Среда, 06 Јануари 2016   
Во редовите на македонската армија грчкиот бил странски јазик

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

„Александар (Македонски) ги цензурирал писмата, кои мажите од неговата армија им ги испраќале на своите роднини во Македонија. Со какво писмо биле напишани овие писма?

Во редовите на македонската армија грчкиот бил странски јазик. Треба ли да претпоставуваме дека некој требало да ги преведува зборовите на војниците и да ги запишува на грчки, а потоа роднините во Македонија би требало да бараат услуги на преведувачи, за да разберат какви вести им испраќаат сопружниците, синовите и татковците од далечните места? Зарем не им било многу поедноставно на Македонците да се користат со својата илјадагодишна фригијска (трако-пелазгијска) азбука, или пак која и да е друга азбука, наместо во недостаток на време да се занимаваат со тешка, скапа и во случајот непотребна работа како што е преведувањето?“ – се прашува авторот Георги Сотиров во својата студија „Чие е писмото Линеар Б“.

Веќе пишувавме за бугарскиот автор Георги Сотиров кој во времето на „зрелиот“ социјализам емигрирал во Канада. Таму издава повеќе дела од истражувањата од бугарската античка историја. Во 1986 година во Канада го објавува истражувањето „Јазикот на Константин Велики“, заедно со монографијата „Elementa Nova Pro Historia Macedono-Bulgarica", G. Sotiroff, Regina, Lynn Publishing Co., Saskatchewan, Canada, 1986.

Истражувањето е насочено кон откривање на информации за јазикот, обичаиите, системот на имињата и другите културни слоеви поврзани со античките Македонци, кои создале обемна држава во 5-4 век п.н.е и дале поттик на сите цивилизации меѓу Рим, Египет и Индија.

Сотиров во својата книга „Убиството на Јустинијановиот идентитет“, успешно го брани хрватскиот бискуп Иван Т. Марнавиќ (1580 - 1637) кој е нападнат од современите историчари за резимето на житието за Управда / Јустинијан напишано од неговиот учител отец Богомил. Поаѓајќи од првичните извори и преку помошните средства на ономастиката Сотиров не само што успева да го ослободи Марнавиќ, туку и да посочи на значителни грешки, како фактолошки, така и методолошки во вледеачката историографија.     

Исто така тој ја истражува прадревната писменост на Балканот. Во книгата „Кому му припаѓа линеарното Б“, тој ја разгледува интеракцијата меѓу затекнатите наши претци Трако-Пелазгите (на место насловени Фриги) и првите елински доселеници за времето на Хомер. Тој е еден од оние истражувачи кои сметаат дека древните Македонци и Траките се исти Славјански племиња кои на Балканот живеат многу пред да се населат Елините и дека до денес го задржале својот јазик.

Во својот труд „Кому му припаѓа линеарното Б“, Сотиров дава интересни согледувања и овде ќе пренесеме делови од неговиот труд. Во четвртото начело „Фриги и Пелзаги“, ако го исфрлиме делот каде се држи до пробугарската теза дека сите се тракиски племиња, тој сепак отвара многу прашања и повикувајќи се на античките извори успешно ги рушат прогрчките теории. Во овој дел, тој меѓудругото пишува:  

„Кои биле Фригите (или Фригијците) кои во времето на Тројанската војна си ги испишуваа имињата на своите штитови, праќале писма до своите роднини, како и си запишувале различни предвидувања? Страбон одговара: "Фригите се Бриги, тракиски народ." Херодот потврдува дека "според зборовите на Македонците, овие Фриги се нарекувале Бриги додека живееле во Европа, и биле соседи на Македонците. Но откако некои си смениле живеалиштето и отишле во Азија, името исто им претрпело промена и станале Фриги ".

И така, откриваме две тракиски племиња кои живеат во соседство - Фриги и Македонци. Што друго можеме да научиме за нив? Помпеј Трог ни кажува категорично дека во старите времиња државата на Македонците се викала Ематија, а нејзиното население - Пелазги. Тоа било пред 757 година пр. Хр., за кога се тврди дека македонската држава била организирана од Каран. Некои градови во Тракија и Македонија сепак продолжуваат да бидат нарекувани "Пелазгијски" дури до Пелопонеската војна, по што оригиналното име постепено изчезнува.

Од она што е познато за Пелазгите, изгледа дека тие биле луѓе со висока култура и писменост. Имало десетици пелазгијски населби на планината Атос, .. по егејските острови и во Мала Азија. Херодот вели дека само Тракијците ги научиле Кабиријските церемонии од Пелазгите. Тоа е многу важно, бидејќи се верувало дека Прометеј - вешт со железото -  произлегувал од Кабирите, а пак неговиот брат Атлас бил прочуен астроном. Херодот додава дека Пелазгите можеле да добиваат жетва од предходно неплодно земјиште, што предизвикувало завист кај Грците, а исто така и дека атинскиот Акропол бил изграден од пелазгијски архитекти. Веќе го спомнавме фактот дека во еден момент Пелазгите владееле со морето, што значи дека биле вешти во изградба на бродови и навигација. Хомер ги познавал Пелазгите во Додона, како и оние од Крит, и ги нарекува dioi, односно неверојатни или богоподобни. Бидејќи Пелазгите и Македонците биле ист народ, и слично на Фригите, претставувале уште едно тракиско племе, многу е веројатно да ја користеле фригијската писменост, која би можеле да ја нарекуваме и трако-пелазгијска.

