Коментари

Македонија Те вика!

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Уште колку Илиндени треба да поминат за да научат дека на веков и светов има Македонци?

Уште колку востанија треба да кренеме за да признаат дека против нив војувавме за да се ослободиме од тиранијата која ни ја наметнуваа?

Уште колку гробје треба да постелеме во оваа земја македонска и уште колку крвје да излееме, за да сфатат дека ниту една пропаганда нема да го уништи јазикот македонски, генот и кодот македонски?

Преполно е ова парче земја со историско камење, пребогато е со датуми кои го отсликуваат непокорот на Македонецот. Зарем може некој да ги избрише од сеќавањата, од темелите, од битот кој милиони Македонци го носат ширум светот? Не успеаја во понижувањата, во негирањата, во иредентизмот во кој самите се удавија.

Знае светот низ што сме поминале и низ што поминуваме. Но, истиот тој свет нема доволно чувство за праведност и рамноправност, оти се расипал, се обезличил.

Ни порачуваат да се откажеме од историјата, да ја напуштиме сегашноста, да заминеме во иднината. А, има ли иднина без минато и без сегашност?

Ние сме горди на Херонеја, ние сме горди на Самоила, на Кресна, на Илинденците, на Ченто … На што се горди тие? На Букурешт, на Сан Стефано, на оската Берлин – Рим – Токио? Веројатно, оти друго немаат.

Чист му е образот на Македонецот, оти не му е извалкан како на другите околу него. Чисти му се рацете, оти ги нема натопено со злокобна крв како другите. Чиста му е верата, оти ја нема откраднато и осквернавено како другите. Затоа денес Македонецот со пиетет го слави Илинден и АСНОМ, ги издигна уште еднаш на пиедесталот Великаните Гоце и Карев, Питу и Сандански, Ченто и Шатев.

Македонците одамна осознаа кои му се пријателите, а кои душманите. Велат, колку лошо, толку и арно, не направија посилни, иако сакаа да не одродат, поделат и разделат. Малкумина се тие што и натаму се обидуваат да го урнат македонството во својата автентична и природна појава. Ги има и надвор, ги има и внатре. Но, одамна се поразени во своите историско-политички утопии и небулози. Ги нема во свеста на Македонецот. Тие не постојат во умот и разумот.

Еве, и ние овде во Македонска нација катадневно ги отвораме архивите на минатото, за да му кажеме на натрапникот дека згрешил, дека погана работа направил, дека грев сторил. И секојдневно бројот на приврзаниците расте. Илјадници македонисти рамо до рамо со нас ја шират македонската вистина низ светот, Илјадници Македонци и поддржувачи на македонската борба за слобода и рамноправност  не удостоија и не поттикнаа да продолжиме со светото дело да ја одбраниме и да ја воскреснеме Македонија.

Македонци, не давајте да ве поколебаат, не дозволувајте да ве засрамат, оти нивното е за срамење.

Не давајте повеќе груб збор за нас да кажат, оти калта во која заглибиле доволно кажува.

Време е да го отвориме прозорецот на новата ера која доаѓа и на сите нови Македонци кои ќе дојдат на ова парче земја, да им го покажеме видикот, да им го покажеме сонцето на новата македонска ера.

Македонија, Македонија Те вика!

Среќен Македонски Илинден!

Вечна да е Македонија!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top