Коментари

СВЕТО ИЛИ СВЕТЛО ТРОЈСТВО

branko-sotirovski

branko-sotirovski
Бранко Сотировски

Во овој истражувачки текст ќе се обидеме да го дефинираме божјото тројство, дали е СВЕТО или СВЕТЛО и да се обидеме да го објасниме нивниот сооднос еден кон друг. Ќе се обидеме да го дефинираме божјиот збор пренесен на обожествениот Енох, Зет или Хермес.

Дешифрираните текстови во книгата Зета Македониа ни нудат решение кое е тоа свето или светло тројство. Зборот „свето“ е апстрактен поим, кој произлегува од нешто непознато, вишо, недостижно за човекот, произведувајќи чувство на понизност и стравопочит. Терминот „СВЕТЛО“ пак, е нешто поблиско, природно, мило, посакувано, секојдневно, кое се појавува со првиот сончев зрак.

Повеќе пати ќе се навратуваме кон христијаското учење, кое е продолжеток на македонската вера, напишана од Македонци, финансирана од нарачателот Јудејците. Основната цел на нарачателот е таа да, Македонците познавачи на сопствената вера, создадат нова религија со изменети верски приказни, имиња, дати и др. Со тоа што најсветите или светлите симболи ги прикажува како јудејски, како на пример Давидовата ѕвезда.

davidova-zvezda
„Давидова ѕвезда“ денес симбол на јудеизмот, всушност тоа е македонски симбол на сонцето ИЛИ и земјата Македонка во четирите годишни периоди.

 „Светото“ тројство, според христијанството е содржано од Бог, Бог Син и Бог Дух. Сите три личности се еден Бог или сите три се посебности. Според логичното сваќање, сите три посебности да се едно, не е сосема сфатливо. Ова несватливост на човечкиот ум, христијанството го толкува како „ограничен ум“ на Македонците од времето на појавата на христијанството за  уништување на македонскиот дух, вера и самодоверба за осамостојување, слобода и обединување. Во овој случај се јавуваат повеќе богови и автоматски христијанството се декларира за многубожја религија. Тоа би изгледало исто или слично како змеј со три глави.

zmej

Според дешифрираните текстови во книгата Зета Македониа, може да дефинираме само еден бог во македонската вера и со правото чествување за слава на еден бог, таа вера е всушност православна.Оваa македонска вера се јавува најмалку од пред 400.000 г. Таа вера е монотеистичка, вера на божјата мајка (во вистинска смисла на зборот). Две самовили (невидливи замислени мајки), едната го раѓа Божјиот Поглед а другата ја раѓа вселената со повеќе делови од едно божество – Сонца. Единствениот Бог е Богот Сонце ИЛИ. Третата божја мајка е Мајката Земја Македонка, родилка на боговите или Господарите Македонци.

Да објасниме веднаш што е самовилата. Самовила на Земјата не е жена, таа е сончев зрак пристигната директно од сонцето или посредно преку месечината. Сончевиот зрак во мислите на човекот се претвора во жена-самовила. Самовилата може да биде и мајка. Оваа самовила составена од светло и темнина (светлото е темно, темното е светло), го раѓа божјиот поглед. Тој поглед се вселува во усните на самовилата мајка Елена, која ќе ја роди вселената.

Македонската монотеистичка вера содржи две тројства. ПРВОТО ТРОЈСТВО е светото или светлото тројство. Тоа се состои од Бог наречен ИЛИ, Дон и Духот божји Македон.

zemjata-makedonka

Македонскиот Бог Сонце ИЛИ е ЕДИНСТВЕН врховен бог. Врховен е поради тоа што се наоѓа на врвот од пирамидите или планините. Тој е врховен затоа што е татко на своите деца, наречени од нивните слуги и поданици ГОСПОДАРИ и „БОГОВИ“ Македонци.

Тој во себе содржи повеќе божји особини а тоа се, моќта да создава светлост (Божји поглед), топлина (Божја душа) и молња (Оплодувачка моќ ЅЕ). Богот Сонце има уште една особина а таа е што на денот XXII-ри март, денот на прогласување на новиот Зет (Хермес) за цар, го пренесува на својот син Божјото Слово што претставува Божји УМ. Сега умот божји, што претставува слово божјо, покрај тоа што сѐ гледа оти е највисоко, сѐ слуша или сѐ знае за она што мислиме со неговиот подарен ум. Тоа е слично како модерните телефони кои гледаат сѐ и слушаат сѐ, сѐ е снимено-запишано. Сопственикот на системот за комуникација може сѐ да види и чуе, посредно преку телефонот. 

Втората компонента од светото или светлото тројство е ДОН. Што е Дон: Дон е река (како реката Тихи Дон), Дон е морско дно, (како ПосејДОН), Дон е и ниската земја покрај реките и морињата (како Л’нД’н – ЛонДон), Дон е божествена оплодувачка сила, како ДОНАТОР на божјата семенка во пролетта, ДОН Е ПРОЛЕТ.

