Среда, 23 Декември 2015   
Син на македонски преселеници реформатор на образованието во Хабзбуршкото и Руското царство

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Меѓу имињата на македонски благородници во европските  земји во периодот од XV- XVIII век, го сретнуваме и името на Теодор Јанкович Маријевски (17.IV 1741 – 3. VI 1814). Син на избеглици од Македонија прво живее и работи во Австрија, а потоа на повик на царицата Екатерина II, како и многу други Македонци претходно, заминува во Русија. Таму ја продолжува својата работа со реформи во основното образование и добива наследна титула, па на своето презиме додава Миријевски, по местото од каде потекнува неговото семејство.

Претците на Теодор Јанкович, бегајќи од зулумот на Турците во Македонија се населуваат прво во селото Миријево во околината на Белград. Во историјата е познато дека по задушувањето на Карпошовото востание и втората Мариовска буна во 1689 година, еден дел од населението од Македонија, се повлекува со австриската војска преку Сава и Дунав под раководство на пеќскиот патријарх Арсениеје Черноевиќ III. Подоцна нова група преселници од Македонија се преселила на австриска терторија предводена од патријархот  Арсение IV Шакабанда. Меѓу преселниците имало голем број Македонци кои се истакнале во Војводина.

Легендите и името на селото Мириево, каде родителите на Теодор за првпат се населуваат, говорат дека тоа е формирано кон крајот на XVII или почетокот на XVIII  век од бегалци од Македонија кои бегаат од високите даноци и зулумите на Турците. За тоа говори и името, кое според една верзија името доаѓа од бегалците од кичевското село Мирово, а другата говори дека се работи за бегалци од Мариово кои се иселуваат по Втората мариовска буна (1688/89).

Семејството на Тедор, како и могумина Макеонци, привлечени од поволностите кои ги дава Австриската држава ја поминала реката Сава и конечно се населиле во Сремска Каменица. Теодор се родил на 17 април 1741 година во Сремска Каменица, во имотно македонско семејство. Основната писменост ја стекнал кај приватни учители во родната куќа, а по покажаната желба, интерес и способност да учи, родителите му овозможиле да го продолжи образованието. Теодор прво учел во Латинското училиште во Сремски Карловци, а по неговото завршување се школувал во протестанскиот лицеј во Коморан. Потоа продлжил да студира на Универзитетот во Виена каде завршил правни и филозофски науки.

Во прво време останува во Виена во служба на полковникот Фекети. Во овој период во цела Европа се отвараат мноштво граѓански училишта, кои се достапни за децата без разлика за класната припадност. Бидејќи на подрачјето на денешна Војводина постојат околу 270 училишта, кои се во незавидна состојба, со одлука на Илирската дворска делегација во 1773 година бил назначен  за директор на илирските (српски и романски) училишта во Банат.

Иако се стекнал со највисоки школски квалификации кои тогаш можеле да се добијат, по назначувањето на новото место, во 1776 година Теодор го посетувал и завршил педагошки курс кај Фелбигер. Потоа го превел Филбигеровиот Норматив и по неговиот принцип ги организирал курсевите. Истата година, со негова заслуга бил донесен Училишниот устав за православните училишта, со кој потоа се извршени реформите во српските и романските училишта во Банат, а кој во наредната година ќе биде пример сите училишта во Унгарија.

Уставот на Теодор бил напишан на народен јазик.Со него училиштата биле ставени под државен надзор, биле препишани возраста на децата кои мораат да посетуваат училишта, режимот на наставата, програмата, квалификациите на учителите и пристапот кон учениците. Во целата работа имал поддршка од царицата Марија Терезија.  

Својата работа ја продолжува во Темишвар, каде бил личен пријател со темишварскиот епископ. Пишува книги како прирачници за учители, првата српска читанка и буквар на кирилица. За својата работа австриската држава му доделува благородничка титула. Во 1781 година, поради противење на унгарските власти и феудалци, напишал референдум на Виенскиот двор во кој се противи за латинизацијата на илирските книги.

Наредната 1782 година, на повик на царицата Екатерина II, Теодор како и многумина Македонци претходно, заминал во Русија. Таму, добива наследна благородничка титула и имот Норк во Могиљевската губернија во Белорусија.  Сега како руски благородник, Теодор на своето презиме го додава „Миријевски“, по местото од каде потекнува неговото семејство.

Царицата Екатерина го поставува Теодор Јанкович Миријевски за директор на основните училишта во Петроградската губернија. Тој работи на реформа на основните училишта и со негова заслуга бил формиран Завод за подготовка на учителите. Мириевски бил поставен за управник на Заводот, кој потоа прераснува во Учителска семинарија и во Педагошки институт (1804). Мириевски учествува и во создавањето на Уставот на народните училишта во 1786 година и го формирал првото Министарство за образование на Русија. За своите заслуги Теодор станал член на Руската академија на науки.

Синот на македонските иселеници Теодор Јанкович Миријевски, филозов, педагог и реформатор на образованието во Хабзбуршкото и Руското царство, умира на 3 јуни 1814 година во Петроград и бил погребан кај црквата Александар Невски.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.