Среда, 16 Декември 2015   
Запомнете конечно дека Македонија не е српска бановина

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Иако Србија ја има признато Македонија под уставно име, пред неколку дена српските власти на автопатот од „Коридорот 10“ на делницата во изградба од Владичин Хан со Доњи Нерадовац, поставија табла со патоказ кон границата со Македонија на која пишува „граница со ПЈРМ“. На реакција на македонските власти, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, во изјава за српски медиум, ќе каже дека таблата ќе остане и не гледа причини за зебелешки од Скопје, со оглед дека Македонија во УНЕСКО гласаше за прием на Косово.

Македонија и Србија имаат одлична соработка, но изјавата на српскиот министер Дачиќ не е во духот на добрососедските односи. Изјава во која тој вели дека Србија треба да престане да работи против своите интереси, како и тоа дека: „ Србија ја признава Македонија под тоа име (уставно), за разлика од европските држави, но тоа е направено уште под Милошевиќ, во деведесеттите години.“ не враќа во едно време за кое сметавме дека измина.

Трагично е ако еден српски министер заборава на реалноста и размислува на реваншизам што може да се види во продолжение на изјавата каде вели: „Македонија ја призна независноста на Косово, а сега им пречи некаков натпис. Несфатливо е што поголем пријател ни е една Индонезија, отколку некои соседни држави“. Притоа Дачиќ како да заборава се што Македонците имаат направено за српскиот народ за време на војните во поранешните југословенски републики, за време на косовската криза, па и за време на поплавите.

Но исто така, се заборава на сите правокации кои македонскиот народ ги трпи, а кои доаѓаат од српска страна. Лесно е да се каже дека српските политичари немаат влијание врз Српската православна црква, која сеуште не сака да ја признае МПЦ-ОА, но затоа не може да се амнестираат за градење на јавното мислење во кое сеуште се провлекуваат ставови на српската пропаганда од минатиот век.

Довербата тешко се гради, но лесно се руши, особено ако на српските портали сеуште можете да сретнете наслови како на пример од типот „Запомнете конечно дека Вардарска Македонија е Србија“.

Во овој текст објавен во јули 2014 година авторот И.В го пишува следното:

„Во основно училиште се учи дека Стара Србија опфаќа; Вардарска Македонија, Рашката област, Косово и Метохија. Самата област Македонија се дели на три дела: Вардарска, Пиринска и Егејска македонија... Во Македонија од секогаш живееле Срби и Грци, а во текот на средниот век дошле Бугарите, Циганите, Ермените, Евреите, Власите, Турците и на крај Арбанасите. Денешните Македонисти настанаа во процесот на бугаризација со однародување на тамошното српско население. Секогаш позади тоа стоел Западот (Ватикан, Австро-Унгарија, германија, Англија и Италија). Македонија како српска земја подпадна под Турците во 1371 година, после Маричката битка (со неа владеел турскиот вазал Крали Марко), а ослободена е во Балканските војни 1912 – 1913 година и поделена меѓу сојузниците. На Грците им припадна Егејскиот дел, на Бугарите Пирин, а на Србите Вардарска Македонија. Титоистичката власт уште во Јајце на 29 ноември 1943 година ја одредила судбината на Југославија и српскиот народ, а со тоа и на Вардарска Македонија. Сите злосторства над тамошниот српски народ се наградени, а Вардарска Македонија во ДФ Југославија издвоена од НР Србија и создадена посебна федерална единица НР Македонија. Злосторството и геноцидот е продолжен со измислување на грбот, знамето, јазикот, црквата и културата на СР Македонија. По распадот на СФРЈ се создава БЈРМ под патронат на САД и НАТО, како препрека за поврзување на Србите и Грците, а бидејќи Бугарија е слаба, поранешните Срби да ја превземат улогата за злосторствата ја југот на српството. Македонистите изразиле болна омраза према се што е со српско потекло, па дури се здружиле со Албанците, што скапо ќе ги чини. Со омразата кон српството тие ја ослабнаа својата позиција и БЈРМ ја претворија во федерација на Арбанасите и Македонците. Само е прашање на време кога Западот ќе ги пушти Арбанасите на Македонистите бидејќи БЈРМ во овој облик повеќе не им треба.“

Свесен дека најголем дел од горе наведено нема историска поткрепа, дека врз основа на историските извори, вистината за Македонците одамна е излезена, како и тоа дека двата народи, без разлика на државната политика, се поддржуваат и помагаат во историско тешките моменти, авторот не случајно на крај на овој текст вели дека „не се проблем ни Арбанасите, ни Македонистите, ни Бугарите, туку сегашните Срби и нивните политичари кои го прифаќаат овој монструм БЈРМ како држава и Македонистите како нација и уште ги викаат братски. Како што ќе напише „Тие ни се браќа исто толку колку што на Русите им се браќа демоните Украинци од Малорусија. Затоа бара да не се признава геноцидната творба БЈРМ, нацијата, јазикот, државноста, црквата и културата, какои и да се направи нов договор со Бугарите и со поддршка на Русите, Грција и Романија да се победи победникот од станистичкиот судир меѓу Македонците и Албанците.

Овој тип на пропаганда кој многу одамна е виден, може само да загрижува, ако се стави во контекст на изјавата дека и двете земји, Србија и Македонија се наоѓаат на линија на огнот во судирот на Западот со Русија. Ваквите текстови кои шират омраза не се во интерес на двата народи туку на одредена политичка агенда наметната од надвор, а со која се сака создавање хаос на Балканот. Впрочем во геополитичките игри на големите сили некој сака да го врати времето кога се прекројуваа границите на Балканот, а Македонија беше распарчена.

Секој озбилен балкански политичар кој и го сака доброто на својата земја мора да внимава да не создава подлога за ширење на овој опасен шовинизам. Поставувањето на границата со Македонија табла со натпис БЈРМ како реваншизам за признавањето на Косово во УНЕСКО, е акт на неодговорна политика, кој само ги подгрева радикалните структури. Поуките од војните во Босна, Хрватска и Косово, во деведесетите години од минатиот век треба секој да ги има пред себе.

Војната на никој не му донесе ништо добро, освен профит на оние кои ги потикнаа.

Затоа на сите оние кои не му посакуваат добро на македонскиот народ им порачуваме „Запомнете конечно дека Македонија не е српска бановина“.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.