Третата компонента од светлото тројство е  Божјата семенка, која претставува Дух Божји а тој дух е Духот Божји МАКЕДОН.

Од зборот МАКЕДОН  произлегува ВТОРОТО ТРОЈСТВО а тоа е:

„МА“ е со значење „М’А“ или „МОА“-моја светлина ИЛ.

„КЕ“ е со значење Мајка Земја Македонка.

„ДОН“ е со значење донатор на божјата семенка а тоа е БОГОТ МАКЕДОНЕЦ. Подарувајки ја божјата семенка на невестата, тој е спасител на божјиот род ЛАВРОД. Богот Македонец е и донатор на умот и словото божјо на своите поданици, кои ја обработуваат земјата за потребите на Боговите Македонци.

Значи второто тројство или, земно материјално тројство, се состои од преносникот на духот божји – Сончевиот зрак ИЛ, Мајката Земја „КЕ“ и Боговите Македонци.

Да го објасниме односот на светото или светлото тројство со земното материјално тројство. Јасно гледаме дека Богот Татко Сонце ИЛИ, секое утро со својата светлост и топлина не спасува од темната и студена НОЌ. Тој е спасител на сопствените деца секојдневно. Богот е спасител на сопствениот род и со моќта за оплодување. Од денот XXII-ри март ја оплодува Мајката Земја Македонка, која ќе го роди вкупниот жив свет наречен „ИС“ – „ИСУС“, „РИС“ – „РИСТО“ (позната е изреката „се роди Ристо“ или „Ристос се роди“). Сето ова Бог ИЛИ го прави за својот син МАКЕДОН.

Во новородената природа се раѓа ИС, РИС, Ристо, ЗЕТОТ или Хермес Богот Македон, господар, божество и цар на Земјата. Тој се раѓа за да ја објави оплодувачката моќ на својот татко, оплодувајќи ја својата невеста. Подарената светлост, топлина и духот Македон и земјата ДОН, Македон ја обработува со принесување на УЕМ, работа и добра мисла.

Светото или светлото тројство заедно со материјалното или земно тројство е вечно и неуништиво во времето бесконечно.

„ВРЕМЕТО Е ДУХОТ БОЖЈИ МАКЕДОН. Тоа се движи по права линија, на оска при што не запира, се движи бескрајно. Духовното време или пак времето на духовноста, е време коешто се создава од почетокот на нештата, оставајќи трагови зад себе, но не запирајќи го својот тек. Тоа време не може да се запре, тоа духовно време е бескрајно. Времето на духовноста, или времето претставено од духовна смисла, не може да запре, не може да стивне, тоа е бесконечно.   Бесконечноста на духот, можеме да ја аргументираме со реинкарнацијата. ‘Реинкарнација, буквално значи повторно да се родиш во тело. Се смета за доктрина или метафизичко верување дека некој основен дел од живото битие (во некои варијации се однесува само на луѓето), после смртта сè уште живее и се раѓа во ново тело’. Овој основен дел најчесто се нарекува БОЖЈИ ДУХ МАКЕДОН, или душа МАКЕДОНСКА, повисоко јас, или вистинско јас, божествена искра или едноставно ЈАС МАКЕДОН. Терминот „јас“ е лична заменка во еднина. Според ова верување, во текот на секој живот во физичкиот свет се добива нова личност, но е дел од „јас Македон“, кој е постојан во текот на сите животи, таканаречени – инкарнации. Безвременоста пак, можеме да ја сфатиме како незапирлив тек на нештата, нешто што започнува, а не завршува. Таа безвременост е во нераскинлива врска со македонската цивилизација“. (Цитат од книгата „Зета Македониа“ стр.74).

Македонската вера православна пред појавата на христијанството е логична, лесно сватлива за здравиот разум, таа е блиска до Македонците кои ја сметаат како нешто свое. Христијанството може да ја прогласи за погрешна, но таа констатација важи и за самото христијанството. Зошто? Затоа што македонската вера е постара од христијанската религија, која всушност произлегува од неа.

Македонската вера всушност е приказ на македонската наука, јазик и култура за полесно да ја разберат неписмените. Умот и разумот на боговите Македонци не е ограничен, тој е широка лепеза на причинско логички сознанија за светото или светлото тројство поврзано со земното. За разлика од христијанското сваќање на светото тројство, луѓето да бидат ограничени со умот и слепо да ги прифаќаат напишаните библиски текстови полни со нејаснотија и страв од нешто што никој не знае од ШТО.

Поради сето ова македонските тројства се едноствни и јасни полни со СВЕТЛОСТ, како ден.

(Книгата „Зета Македониа“ ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
или на телефон +389 78 264 106; http://zetamacedonia.com/default/zeta_makedonija-6541-116).

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top