Коментари

Драги мои ВМРОВЦИ!!!

Клеопатра Македонска

Лути сте знам, и јас сум лута, толку лута што се преморив од работа за овие локални избори.

Лута сум на сите оние што помогнаа циркузанти да ни ја водат државата.

Лута сум и на сите оние кои не работеа доволно и индиректно ги донесоа циркузантите на власт.

Морам да ги ословувам со циркузанти, ми се виде како најпогоден збор.

А како поинаку да ги нарекувате шутовите кои служат за потсмев во целото соседство, па и пошироко?

Како поинаку можат да се наречат оние кои едно зборат наутро, а со сосема спротивен став си легнуваат? Муви без глава или циркузанти.

Драги мои ВМРОВЦИ.

Нашето име не е случајно. Само одбраните имаат чест да се нарекуваат така. Не се споредувајте со полтронашите, профитерите, приврзоците. Тие не се ВМРО. Не се симнувајте на нивно ниво, да се борите за едно работно место, за една функција, да си го дадете газот под кирија.

Вистинскиот ВМРОВЕЦ не трпи уцена, вистинскиот ВМРОВЕЦ знае како да добива и како да губи, знае да падне, за да мора потоа да се исправи, погорд и посилен од порано.

Драги мои ВМРОВЦИ.

Не дозволувајте нашиот идеал да се сруши поради ситна дневна политика и рекла казала. Издигнете се над здодевното секојдневие, над минливите земски придобивки и зачувајте ја светоста на нашите свети букви.

Историјата нема да не памети по тоа дали сме носеле брендирана облека и скап телефон, ќе не памети само по тоа што не сме попуштиле пред многу посилниот непријател односно непријатели.

Сите нас еден ден ќе не нема ама таа, Македонија, ќе преживее, таа секогаш преживувала.

Казните и лутешките да ги оставиме за подоцна. Работите ќе си дојдат на место, ама нас може да не згази времето…

Да го направиме последниот напор и да останеме заедно, за неа, за Македонија!!!

Зарем ТАА не го заслужува тоа???

Најново од: Коментари

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

To top