Среда, 16 Декември 2015   
Македонецот кој му позајмил пари на австрискиот цар Јосиф II

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Никола Думба, син на доселеник од Егејскиот дел на Македонија, бил индустријалец и либеларен политичар во Австрија, кој останал запаметен по својата донаторска и спонзорска работа. Го сметаат за еден од најголемите покровители на уметноста, колекционер и промотор на музичкиот живот во Виена. Тој одржувал блиски контакти со Јоханес Брамс, Ричард Вагнер и Јохан Штраус (син), а омилен музичар му бил Франц Шуберт. Никола му нарачал на Штраус да го напише прочуениот валцер “На убавиот син Дунав“.

Никола Думба (1830 -1900) е познат македонско-австриски предприемач и мецена. Тој е роден во Виена во семејството на Стерјо Думба, кое потекнува од Егејскиот дел на Македонија. По уништување на костурското село Линотопи од страна на Албанските банди, во 1769 година, неговиот дедо се преселил во Блаца, каде се родил татко му на Никола Думба (Во Блаца бил роден и баронот Костадин Бели – Македонецот). Потоа дедо му со семејството заминал во Сер, а од таму во Виена. Уште во детството Никола и неговиот брат Михаил останале без мајка.

Во периодот од 1848 до 1850 година, за да ги избегнат револуционерните превирања во Виена, браќата живееле во Атина во куќата на австрискиот амбасадор грофот Антон фон Прокеш-Остен. Треба да се спомене дека Никола бил еден од двајцата млади луѓе кои го придружувале за време на неговото крунисување младиот императот Франц Јосиф, кој доаѓа на власт со помош на Русија. Потоа, Никола се сретнува во академската гимназија во Виена, која ја завршил. Таму бил препознаен и охрабрен неговиот хуманистички талент.

Во 1853 година се преселил во градот Татендорф, Долна Австрија, каде купил текстилна фабрика. Постепено го ширел производството, зголемувајќи го семејното богаство. Во 1870 година бил вклучен во политиката.

Во 1885 година од страна на императорот бил назначен за доживотен член на Горниот дом на австрискиот царски совет. Никола станал близок пријател и советник на царот.

Во 1856 година била изградена семејната палата, позната како „Палата Думба“, по проект на познатите виенски архитекти Јохан Романо фон Гинге и Август  Швенденвајн фон Лонауберг во стилот на виенската неоренесанса. Семејната палата на ова македонско семејство која се наоѓа на улицата Рингштрасе, била украсена со дела на познати уметници. Салонот на Палатата Думбас било место за средби на уметничкото и духовно општество на царската престолнина на Австро-Унгарија.

Никола бил личен пријател на Брамс, Вагнер и Штраус. Во неговата куќа на брегот на Дунав, Штраус го напишал прочуениот валцер „На убавиот син Дунав“ и тоа како хорска композиција, за потребите на Виенското машко хорско друштво. Сепак, Шуберт му бил омилен на Никола.

Љубовта кон музиката Никола ја има во својот македонски генетски код.

Од овој период има интересни податоци за контакти на познатите музички имиња и Македонците.

Така на пример, Вагнер кој му бил пријател на Никола, престојувал во Битола три дена во 1878 година во семејството на својот ученик Димитрие Лала, во чија куќа долго време постоел музеј посветен на овој германски композитор. Некогаш таму можеше да се слушне дека во Битола престојувал и унгарскиот пијанист и композитор Франц Лист. Исто така, има податоци дека Македонци учеле кај познатите светски музичари. Оваа љубов кон музиката меѓу Македонците била изразена со купување на музички инструменти, а Битола била позната како град на клавирите.

Во текот на посетата на Грција, каде како млад престојувал за време на немирите во Виена, Никола донирал средства за внатрешно уредување на Универзитетот во Атина. Тој не ја заборавил ни родната земја на својот татко. Тој подигнал сиропиталиште и стручно-техничко училиште во македонскиот град Сер.   

Никола Думба бил член на Академијата за ликовни уметности во Виена, претседател на братството Св. Ѓорѓи во Виена, член на Комитетот за урбан развој на Виена, копредседател на Здружението на пријателите на музиката и т.н. Бил награден со витешки крст, но како и татко му и брат му, ја одбил блогородничката титула.

Никола умира од срцев удар во 1900 година во Будимпешта, а бил закопан во црквата Св. Троица во Виена. Оставајќи со својот тестамент 200 ракописи од Шуберт на градот Виена, тој ги поставил основите на една од најголемите музички библиотеки во светот, денес во составот Виенската градска библиотека. На Виенската хорска асоцијација и оставил 50.000 гулдени, за да се запази оваа благородна уметничка традиција. Во својот аманет вели  „Од време на време да има музички престави во црква“. Оваа воља, во која се изведуваат дела од Шуберт, запазена е до денес.

Инаку Никола во текот на животот дал значителни средства во изградба на австрискиот Парламент, Универзитет,  Академијата на ликовните уметности, во градското собрание во Виена, како и на Палатата на музиката, која била формирана по негова иницијатива, а изградена целосно со негова и донација на неговиот татко.  Тој имал ќерка, а неговиот внук Константин Думба ќе биде последниот Австро-унгарски амбасадор во САД.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.