Коментари

АПЕЛ до членовите на СДСМ : Македонија е наша обврска

1DOOM

1DOOM

Спогодбата што ја потпиша Ковачевски ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно Република Бугарија под ваков диктат.

Не прифаќаме идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот.

Според член 308 од Кривичниот законик, „Граѓанин кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години“.

Вистинскиот Македонец не ги менува своите ставови, својата мисла и работа. Затоа, таквите кои не се менуваат, имаат историја, сегашност и иднина.

Ниту еден народ не може да се надева на среќна иднина ако нема историско паметење, ако нема став за минатото, ако заборавил кој е и што е, ако нема изграден однос кон сегашноста и визија кон иднината.

Ковачевски се обидува да не` натера да заборавиме на нашата многувековна и тешка историја, да заборавиме на страдањата на нашите предци и не` убедува дека било добро да го смениме Уставот а со тоа и нашиот идентитет и да заборавиме на македонското.

Дали денешниве членови и политичари од СДСМ заборавија дека наша обврска е да го зачуваме нашиот идентитет и да го пренесеме на идните наши поколенија?

АПЕЛ до членовите на СДСМ:

Доколку имаме различни политички погледи кон Македонија, различни идеали или идеологии, СЕПАК ЕДНО МОРА ДА НЕ ОБЕДИНУВА, сите да се бориме да го сочуваме нашиот идентитет и достоинство, а не да водиме борба кој повеќе ќе ја разнебити Македонија, заради лични интереси.

ЗАРАДИ ТОА: ДА НЕ ПРИФАЌАМЕ ДОГОВОР ПОД ДИКТАТ НА СОФИЈА СО ЦЕЛ ПРОМЕНА НА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ.

Македонија е наша обврска!

Македонска нација

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top