Четврток, 17 Декември 2015   
Јавноста е преосетлива на секоја иритација за името на државата и идентитетот на нацијата

ЗАЕМНО ПРИФАТЛИВО РЕШЕНИЕ И (РАЗУМЕН) КОМПРОМИС, НЕ ЗНАЧАТ НИШТО ДРУГО ОСВЕН ПРОМЕНА НА ИМЕТО!

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Јавноста е преосетлива на секоја иритација за името на државата и идентитетот на нацијата. И не случајно, затоа што Македонија е единствениот заеднички именител и содржател на Македонците и тие кои заедно со нив живеат во државата Македонија. Се разбира, не ретко, името се користи за манипулација, но и како обид за испитување на јавното мислење заради решение поради грчкото вето за членство на Македонија во Европската Унија и НАТО Алијансата...

И врапците веќе знаат дека, не е до името, туку до окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонците од Балканските војни 1912-1913 година, Првата Светска Војна 1914-1918 година, Втората Светска Војна 1939-1945 година и Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, до денес. Меѓу Македонија и Грција отворено е прашањето за државјанствата, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонците од Егејскиот дел на Македонија од времето на сите овие војни.

Македонците простуваат, но никогаш не забораваат! Македонците подаваат рака на македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција, но отфрлаат референдум, ратификација на меѓународен договор во Собранието и амандмани на Уставот со цел промена на државното име Македонија! Крјано, Македонците отфрлаат рекомпонирање на власта и дестабилизација на земјата со цел промена на државното име Македонија!

Како и да е, промената на името на државата по автоматизам значи промена на идентитетот на нацијата, затоа што по меѓународно право името на националноста по автоматизам произлегува од името на државата!

И не е вистина дека нема да биде променето името на државата со додавки и придавки, при композитно сложено име со два и повеќе збора, меѓународно име и име за дома, име за надворешна употреба и име за внатрешна употреба! Секоја додавка и придавка на името Македонија, секоја композиција односно сложено име со фусноти, точки, загради и цртички, со било какви интерпукциски знаци, секоја манипулација со меѓународно име и име за дома, име за надворешна употреба и име за внатрешна употреба, ПРЕТСТАВУВА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА!!! Народот повеќе не се лаже!

Референдум за името на државата е можен само ако веќе некој прифатил негова промена! Тој што во име на Владата прифатил промена на името на државата, референдумот треба да го распише со одлука на Собранието. Референдумското прашање со променетото име на државата треба да го усвои Собранието. Како (?) владината коалиција ќе ги убедува народот и граѓаните да гласаат против референдумското прашање, со каква кампања (?) кога нејзините пратеници ја донеле одлуката за распишување на референдумот и го утврдиле променетото име на државата во највисокиот законодавен дом - Собранието? Како ќе се оправда Владата и парламентарното мнозинство пред судот на народот и историјата, ако во Собранието веќе го изгласале референдумското прашање со променетото име на државата?

На крајот на краиштата, како воопшто пратениците, самоиницијативно или на предлог на Владата, ќе стават точка на дневен ред за референдум со променето име на државата (?) во чие име (?) и пред чиј Устав (?) ако се знае дека кога ја преземале должноста, се колнеле односно давале свечена потпишана изјава дека ќе ги почитуваат Уставот и законите на државата Македонија?

Патем, зошто референдум за името на државата, ако народот и граѓаните во апсолутно мнозинство на референдумот од 8 септември 1991 година веќе гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки? А, одлуката на референдумот, во согласност со Уставот, е задолжителна за сите, без исклучок!

Владата и пратениците не смеат да заборават, а треба да знаат, дека Македонија не договара промена на името во Обединетите Нации! Македонија не договара меѓународно име што ќе го замени временото обраќање во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации! Владите во Скопје и Атина разговараат само за разликата за името Македонија! Владата и пратенциите не смеат да заборават, дека временото обраќање во Обединетите Нации (The former Yugoslav Republic of Macedonia) не е меѓународно име на државата Македонија (!) туку само и ништо друго, освен времено обраќање, додека траат разговорите за разликата за државното име Македонија!