Некои експерти сигурно ќе бидат изненадени откако ќе слушнат дека Тракијците биле писмени. Предрасудите и затемнувањата во овој поглед се зајакнати до таа мера, така да дури и човек од калибарот на Томашек успеал да се самоубеди дека Тракијците и не стигнале до степен на писменост. Речиси е фантастично дека ова верување е наметнато и на инаку добро информирани и непристрасни студенти, ако се има во предвид дека на територијата на Античка Тракија се откриени неколку илјади натписи, од кои повеќето датираат од 5 или 6 век пр.Хр. Овие натписи се врежани во колони, олтари, на ѕидовите на храмовите и надгробни плочи. Веродостојно ли е да веруваме дека овие луѓе кои минувале секојдневно покрај овие натписи, отслужувале литургии пред овие жртвеници, а ниту за миг не ни помислиле да пишуваат? Откриени се и купишта монети со имиња на тракиски кралеви или народи, некои од нив испишани во насока од десно кон лево, што покажува дека се направени во текот на 6 век пр. Хр. или постари. Може ли еден непристрасен или чесен човек да каже дека Тракијците можеле да напишат зборови (имиња) на метални парички, а немале разум да се досетат дека би можеле да напишат истото или друго на плочки, брезови кори, пергаменти или папируси ?

Кога се разгледаат овие работи, идните елинисти да не заборават на фактот дека еден од грчките зборови за "плочката за пишување" е deltos, а тоа доаѓа од тракиски јазик. Доаѓа од зборот, чиј корен (del-) значи "делкам" или "дело" (работа). Дури писател како Андротион кој не ги сакал европските Тракијци, дава категорично информација дека Тракијците во Мала Азија биле писмени. Имаме и сведоштвото на Велеј Патеркул кој творел во времето на Тибериј, дека Пајонците умееле да се служат со буквите и со "нивната примена за повикување на духот". Пајонците се уште едно од тракиските племиња и има верување дека тие се тројански колонисти. Император Јулијан пак забележал дека Венетите, уште едно тракиско племе, имале посебна буква во својата азбука што соодвествувала на звук што недостасувал кај Грците. Патријархот Фотиј споменува барем еден автор, кој се користел со тракиски книги за време на владеењето на царот Хераклит, односно во 7 век по. Христа.

Друг важен момент е дека тракиската писменост не беше новина. Еврипид зборува за "тракиски таблички, напишани од пејачот Орфеј". Да се ​​потсетиме дека Орфеј пишувал поезија, од која дел е цитирана од Филохор и Платон. Подоцна Диодор, Макробиј и Јован Малала исто цитираат поезија од Орфеј, имајќи ги сите основи да веруваат дека е автентична. Според Помпеј Трог, токму Орфеј во религиозните мистерии му ги посветил на царот Мида, кои пак ги ширел низ цела Фригија. Каква причина би можеле да имаме, за да се сомневаме дека заедно со верските правила не се ширела и трако-пелазгијската писменост ... при тоа меѓу сродни племиња како Пелазгите, Фригите, Мизите, Витините и другите тракиски заедници?

Квинт Курций истакнува дека за време на азиски походи Александар ги цензурирал писмата, кои мажите од неговата армија им ги испраќале на своите роднини во Македонија. Со какво писмо биле напишани овие писма? Во редовите на македонската армија грчкиот бил странски јазик. Треба ли да претпоставуваме дека некој требало да ги преведува зборовите на војниците и да ги запишува на грчки, а потоа роднините во Македонија би требало да бараат услуги на преведувачи, за да разберат какви вести им испраќаат сопружниците, синовите и татковците од далечните места? Зарем не им беше многу поедноставно на Македонците да се користат со својата илјадагодишна фригијска (трако-пеласгијска) азбука, или пак која и да е друга азбука, наместо во недостаток на време да се занимаваат со тешка, скапа и во случајот непотребна работа како што преведувањето?

Имало ли други азбуки кои македонските војници распоредени во Мала Азија, можеле да го користат за пишување писма?

Имаме категорично уверување на Диодор дека Евмен составил писмо што го напишал со "сириски букви". Што значи "сириски" во овој контекст? Диодор бил добро запознаен со феникиската писменост и не можел да ја има во предвид "феникиската" кога пишувал "сириски". Одговорот на прашањето треба да се бара на местото на дејството. Евмен пишувал во Ерменија, која е соседна на Кападокија. А "Сиријците", ни вели Херодот, "е името со кое Грците го нарекуваат жителите на Кападокија". Изгледа дека Евмен можеби го напишал прочуеното писмо со кападокијски букви. Ова е интересна веројатност, бидејќи освен со Ерменија, Кападокија граничи и со Фригија на запад, и со Пафлагонија на север. Токму од Пафлагонија се верува дека Венетите тргнале кон засолнатиот крај на Јадранското Море, каде создаваат своја колонија со прочуениот град Венеција. И така, ако Евмен не пишувал со клинесто писмо, тој мора да користел фригијско (трако-пелазгикска) азбука, користена од луѓето, меѓу кои се наоѓале тогаш. Македонските војници дефинитивно исто користеле фригијско писмо, кое било и на роднините во татковината.“ – пишува Сотиров во својот труд „Кому му припаѓа линеарното Б“.

Георги Сотиров во овој дел го потврдува фактот дека Македонците имале свое писмо кое има длабоки корени многу пред Грците и дека тоа писмо се користело од сродните племиња на Балканот. Инаку треба да се напомене дека голем број на современите историчари сметаат дека Македонците се етнички супстрат од предгрчките Индоевропејци, чиј етнички состав го сочинувале некои средно-балкански племиња меѓу кои се вбројуваат: Пелзагите, Пајонците, Пелагонците и Бригите.   

(продолжува)

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.