Коментари

Да, мој народе жива е Македонија

karolina-risteska-2

karolina-risteska-2

Пишува: Каролина Ристеска

Како ја коментирате новонастанатата ситуација во Република Македонија?

Република Македонија со потпишувањето на двата договори според мене капитулира од една страна. Што значи тоа?

Тоа значи дека целите, поради кои беа насилно инсталирани од страна на Западот овие т.н. политичари во самопрогласената влада, ги остварија: обезличување и создавање на нешто ново од земјава, нешто што ќе нема допирни точки со Македонија и Македонците.

Од друга страна пак кажете ми вие, каде се видело да бришеш историски народ кој како пиреј никнува и повторно како феникс се раѓа?

Сега ние Македонците гледаме личносно со свои очи и слушаме секојдневно за новонастаната ситуација на нашето бришење како ентитет од нашата мила земја Македонија. Тие не однесоа на север!? Далеку од сржта на нашето битисување.

karolina-risteska-3

Едно ќе побарам од сите вас: најдете фрескопис во некоја црква на Балканот или во целиот свет каде ќе пишува грчко царство! Нема да најдете со гаранција. Целиот свет да го прошетате 360 степени јужно, северно, западно и источно вие грчко царство нема да најдете и крај. Тука е болката на нашиот јужен сосед.

Македонија е божја земја запишана во Библијата. Денес тоа го научија и најтврдокорните противници на нашето име Македонија, Македонец, македонски. Јасно им е дека без македонштината Грција е празна вреќа! Затоа беше овој грозоморен план далеку пред оваа новонастаната ситуација. Создаден да ја уништи нашата историска срж мислејќи дека така ќе направат комплетно наше уништување, а нивни историски успех.

Успеаа!

Најдоа луѓе по нивниот калап и мерка да ги исполнат нивните планови и желби, со други зборови да ја спасат „празната вреќа“ т.н. Грција.

karolina-risteska

Има една многу важна мудрост во Библијата: како куќа чии што темели се на песок, па при првата поплава и бура, ќе се сруши така и куќа која е изградена врз бетон ќе остане цврста на сите бури и поплави. Сега ако ме прашувате дали Македонија е куќата со цврстите темели одговорот е цврст и решителен:ДА.

Оваа новонастаната ситуација со ништо нема да ја разниша нашата историска вредност. Тоа го знаат само врвните Македонисти. Еднаш Јуџин Н. Борза напишал во неговата книга „Македон во сенката на Олимп“ – Македонците од своето формирање како држава и народ биле и се посебен етникум.”

Колку и да пишуваат нова историја, колку и да уништуваат книги, колку и да ни ставаат епитети и имиња, ете и знамето ни го сменија, ние Македонците сме пиреј, пак ќе изникнеме. Ние на западот сме им трн во око да се разбереме еднаш засекогаш.

На балканот името Македонија е постаро од сите денешни новосоздадени држави и тоа е неизбришлив факт и вистина.

Мои сакани Македонци бидете храбри и запомнете дека нашата земја раѓала и јунаци и предавници но, Библијата засекогаш останува нашиот жив и вечен доказ на овој свет дека сме Македонци од Македонија и кој нема никој да успее да го уништи за век и веков.

Да, мој народе жива е Македонија. Амин.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top