Ако Владата на Македонија прифати взаемно прифатливо решение за името како разумен или каков сакате компромис со Владата во Атина, тоа ќе биде ветување пред “меѓународната заедница“ со гаранција за “успешен“ референдум, каков што “успешен“ беше и референдумот на 7 ноември 2001 година за територијалната организација на локалната самоуправа.

Ако променетото име оди на референдум со одлука на Собранието, зарем верувате дека партиите чии пратеници го изгласале референдумското прашање ќе водат кампања, народот и граѓаните да гласаат против променетото име на државата Македонија?

Не, напротив, партиите чии пратеници го изгласале референдумското прашање со променетото име, ќе го бранат решението и самите тие ќе ги убедуваат народот и граѓаните, дека со промената на името на државата не се губи идентитетот на нацијата и дека промената на името не е негова промена, туку гаранција за интегритетот и суверенитетот на државноста!

Самите тие ќе ги обвинуваат за предавници и виновници сите кои се против било каква промена на името на државата, дека со нивното однесување и спротиставување ја рушат државноста на Македонија! Затоа и изолацијата, дискредитацијата и елиминацијата на сите кои отфрлаат референдум за промена на државното име Македонија!

Во врска со објавите на британскиот весник Гардијан го чувеме и демантот на премиерот Никола Груевски: “Јас повеќе од десет години давам една стандардна изјава околу ова прашање, за сите медиуми и домашни и странски. Тоа е дека сакаме да отвориме дијалог со Грција, сакаме да имаме дијалог со Грција, дека сакаме да најдеме некое решение и да најдеме некаков компромис со којшто ќе се надмине проблемот. Какво и да најдеме решение, тоа ќе го изложиме на увид и согласност на граѓаните на организиран референдум. Тоа го говорев и во 2005, тоа го говорев и во 2008, тоа го говорев во 2012 и сега во 2015. Тоа го говорам и тука кога ме прашувате во Македонија, тоа го говорам и кога ме прашуваат странски медиуми. Зошто некој сакал од сето тоа да извлече друг наслов, поинаков наслов, нешто што не сум го говорел, сигурно има некаква причина!“

Секако, прифатлив е дијалогот и соработката меѓу Македонија и Грција, но никој никого не овластил да договара компромис или решение за името! Народот не бара заемно прифатливо македонско-грчко решение за името, ниту бара референдум за ново име на државата! Премиерот за компромис говореше и во 2005 и во 2008 и во 2012 и во 2015 година, но тоа не значи дека не згрешил! Ако премиерот вели дека е лага објавата на Гардијан “Македонија е отворена за промена на нејзиното име за крај на 24 годиниот спор со Грција“, тогаш што значи заемно прифатливо решение или компромис за името, ако не негова промена! И џабе ќе биде маратонот од 24 години, ако на целта маратонецот го донесат во ковчег за гробишта!

Ниту една власт, ниту еден мандат, ниту еден живот не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Игрите со името на државата се атомска бомба за Македонците и за Македонија, промената на името ќе го дестабилизира Балканот во целина! Ќе ги воскреснат гемиџиите и солунските атентатори, комитите и ајдутите, ќе го “запалат“ Балканот, ќе “гори“ Европа во пеколот!

И покрај се’, потребен е драстичен пресврт за името, едно е и единствено, решението: Само Македонија и ништо друго освен Македонија, за дома и за цел свет, крај на разговорите за разликата за името со Грција, и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под единственото име Македонија, сега и веднаш, безусловно и безрезервно! Ова треба да го каже секој претседател, премиер, министер и пратеник, судија и обвинител, градоначалник и советник, секоја власт во Македонија!

Македонија, само Македонија и ништо друго освен Македонија, од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Амин!

 
 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.