Среда, 11 Ноември 2015   
Сега ли е време за „решавање на името“?

filip-romanski
Пишува: Филип Романски

Борбата за националниот идентитет е во срцето на секоја светска нација, произлегувајќи од аспирациите на секој народ за национална држава и стимулирајќи ги столбовите на едно здраво општество. За жал, моделот за национална држава кој преовладува кај европските и светските земји е надвор од прашање кога станува збор за аномалната ситуација во која е втурната Македонија. Странските влијанија настојуваат да ја формулираат и манипулираат секоја политичка криза во корист на своите надворешни политики и интересите на своите сојузници, a истовремено прикажувајќи се себеси кроз розови стакла пред македонскиот народ.

Таа макијавелистичка политика на сплеткарење и балканизирање се покажа како успешен алат на Западот во раните години на создавањето на нашата република, за време на експлоататорскиот конфликт во 2001-та и ќе биде користен повторно ако не сме доволно зрели и смели самите да решаваме за сопствената иднина. Затоа што, народ кој нема контрола врз себе – нема авторитет, нема свој глас, едноставно нема идентитет; а народ без идентитет е без култура, без насока, во крајна линија – преодреден да остане без ништо.

Таканаречениот „спор за името“ е зајадлива и хетероклитна конструкција на грчката националистичка политика, очигледно зачнат од грчката десница за стимулирање на шовинистичките комплекси присутни кај грчкиот народ, прераснат во параноичен и бескомпромисен инает кој ја остави Македонија да лута надвор од меѓународните организации, барајќи насока и прифаќање. Во последните неколку дена бевме нападнати со вести дека досега неефикасниот медијатор на озлогласениот спор решил дека е време да се стави крај на прашањето, експлицитно нагласувајќи дека Македонија е „нераскинлив дел од Грција“ и дека со географска одредница би се зачувало достоинството на нашата држава.

Западот апсолутно ја гледа сегашната нестабилност во регионот како понудена ситуација. Така би добиле уште една алка на нивниот ланец земји „сојузнички“ кои се потчинети на нив, истовремено освојувајќи драгоцени стратегиски и политички поени. Но, да не грешиме, тие не гледаат на нас како народ со идентитет, со јазик, со култура и со национална гордост. Да не заборавиме дека во овие две децении одолговлекување, прашањето прерасна надвор од пропорција. Се погласни се апсурдните теории на Грците во Европскиот парламент и другите меѓународни организации околу потеклото на нашиот народ, неонацистичките напаѓања на скоро секој македонски настан во Грција, националното угнетување на Македонците и честото прекршување на договорот за добрососедство од грчка страна.

Македонскиот народ добро треба да размисли дали какво било компромитирање на својот идентитет ќе влијае позитивно или само ќе го остави во стагнација, потчинет на организациите кон кои мечтаеше. Дали Европската унија би го штитела идентитетот кој ќе го продаеме да сме нејзин член? Зошто се доведува нашето потекло во прашање кај највисоките органи на меѓународните институции? На крај, ова не изгледа како аргумент околу името, туку гласен одраз на балканските политики и нивниот гнев за самото наше постоење.

И покрај се, не е бесмислено нашето тежнеење кон Европа. Ние сепак сме европски народ со исти вредности како другите западни заедници. Но реалноста не е еднодимензионална како што сакаат да прикажат пропагандните машини на опозицијата и странските служби, не е тој „сакале или не сакале“ аргумент кој константно ни се повторува.

Да се вратам на првичната точка, Македонците во Македонија и ширум светот настојуваа за суверена национална држава во раните 90-ти, држава која ќе не претставува сите нас на светската сцена, а не марионета на туѓи аспирации. Ние сме тие кои носат одлука за нашата земја. Секое наше оддавање кон странските интереси носи тешки последици во нашето општество, не оддалечува од нашите вредности, страдањата на нашите предци, копнежите на националниот дух, и пак не остава изолирани, надвор од меѓународната мрежа.

Единствениот начин на кој една држава може да се интегрира во меѓународната заедница е со исправена глава. Македонскиот народ нема да ја крене главата со продавање на името и идентитетот, или покажување на некоја „скромност“ кон грчката агресија, ништо од тоа нема да го зачува достоинството на Македонците.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.