Коментари

Дали светите браќа Кирил и Методиј биле потомци на античките македонци?

about-st-kiril-and-metodij-school-bitola-macedonia-1

about-st-kiril-and-metodij-school-bitola-macedonia-1

  • Византиските документи јасно потврдуваат дека во времето пред и по раѓањето на светите браќа Кирил и Методиј, доминантно население во нивниот роден град Солун биле потомците на античките Македонци!
  • Зошто кај нас мнозина учени се плашат да го спомнат македонското етничко потекло на светите браќа?

Во овој текст ќе спомнеме неколку размислувања во врска со етничкото потекло на светите браќа Кирил и Методиј. Во нашата официјална историографија (училишни учебници и сл.) се учи дека по доаѓање­то на т.н. „Македонски Словени“ од нивната пра­татковина зад Карпатите, некои од нив се населиле во Солунско и, во сре­дината на 9 век, светите со­лун­ски браќа Константин (Кирил) и Методиј, ка­ко на туѓ народ, им пода­ри­ле азбука. Уште и се учеше дека нивниот татко Лав бил „Грк“, но дека нивната мајка Марија (најверојатно) била „Словенка“, па оттаму тие го знаеле словенскиот јазик. Навидум нема ништо чудно во сето ова и вак­­вата теорија се пре­несуваше и препишуваше низ генера­ци­ите исто­ри­­чари и публи­цисти, без некои посериозни и посеопфатни обиди за пре­ис­питување на иста­та. Но, доволно е оваа теорија да се проанализира во мал­ку по­ши­­рок кон­текст на настаните од тоа вре­ме за да се откријат неколку крупни нело­гич­ности во неа.

Да почнеме со таткото на Светите браќа по име Лав. За потеклото на светите браќа, во Жи­тието за Мето­диј, се вели:

„Од таткова и мајчина страна тој (Методиј)  не беше од прост род, туку од многу добар и чесен – познат прво на Бога и на царот и на целата Солунска област – како што се гледаше од неговиот телесен образ. Поради тоа и реторите го сакаа од детството, уште и зборуваа со почит кон него, до кога пак царот, штом научи за неговата бистрина, му даде да управува словенско кнежетво – би рекол како да предвидуваше дека ќе го испрати за учител на Словените и прв архиепископ, та да свикне со сите словенски обичаи и постепено да ги засака“.

Во Житието за Константин уште подецидно е определено потек­лото на светите солунски браќа. Овде читаме:

„…Во градот Солун имаше еден маж од благороден род и богат, по има Лав, којшто заземаше чин на друнгариј потстратег… Живеејќи со сво­јата жена изродија седум деца. Седмото, најмалото дете беше Констан­тин, наш учител и наставник.“

Од овие извадоци од „Панонските легенди“ сосема јасно се гледа дека Кон­­стантин и Методиј потекнувале од старо угледно солун­ско христијанско семејство, чиј тат­ко имал висок воен чин во Византија. Впрочем, Константин како дете се дру­жел исклучиво со децата на богатите солунчани, што исто така зборува за неговото градско солунско потекло.

Денес, некои македонски историчари сметаат дека таткото на светите браќа по име Лав бил етнички „Грк“ (!?), а така тврдат и историчари и публицисти од други држави. Дека ваквото твр­де­ње е бесмис­лено ќе докажеме во продолжение.

Познато е дека во Солун (но и во Македонија) во тие времиња никогаш не дошло до масовно населување на етнички Грци. Познато е дека уште Филип Втори (во 4 век пред Христа) ги иселил сите грчки колонисти од македонското крајбрежје, иако подоцна дозволил враќање на помал број од нив, но не во Солун, затоа што овој град тогаш не постоел. Уште од своето основање, Солун бил населен со етнички ан­тички Македонци (кои, впрочем, се и негови основачи) и не постои ниту еден документ за масовно иселување или помор на античките Македонци од  Солун!

Се разбира дека, некои од нив, подоцна, поради разни околности биле нарекувани во разните хроники како „Грци“, „Ромеи“ и сл., но факт е дека тие и тогаш (генетски и крвно) си биле потомци на етничките антички Македонци.

За етничкиот состав на Солун во антиката и во Средниот век постојат децидни податоци. Ќе наведеме некои од нив.

Во 4 век, анонимен ранохристијански автор објавил кратки коментари на Писмата што Свети Павле ги испраќал до првите христијани, кои се познати од Новиот Завет. Овие коментари се објавени во книгата „The Gospel History and its Transmission“ (објавена во 1996 год.).“ Во врска со етничкиот состав на Солун (осврнувајќи се на Писмото до солуњаните од 1 век по Христа, овој анонимен христијански автор запишал:

„Солуњаните се Македонци. Тие го прифатија Словото на вистината зачувано во верата дури и покрај прогонувањата на нивните сограѓани“.

Значи во 1 век по Христа во Солун се уште биле доминантни Македонците.

За етничкиот состав на Солун пишувал и Теодорит Кирски (393 – средина на 5 век), кој во врска со овој град запишал дека е: „…голем и многунаселен град, кој му припаѓа на македонскиот народ“ (ГИБИ, 1960, стр. 79 – 80).

