Коментари

Најопасно место на Балканот во моментот е Македонија?


Свекрва

Само обединети можеме да се спротивставиме на сценаријата за поделба на земјата

Откако на странскиот покровител и домашните поддржувачи им стана јасно дека со досегашните применети облици на специјална војна или т.н. хибридна војна не може да очекува остварување на своите крајни цели, поставување на марионетска власт во Македонија, сега започнаа заплашување со пласирање на апокалиптични сценарија за прекројување на границите на Балканот, каде монета за поткусурување повторно би била Македонија.

Досегашните континуирани обиди на опозициската СДСМ и соросовите невладини организации да  ја урнат легално избраната владеечка партија ВМРО ДПМНЕ и да создадат т.н. експертска влада, почнувајќи од 2014 до денес, останаа без успех. Во овој период беа применети сите познати видови на т.н. хибридна војна: протести, нарушување на угледот на челниците на владеачката партија, нарушување на угледот на институциите, навлегување на диверзанстко-терористички групи, политички и економски притисоци и сл.

Денес е доволно јасно дека минатогодишните настани на границата со Косово, потоа во Кумановското Диво насеље, кога криминално-терористичка група се судрија со македонските безбедносни сила, била изведувана со помош од разни фактори на одделни земји.

Сериозни инциденти од ваков тип не беа ни први ни последни. Сепак, повеќето од овие акции не беа успешни, пред се, благодарејќи на противакциите на македонските безбедносни структури и граѓаните. Впрочем, на изненадување на надворешниот фактор изостана поддршката на поголемиот дел од локалното население.

И покрај сите опструкции  и недостаток на средства, надворешниот фактор дополнително беше изненаден од виталноста на македонските институции која ја покажаа во справувањето со бегалската и мигранстаката криза. Поради тоа, тие со помош на домашните поддржувачи го зголемија интензитетот на политички и економски притисок. Додека дома преставниците на меѓународната заедница вршат притисок за продолжување на Пржинскиот договор, а опозицијата и соросовите здруженија протестираат низ градовите, ги фарбаат спомениците, институциите, ги блокираа раскрсниците, предизвикувајќи нервози кај обичните граѓани, дотогаш од надвор подолго време се дозволува блокирањето на железничката пруга кон Солун и Солунското пристаниште, што предизвикува огромни штети на македонското стопанство.

Сето ова, политичките, економските и другите притисоци, се форми на т.н. хибридна војна. Се спроведува заради вознемирување на населението, нарушување на неговиот нормален живот и изнудување на одредени остапки. Ваквите притисоци опфаќаат и предизвикување на воена психоза кај него. Тоа се прави со пласирање на разни сценарија за поделби на земјата, потоа демонстации со вооружена сила, како воени вежби и провокации на границата.

Не случајно, кога во земјата меѓународниот фактор (САД, ЕУ и др.) вршат притисок да продолжат преговорите на лидерите на четирите  партии, за продолжување на реализацијата на Пржинскиот договор, поранешниот заменик-шеф на ЦИА, Стив Маер, како што пренесува Танјуг, изјави дека постојат големи шанси за менување на границите на Балканот.

Тој ќе потенцира дека „најопасно место на Балканот во моментот е Македонија, не само поради проблемите меѓу македонските Албанци и македонските православни верници, туку и поради тоа што меѓу самите православни верници во Македонија постојат несогласувања“.

Со слична анализа се појави и Тимоти Лес, поранешен шеф на британската амбасада во Бања Лука и директор на консултантската куќа „Нова Европа“, кој се занимава со процена на политичкиот ризик во Европа. Според него, кога влијанието на Западот ќе се намали, ќе дојде до нов бран на немири кои ќе резултираат со прекројување на границите какви денес ги познаваме, а Македонија повторно ќе биде поделена меѓу Албанците, Грците и Бугарите.

Во апокалиптичното сценарио, Лес предвидува дека се ќе започне со отцепување на Република Српска, која со референдум ќе се припои на Србија, а ќе биде силно поддржано од Русија. Ваквиот развој на настаните ќе предизвика домино ефект, па Хрватите од Босна ќе се обидат да се одвојат од БиХ и да се приклучат кон Хрватска. Албанците во Македонија ќе се побунат и ќе се обидат да отцепат поголем дел од територијата, па врз основа на „трилатералната спогодба“ со Албанија и Косово да формираат Голема Албанија.

Исто така, Лес проценува дека просрпското население на Црна Гора, кое половина од популацијата во земјата, ќе бара спојување со веќе проширената Србија. На сето, тој додава дека Грција и Бугарија внимателно чекаат да земат дел од колачот на поделената Македонија.

Тимоти Лес кој претходно работел како советник на британскиот премиер и сега прави стручни анализи на конфликтните подрачја за потребите на клиентите од приватниот сектор, смета дека Русија би  ја искористила ситуацијата за да го зајакне своето присуство пред се кај православните земји Србија, Црна Гора и Грција, па и кај Бугарија. Но исто така го потенцира и проблемот со зголемениот муслимански екстремизам, кој со приливот на бројните џихадисти од Блискиот Исток може да доведе до ескалација на насилствата во некои делови на Балканот.

Англискиот професор смета дека ЕУ и САД не би ги признале новите граници и дека ќе направат се тоа да не се случи, но како што вели моќта на Западот е опадната и нема да може ништо да направи. На крај Лес заклучува дека новиот балкански поредок можеби нема да се случи утре, но како што опаѓа моќта на ЕУ, денот на почетокот на овој судар се е поблиску.

Интересно е што, во разните анализи кои се појавуваатза Балканот, не се говори за доаѓањето до крајот на годината на уште 1900 муџахедини во Албанија, за се поголемите провокациии на Албанците во врска со Чемерија, за други сценарија кои говорат за поделби на Албанија, Грција и Бугарија, потоа за создавање на уште една нова држава Епир. Исто така, интересно е што од страна на Западот јавно е искажан страв од создавање на сојуз на балкански православни држави. Сето тоа говори за нивната замешаност и стравот дека некој би можел да ги прекине нивните интереси за купување на сите преостанати ресурси (подземни и надземни).

Со оглед дека во овие анализи се потенцира Македонија како најопасно место на Балканот, како монета за поткусурување, може да се претпостави дека тие во овој момент се дел од психолошкиот притисок кој меѓународниот фактор го врши сега врз Македонија, а се со цел за поставување на марионетска влада која ќе го прекине продорот на Русија и Кина на Балканот.

Таа улога за разнебитување на македонскиот народ и држава, која ќе овозможи распродажба на македонската земја на корпорациите ја презедоа челниците на СДСМ и Соросовите невладини организации.

Единствен спас, Македонија да не ја диживее судбината од нов Букурешт е само даколку македонскиот народ се обедини и застане цврсто против сценариата за поделби кои ни ги наговестуваат т.н. меѓународни корпоративни аналитичари.

Македонија вечна, Амин!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top