Коментари

Додека едни работат, други критикуваат!?


Свекрва

Додека се вложуваат надчовечки напори за справување со последиците од обилните дождови и поплавите кои го зафатија Тетовскиот и особено Скопскиот регион на 6 август 2016 година, дотогаш опозицијата предводена од СДСМ во недостаток на капацитет конструктивно да се вклучи во заедничка акција за справување и надминување на последиците се обидува да добие по некој политички поен со обвинување на инстутуциите и организациите.

Состојбата во поплавените подрачја по преземените мерки и активности полека се враќа во нормала. По згрижувањето на постраданото население (вода, храна, лекови и сместување), како и по неколкудневната интензивна работа на институциите и организациите, речиси целосно е завршен процесот на расчистување на сообраќајниците, процесот на вадање на вода од домовите и дворовите, остранување на угинатите животни, дезинфекција на куќите и др.

Иако акциите за самирање на последиците продолжуваат деноноќно со несмален интензитет, не престануваат критиките од опозицијата. Меѓутоа, обвинувањата на СДСМ дека институциите не функционирале или дека ги преспале првите денови немаат основа. Всушност, уште од првиот момент, имституциите се на терен и благодарение на нивната брза интервенција спасени се повеќе од 1.000 лица од поплавените домови и возила. Да не заборавиме дека припадниците на интервентните тимови тоа го направиле во исклучително тешки услови: во ноќни услови, во темнина со дожд и силен ветер!

Припадниците на МВР и АРМ во таа темна дожлива вечер ги ризикуваа сопствените животи за да ги спасат луѓето без притоа да прашуваат за нивната етничка или политичка припадност. Тоа најдобро го знаат луѓето од настраданото подрачје. Зарем нив и оние кои им даваа логистика некој треба да ги обвинува!?

Дека немаат основа обвинувањата на опозицијата покажуваат и овие податоци. На 6 август 2016 година, периферните населени подрачја на Скопје беа зафатени од обилни дождови кои се третираат како илјадагодишни води. Веројатноста од појава на ваков дожд е само 0.1%. Според УХМР биле измерени 93 литри на метар квадратен, но тоа е на Зајчев рид. Додека на настраданото подрачје се паднати двапати повеќе за дваесетина минути. Станува збор за околу 50 км квадратни со околу 5.000 домаќинства и околу 20.000 жители.

Најдобар увид за колкава вода паднала во поплавеното подрачје даваат пумпните станици на водостопанство во скопски Таор. Во пумпната станица преку која се исфрла водата во Вардар, преку каналите се слева водата од скопската котлина, вклучувајќи и онаа од населбите кои најмногу беа погодени од невремето. Од 7 до 15 август преку оваа пумпна станица се испумпани над 2 милиони кубни метри вода, што не е забележано дури од 1925 година.

Инаку, првиот поплавен бран чија висина била и до два метра причини најголеми штети во Скопскиот регион. Однесе повеќе од дваесет животи, а повеќе од стотина лица беа хоспитализирани. Но, токму во тие моменти први на помош на населението пристапија единиците за прв одговор: на полицијата, противпожарните единици и итната медицинска помош. Со оглед на обемот на последиците истата вечер се вклучи и армијата во спасување на населението. Со нивниот ангажман беа спасени повеќе од 1.000 лица.      

Во справувањето со последиците од поплавата потоа се вклучија и другите институциите и организациите кои се дел од системот за управување со кризи, како од Скопје, така и од земјата, а беше прогласена и кризна состојба на Скопскиот и Тетовскиот регион. Со оглед на зафатената површина и причинатите штети, со надчовечки напори тимовите деноноќно работеа систематски да се надминат последиците од поплавите.

Истовремено, во оваа несреќа повторно се покажа солидарноста на македонскиот народ на дело, како со доброволни прилози, така и со волентерска работа. Така да, со вклучување на цела заедница денес веќе се гледа крајот. Полека се нормализира животот, а она што е оштетено целосно ќе се надомести.

Но за жал, додека едни работат, други наместо да ги засукаат ракавите и да им помогнат на настраданите, знаат само да критикуваат. СДСМ по неуспехот со шарената револуција сега го користи секој момент да ја искористи трагедијата која ја потресе целата држава, за да ги обвини ВМРО ДПМНЕ и ДУИ дека не можат да ги решат проблемите на граѓаните зафатени од поплавите, иако сосема се видливи постигнатите резултати во справувањето со последиците во загрозеното подрачје,

Поради горчивиот вкус и во несреќата да се делиме, наместо да се обединиме, ВМРО сосема е во право кога во своето соопштение до јавноста ги осуди ваквите ниски обиди на СДСМ да ја политизира невидената природна катастрофа за да се прибираат поени на сметка на оштетените граѓани кои се соочија со огромни загуби.

Сепак, деструктивната политика на СДСМ не ја поколебува владеачката партија, која на владина седница донесе одлука за обесштетување на граѓаните од кризните региони за штетите предизвикани од поплавите. Првата мерка од осумте за обештетување на граѓаните од кризните региони за штетите предизвикани од поплавите, значи, дека граѓаните ќе бидат обештетени во целост, односно се што комисијата за проценка ќе го евидентира за оштетено, 100 процентно ќе биде надоместено. Но тоа го може ВМРО ДПМНЕ, а не СДСМ.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top