Коментари

Србија и Грција преземаат се за да спречи создавањето на автономна Македонија

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Прашањето на иднината на Македонија на меѓународен план станало многу актуелно во текот на 1918 година. Во престолнините на големите сили на Антантата, особено во Британија, живо се размислувало за создавање на автономна Македонија под заштита на големите сили. Соочени со можноста од едно вакво решение по прашањето за Македонија, српската и грчката влада преземаат се за да не дојде до создавање на автономна Македонија.

Уште за време воените крварења на бојното поле за време на Првата светска војна, спротивставените страни се спремаа за идната мировна конференција на која ќе можат да го легализираат својот грабеж на туѓи територии. Во рамките на тие припреми се работело и на плановите за грабеж на Македонија.

Прашањето на иднината на Македонија на меѓународен план станало многу актуелно во текот на 1918 година. Во престолнините на големите сили на Антантата, особено во Британија, живо се размислувало за создавање на автономна Македонија под заштита на големите сили. Дури во некои периоди 1918 година во таа смисла водени преговори за сепаратен мир со Бугарија. Меѓутоа, по Октомвриската револуција во 1917 и со излегувањето на Русија од војната, раговорите биле водени на сметка на Македонија. За да се придобие Бугарија и извлече од Централниот сојуз, големите сили започнале да прават комбинации на сметка на Македонија.

Во разговорите за потпишување на сепаратен мир, големите сили  на Бугарија и нуделе две алтернативи. Во првата се предвидувало на Бугарија да и се остапи делот на Вардарска Македонија источно од реката Вардар и втората, која била разгедувана особено во првата половина на 1918 година, Македонија да се организира како автономна државна единица на Балканот под заштита на една од големите сили. Со таа намера, во пролетта на 1918 година во јужните делови на Македонија била организирана  обемна анкета, чија цел била да се согледаат географските, стопанските, етничките, верските и други карактеристики на Македонија.    

Ваквиот третман на иднината на Македонија од страна на големите сили на Антантата предизвикала остра реакција на српската и грчката влада, кои не биле подготвени да го изгубат стекнатото со Букурешкиот договор.

Соочени со перспективата на едно вакво решение по прашањето за Македонија, српската и грчката влада превземаат се за да не дојде до такво решение. Србија го активирла режимот на специјалните уредби од 1913 година во Македонија. Главна основа на српската политика за решавање на територијалните проблеми, според која не смеело да има никаква дискусија на кого ќе му припадне Вардарската долина, ја  изработил Пашиќ во април 1918 година. Тој сметал дека не треба и не може да стане збор за македонската територија која Србија ја присвоила за време на балканските војни. Спротивно на тоа, тој истакнувал дека треба да се води борба за добивање на „стратешка граница“, односно за понатамошно територијално проширување на Балканот.

Пашиќ наместо остапување на делот на Македонија на Бугарија, тој на своите дипломатски преставници им наредил да се залагаат, како минимум гранични територии со Бугарија, на Србија да им припадне територијата по долината на реката Струма, а како максимум граница „со која би биле опфатени сите Македонци“. Сепак, во случај на краен притисок на големите сили на Антантата, српскиот пратеник требал да предложи алтернативно решение, со кое се предвидувало создавање на автономна Македонија, вклучувајќи го тука битолскиот и солунскиот вилает, без големиот округ. Но тоа било последно режение.

Генерална линија на територијалните проблеми била линијата која ја изработил Пашиќ. Со неа српската делегација настапила на Мировната конференција во Париз, а со слична концепција настапила и грчката влада.

Се разбира, ваквиот став на српската и грчката влада за територијалниот проблем со Македонија не значи дека бил доволен за да тоа прашање биде тргнато од дневниот ред. Напротив, активноста на македонската емиграција во Бугарија, Швајцарија и други земји во Европа и Америка, која за своите барања не само што успеала да ги придобие симпатиите на голем број истакнати личности во светот, туку и тие да се ангажираат за создавање на автономна Македонија, го држела ова прашање отворено се до потпишување на договорот со Бугарија на 27 ноември 1919 година.

Особено во тој поглед се истакнала дејноста на емигрантските кругови на Серскиот револуционерен округ. Тие уше во октомври 1918 година излегуваа со „Декларација за решавање на македонското прашање“ врз база на обновување на интегралниот дел на Македонија и нејзино изградување во автономна држава. Како резултат на нивното делување дошло до обединување на сите прогресивни сили на емиграцијата во Бугарија и на 9 март 1919 година излегуваат со заеднички апел, во кој уште еднаш ги афирмираат барањата за обединета самостојна Македонија со цврсти меѓународни гаранции и постојана неутралност.  

На тоа допринесувало и залагањето на бугарската влада, која и покрај изгубената војна настојувала да ги заштити своите територијални аспирации према Македонија. Исто така, уште повеќе допринесуваа и противречните интереси на големите сили на Антантата, кои прашањето за иднината на Македонија постојано го држеа отворено, како за време на војната, така и за време на Мировната конференција. Најпосле, во сето ова, голем придонес имала и нестабилната состојба внатре во новата држава на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (1.12.1918 – 29.111945), која била потресувана од револтот на масите. Поради тоа и признавањето на новата заедница било одложувано се до мај, односно до потпишување на Версајскиот договор на 28 јуни 1919 година.

Дискусиите на Мировната конференција за Македонија изгледа дека официјално започнале после потпишувањето на Версајскиот договор, кога на дневен ред дошло составувањето на мировниот договор со Бугарија. После тоа проблемот бил изложуван надвор од Конференцијата. Во тоа била најактивна македонската емиграција чие главно барање било изразено со активноста на Пол Христов или Генералниот совет на македонските друштва во Швајцарија, чие барање било создавање автономна Македонија во нејзиниот географски обем и под заштита на големите сили.

Сепак, Големите сили се оглушија од барањата на Македонците и уште еднаш му нанесоа голема неправда на несреќниот македонски народ. По Првата свестска војна силите на Антантата ја санкционира поделбата на Македонија од Букурешт во 1913 година, а од земјата создадоа буре барут кое секогаш може да експлодира.

Стотина години потоа Европа повторно ги прави истите грешки. Истите сили, денес повторно си играат со судбината на единствениот слободен дел на Македонија и со својот однос, особено заради Грција, повторно ја доведуваат земјата во состојба која може да експлодира и да го зафати целиот регион и пошироко, вклучувајќи ја и самата Европа.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top