Во 815 година се родил Свети Методиј како прво дете на Лав и Марија. Ако претпоставиме дека татко му Лав тогаш имал помеѓу 25 и 30 години, тогаш заклучуваме дека Лав би бил роден некаде околу 785 и 790 година. Марија веројатно била помлада. Ова значи дека Лав и Марија се родиле во Солун нешто повеќе од триста години по сведоштвото за доминантниот македонски етнички карактер на Солун дадено од  Теодорит Кирски.

Но, дури и над еден век по раѓањето на таткото Лав, мнозинството солунчани себеси и натаму се декла­рирале како Македонци! Доказ за ова е сведоштвото од солунскиот хроничар  Јован Каме­нијат, дадено во 904 година, во кое тој вели:

„Нам пријателу, татковина ни е Солун.  Тоа е првиот и најголем град на Македон­ците! (Интересен е прекарот на овој хроничар – несомнено тоа е денешната македонска придавка „Камениот“). 

При знаењето на сето ова, се поставува едно логично прашање. Како е можно таткото на светите браќа Лав да бил „Грк“, а сите негови сограѓани да биле Македонци? До колку и понатаму се тврди дека таткото на светите бра­ќа бил етнички „Грк“, се создава еден нелогичен, па дури и смешен редослед за етничкиот состав на Солун.

Според ваквиот редослед, во времето на античка Македонија, во Солун живееле Македонци, а Македонци (според изнесените сведоштва) живееле и во 1 и во 4 век по Христа. Но, на самиот крај од 8 век (во времето кога се родил таткото Лав), во  истиот овој град  живееле –„Грци“ (!?). И конечно, по повеќе од еден век по раѓањето на Лав (10 век, т.е. 904 година), во Солун повторно почнале да живеат  Маке­донците (според сведоштвото на Јован Каменијат). Ваквата бес­мис­­­лица индиректно ја прифатија пове­ќемина наши историчари (па дури и политичари), кои, без да размислат барем малку, и натаму тврдат дека таткото на светите браќа бил етнички „Грк“ (!?). Сите тие треба да знаат дека во Солун никогаш во Средновековието не дошло до масовно населу­вање на Грци и никогаш не дошло до масовно иселување на античките Македонци и нивните потомци. Според тоа, етнички Грци во Солун во 9 век – немало (освен можеби поедини исклучоци). Посеб­но затоа што, дури и во 10 век, Солун се уште бил третиран како најголем град на Македонците.

Значи, таткото на Светите браќа (како жител на Солун) најверојатно бил крвен потомок на античките Македонци, без разлика на тоа кој јазик тогаш го зборувал и како бил нарекуван од дру­гите.

Дека ни самиот Константин Филозоф себеси не се сметал за никаков Грк, индиција е и неговата изјава што тој ја дал за време на својот престој  поме­ѓу припадниците на фулскиот народ (види во: „Панонски легенди“ во превод од Радмила Угриновска Скаловска). Константин (свети Кирил) таму ви­дел како луѓето прине­суваат жртви  на едно големо дрво (даб срас­нат со цре­ша) и, за да ги оттргне од оваа заблуда и да ги натера да го примаат христи­јан­ството, застанал меѓу нив и им рекол:

„Хелените појдоа на вечна мака, зашто и на небото и на земјата се клањаа како на Бог на толку големи и добри нешта. А вие, што се клањате на едно дрво, безвредно нешто, наменето за горење, како ќе го избегнете вечниот оган?“

Она што е интересно во оваа изјава на Константин (свети Кирил) е неговото обвинување упатено на Хелените. Познато е дека терминот Хелени своевре­мено се користел не само како религиозен, туку и како етнички тер­мин. Доказ за ова е фактот што, во антиката, имало и други народи и поединци, кои ги славеле истите богови што ги славеле и Грците, па сепак никогаш не биле наречени Хелени. Значи, терми­нот Хелени се користел и како етнички термин за Грците. Оттаму, до колку Константин Филозофот би бил етнички „Грк“ (Хелен), сигурно дека е не е сосема логично да зборувал за Хелените во трето лице множина.

Се разбира дека отпаѓа и претпоставката дека нивната мајка била „Словенка од зад Карпатите“. Во Житието на Методиј јасно наведовме дека пишува: „Од таткова и мајчина страна тој (Методиј)  не беше од прост род, туку од многу добар и чесен – познат прво на Бога и на царот и на целата Солунска област – како што се гледаше од неговиот телесен образ“.

Во тоа време во Солун немало „прекудунавски Словени“ (барем не во значителна бројка – напротив нив тогаш ги имало околу градот, но биле непријателски настроени кон солуњаните). Освен тоа, овие „Словени“ воопшто не биле христијанизирани во времето на нејзиното раѓање, а јасно е дека таа носи христијанско име.

Значи, наместо неубедливите, па дури и смешни теории за етничкото потекло на светите браќа (главно препишувани од странските историографии) потребно е нашата историографија посмело да го третира ова прашање и истото да го претставува пред меѓународната јавност.

aleksandar-donski
Александар ДОНСКИ

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top