Коментари

Проклети биле преданиците!

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva 

Свекрва

Многумина владетели низ вековите се обидувале да ја достигнат славата на Филип, Александар и древните Македонци. Меѓутоа ниту еден владател, ниту една империја до денешен ден не успеела да ги достигне успесите на Македонците, чије име ќе остане за векови запишано во Библијата. Оттука не треба да не чудат обидите низ историјата да се присвои македонското културно наследство или да се избрише македонското име од картата на светот.

По пропаста на Македонската империја, името на географската и етничката територијата на Македонците, постојано низ вековите се менувало или било забранувано. Меѓутоа и покрај сите напори на Римската, Византиската и Отоманската империја, Македонците да бидат асимилирани, а македонското име да исчезне, тоа повторно се враќало на историската сцена.

Отсекогаш името Македонија било длабоко врежано во свеста на македонското население.

Македонците каде и да оделе, секогаш со себе го носеле своето име. Така името Македонија можело да се сретне низ целиот Балкан и пошироко (пример: тема Македонија во Тракија и територија во Бесарабија во 9 век, село во Романија во 14 век, Украина 18 век и .т.н.).

Самото име Македонија одсекогаш будело гордост и желба за слобода и самостојност кај македонскиот народ. Поради тоа името Македонија не било посакувано од нејзините поробувачи. Оттука, како што пишува американски весник “The sun” (16.06.1903), Турските цензори протестирале против зборот Македонија од Новиот Завет на Библијата. Едноставно не го сакале зборот кој потсетувал дека Македонија не била нивна земја, туку земја на македонскиот народ, кој некогаш бил така славен и “господар на светот“.

Повторното појавување на името Македонија на географски карти кон крајот на 20 век, име кое одамна беше избришано од светската политичка сцена, предизвика загриженост кај сите оние држави кои во Балканските војни 1912 и 1913 година анектираа делови од територијата на Македонија. Стравот од обединување на поделената Македонија, ги натера овие држави и нивните поддржувачи да продолжат со притисоци и закани, со присвојување на македонското културно наследство и негирање на името и идентитетот, јазикот и црквата на Македонците.

Соседите на Македонците чии држави биле формирани во текот на 19 и 20 век со помош на големите европски сили (Русија, Австро-Унгарија, Обединетото кралство, Италија) и кои со нивна помош ја поделија територијата на Македонија во Букурешт 1913 година, за разлика од Македонците, ниту една од нив немале држава пред Христа. Свесни за својот хендикеп, тие денес му го негираат името, идентитетот, јазикот и црквата на македонскиот народ.

Сите тие како да го заборавиле проклеството што ги следи оние кои се обиделе да чепнат во Македонија и во заоставштината на македонското културно наследство, кое впрочем му припаѓа на македонскиот народ.

Мекедонецот никогаш нема да го заборави геноцидот кој бил извршен врз него како што нема ни да се откаже од името. Едноставно Македонците со векови го носеле тешкото бреме да се зачува гордото и величанствено историско име Македонија. Тие успеале да го сочуваат со векови додека биле под туѓо ропство.

Меѓутоа, додека нашите претци и покрај сите тешкотии кои во минатото ги минувале под разни ропства не се откажале од македонското име, денес во слободна македонска држава СДС и ДУИ  си земаа во право во име на целиот македонски народ бесрамно и противуставно да се откажат од името, јазикот и идентитето.

Тоа се луѓе со слаб карактер, со мал умствен капацитет, кои заради личниот комодитет, не можат  да го издржат големиот товар на македонското име. Тоа се непромислени луѓе кои не можат да сфатат какво драгоцено богаство распродаваат, а кое впрочем не е нивна лична своина, туку им припаѓа на генерациии пред нас и на генерации по нас. Тоа што тие денес го даваат нема цена и не може да биде замането со ништо.

Проклети биле предавниците!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top