Коментари

Опозицијата со своите постапки ја уништува македонската држава


Свекрва

Опозицијата предводена од СДСМ, која со своите постапки ја втурна земјата во политичка и безбедносна криза, секојдневно покажува дека нема капацитет за мирно и конструктивно разрешување на наметнатите проблеми во интерес на народот. Нејзиното не почитување на вољата на народот, потоа континуираното избегнувајќи да се соочи со него на предвремени парламентарни изборите,  како и постајаните обиди да дојде на власт преку деструкција и создавање на хаос, укажува на недостаток на демократски капацитет кај опозицијата.

Опозицијата предводена од Зоран Заев користејќи разни оправдања уште еднаш избега од избори закажани за 4 јуни. Со овој чин таа не само што ја продолжи политичката и безбедносната криза во земјата, туку му го оспори и демократското правото на народот да одлучува за тоа кој треба да ја води и во каква држава сака да живее. Тоа што најмногу загрижува, е што СДСМ кој со своите постапки долго време работи во интерес на некои други надворешни фактор, не само што го одзема правото на народот да одлучува, туку го уништува постоечкиот домашен поредок, македонските власти и македонската држава.

Сосема се видливи тенденциите за уништување на македонската држава од страна на челниците на опозицијата и соросовите платеници, кои преку т.н. „шарена револуција“, продолжуваат со секојдневното напаѓање на личности од актуелната владеечка партија и институции на системот, како и со најави за радикализирање на нивното дејствување кое би требало да резултира со формирање на некаква техничка влада.

Според нив, целта на ова радикализирање е да се формира техничка влада која би ги спровела реформите, по што би се одело на избори во октомври или на пролет идната година заедно со локалните. Ако се има во предвид дека опозицијата предводена од Зоран Заев, покрај нападите врз раководството на ВМРО ДПМНЕ, континуирано цели на контролата на медиумите и прочистување на избирачкиот список, тогаш е сосема јасна нивната намера. Нивниот удар е насочен кон владеачката партија, македонската дијаспора и македонските медиуми, како едни од најревносните заштитници на името, идентитетот и македонската држава.

Дека главната цел на опозицијата и нивните домашни и надворешни поддржувачи е името, идентитетот и македонската држава, покажува секојдневното уништување на спомениците кои ја преставуваат македонската историја, потоа кршењето на народната канцеларија на претседателот на државата, какои и фрлањето на бои врз зградите на македонската законодавна, извршна и судска власт – темелот на македонската државност.

Протестите на опозицијата и невладиниот сектор, како и медимските кампањи се поддржани со големи парични средства од надвор, а кои најчесто доаѓаат од Соросовата фондација и други меѓувладини организации од т.н. демократски земји. Но тука воопшто не се работи за демократија, туку за завладување на овој простор.

Со отворена материјална и друга поддршка, овие сили сакаат преку протестантите да го уништат постоечкиот поредок, да му го одземат правото на глас на македонскиот народ и преку опозицијата да воведат повисок степен на тиранија (еднаш веќе виден), односно тотална контрола врз македонската земја. Ова значи дека власта и македонската држава треба да се уништат за да им овозможи преку марионети да ја контролираат оваа територија која е раскрсница меѓу Средна Европа и Блискиот Исток.

Паричните средства веќе ги користат разни провокатори кои се програмирани не само да протестираат и да ги уништуваат спомениците и зградите на институциите, туку и да започнат граѓански немири. Преку нив треба да се поткопа постоечкиот поредок. Но, бидејќи истиот долго е создаван од истата мрежа, сега им треба соработка на нови корисни идиоти, наивни луѓе, кои не сфаќаат дека одат директно во стапица. Всушност, секоја револуција во историјата, па и за „шарената револуција“, се одвива по истата шема. Како никој да не сака да разбере дека радикализацијата која ја најавува опозицијата и која води кон хаос, во најекстремните случаи може да донесе и воведување вонредна состојба со која носи повеќе ограничувања на тешко извојуваните демократски права и слободи.

Поддржувачите како Сорос, кои немилосрдно фрлаат средства на опозицијата, сакаат на власт да донесат гарнитура која во случај на економска криза или војна преку полицијата ќе ги контролира масите. Исто така гарнитура за контрола на масите, кога за да задоволат своите и други интереси, ќе го менуваат  името, идентитетот или ќе ја парчат земјата.  Не случајно СДСМ преку Пржинскиот договор бараше и на 11 ноември 2015 година го постави својот генерален секретар Оливер Спасовски за технички министер во МВР.

Во ова борба за зачувувањето на слободата и демократијата во земјата застана ВМРО ДПМНЕ предводен од Никола Груевски, зад кој стои најголем дел од македонскиот народ. Зачудувачки е што и Албанците засега не наседнаа на ветувањата за федерализзција и поделба на земјата. Тие сватија дека барајќи многу повеќе можат да изгубат се што имале досега, а тоа се слободата и правата, какви што никаде ги немаат.

Владеачките партии денес заеднички ја водат ботката против челниците на СДСМ и соросовите граѓански здруженија, кои со своите постапки ја уништува македонската држава Кон нив се повеќе се придружуваат и членови на СДСМ, кои се спротивставува на политиката на распарчување на земјата промовирана од страна на лидеротна опозицијата. Сите тие се свесни дека најдобро е да не се реагира со насилство против државата и меѓусебно. Всушност на сите им е јасно, освен на Заев и тие околу него, дека со радикализација и насилни протести не може да се решат проблемите, а тие само носат воспоставување на уште поголема официјална или неофицијална пресија!

Во случај на таква реакција сите ќе изгубат, а ќе профитира само оној кој од надвор тоа го потикнува и финансиски го потпомага. Затоа најдобро е опозицијата да се откаже од соработка со нив, а внатрешните проблеми да се решат ненасилно со меѓусебен дијалог. Притоа е најдобро да се отфрлат измислените граници кои не делат како религијата, етничката припадност, класната разлика или припадност на политичката опција. На крај сите ние сме деца на Македонија и треба заедно да се бориме за нашата слобода, за ова парче земја, за оваа наша македонска држава.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top