Скопје во 1888-1891 година и во Битола во 1891-1896 година, тој лично или со посредници го обиколува и проучува "во секој поглед" Скопскиот и Битолскиот вилает. Податоците се пренесуваат на ВМ, со кое Г. Петров одржува врски при редовните патувања до Софија за време на училишниот распуст, а во 1896 година, собрани и систематизирани, тие се издадени како посебна книга. Содржината - детални орографски, хидрографски, топографски и др. сведоштва за Македонија, како и формата - текст само од едната страна на листот и празна страница за водење белешки од другата, недвосмислено покажуваат чисто практичната насоченост на книгата. Сето ова дава основа на премиерот и министер за надворешни работи и вероисповедта д-р Константин Стоилов да запише на 22 јули 1896 година во својот дневник Г. Петров како "агент на Министерството за одбрана за Македонија" .

Во оваа фаза бугарското воено разузнавање соработува со В ???? и преку посредство на офицерските братства во бугарската армија. Пред заминувањето за Цариград и Македонија во 1896 година Борис Сарафов презеде ангажман пред полковник Стилијан Ковачев од ВМ да собере информации за состојбата на турската армија. По враќањето во Софија тој составува детален рапорт во кој вклучува и информациите добиени "од другарите во Солун" - Пере Тошев, Ѓорче Петров, Гоце Делчев и Иван Хаџи Николов, фактичките раководители на ВМОРО.“ – пишува С. Елдаров.

Во периодот кога Организацијата се обидува да ги обедини сите сили во внатрешноста и во соседните слободни државички за ослободување на Македонија, точно е дека во 1896 година, еден од основачите на ВМРО, Ѓорче Петров, за потребите на бугарската воена разузнавачка служба, прво ја пишува, а нешто подоцна ја објавува книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“. Во неа се вцртани сите тогашни патишта, турски пунктови, шуми, извори на вода, дневна и ноќна клима, како и детали од етнологијата на македонското население. Тогашниот воен министер на Бугарија, генералот Рачо Петров, му предлага на Ѓ. Петров  да му даде стипендија да студира картографија во странство. Но, иако одбива, Петров останува до крај пријателски приврзен и сплотен во борбата за слободна Македонија.

Вазалното Кнежество Бугарија кое формирано во 1878 година, нема право на дипломатски преставништва и отвора трговскипреставништва. За нивното отварање и работа С. Елдаров ќе напише:

„Во 1897 година меѓу Кнежеството Бугарија и Османлиската империја бил постигнат договор за отворање на трговски агентства во Солун, Скопје, Битола, Едрене и Дедеагач. На следната година трговски агентства се отворени и во Цариград и во Сер. Кнежевството веќе има свои официјални претставништва во седум градови на Европска Турција - важни воени, административни и деловни центри на територијата на I, II и ?? корпус. Со стапувањето на должност, трговските агенти почнуваат активно да соработуваат со бугарското воено разузнавање. Записници од нивните извештаи за воени прашања МВРИ редовно доставува во ША. Недостатокот на специјална воена подготовка сепак него даваат очекуваниот резултат. Собраните информации од комерцијалните агенти не секогаш се целосни и точни или не претставуваат воена тајна. Нецелосното користење на широките перспективи кои ги овозможуваат трговските агентства, повторно го става на дневен ред прашањето за организацијата на военото разузнавање. Со писмо од 14 ноември 1897 година, во содржината во која се даваат аргументите од извештајот од пред две години, министерот полковник Никола Иванов и началникот на ША полковник Стефан Паприков сакаат мислење на МВРИ дали во оваа фаза е можно на должноста втори секретари или писари кај трговските агентства во Османлиската империја да се назначат офицери, кои ќе ги извршуваат само наредбите на своето воено началство. Прашањето е доставено и до монархот. Паралелно со ревитализација на старата идеја се прават постапки и за официјалното назначување на воен аташе при бугарската дипломатско агентство во Цариград. Овој обид е веројатно во врска со бугарско-турските преговори во 1897 година, кои достигнаа своја кулминација со посетата на кнезот Фердинанд во Цариград во текот на месец јули. За време на кратката посета на турската престолнина бугарскиот монарх е придружуван од страна на премиерот К. Стоилов и воениот министер полковник Н. Иванов.

Од порано таму се наоѓа за почетната фаза на преговорите акредитираниот мајор Асен Пападопов. Работата во овие две насоки - официјални и неофицијални брзо напредуваа. Одредени се дури по име офицерите за должноста втор секретар при трговските агентства и за функцијата воен аташе при дипломатското агентство во Цариград. Но несогласувањето на турската влада, од една страна, и истекувањето на информациите, од друга, ги принудува ВМ и МВРИ да не дадат дозвола за практичната реализација на оваа идеја и таа повторно тоне во тајните архиви на двете институции. И покрај сето тоа, ША наоѓа можност да ги користи целосно кнежевските трговски агентства во Отоманската империја за своите потреби. Тоа се прави преку неформално привлекување на секретарите на агентствата кон поблиска соработка со военото разузнавање. Во 1897 година на таа должност се назначени луѓе блиски до политички чувства и идеи до В ????, како Тома Карајовов во Битола, Никола Наумов во Скопје, Стаматов во Сер и други. Изборот им е диктиран од интензивните во исто време преговори меѓу владата на К. Стоилов и ВМОРО. ВМ и ША сепак исто наоѓаат начин да ги искористат
од оваа околност и иако без официјална дозвола на МВРИ, ги ангажираат директно секретарите во активностите на военото разузнавање.

Своите извештаи, кои содржат информации за турската армија на Балканот, секретарите на трговските агентства ги испраќаат директно до Оперативното одделение при ША. Во разузнавачката дејност тие широко се искористат услугите на (...) населението во Македонија и Одринско

Интересни информации за содржината и формите на оваа соработка наоѓаме во работната кореспонденција на секретарот на кнежество трговско агентство во Едрене Тома Карајовов. През октомври 1898 година, набргу по враќањето од Битола и непосредно пред заминувањето за Едрене како секретар на тамошното агентство (1897 - 1900), Тома Карајовов се среќава со министерот за одбрана, полковник Стефан Паприков, од кога добива задача да собира воени, статистички, географски и други информации за Одринскиот вилает (I и II корпус). Т. Карајовов ја прифаќа соработката со бугарското воено разузнавање .. и .. за 3-4 месеци .. составува и доставува во Оперативното одделение на ША статистики за населението на Одринскиот вилает, податоци за комуникациите во регионот, скици на утврдувања и други. Информацијата е собрани како лично од него, така и со посредство на месното население...

... Извештаи со податоци за состојбата на турската армија во Скопскиот вилает испраќа и секретарот на трговското агентство во Скопје Никола Наумов (1897). Тесни врски со војската одржува и секретарот на агентството во Солун Стаматов.. Практиката за користење на секретарите на трговските агентства.. открива нов извор за информации пред военото разузнавање, но покрај позитивни страни покажува и некои сериозни недостатоци. На прво место, тоа е недостатокот на системска воена подготовка, својствена и за титуларите на агентствата. Сериозна пречка за целосна употреба на секретарите се покажува и нивната службена зафатеност со работата на соодветните агентства ... “ – пишува бугарскиот автор.

Во 1908 година Бугарија станува самостојна, суверена држава и веднаш ги засилува своите разузнавачки капацитети кон териториата на Македонија и кон источна Србија. Ако се има во предвид ефектот на бугарската армија во двете балкански војни, потоа од организираноста на ВМРО, може да се заклучи дека бугарската разузнувачка служба немале некоја поддршка од македонскиот народ и Организацијата.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.