Коментари

МАКЕДОНИЈА е име на оваа наша библијска земја од памтивек, оваа земја е МАКЕДОНИЈА, БИЛА И ЌЕ БИДЕ!

mane 1

mane 1Манојил (Мане) Јаковлески

Формирањето на Крушевската Република, нејзиното државотворно тежнение, е Аманет кој не обврзува, никогаш да не заборавиме кои сме и што сме и од каде сме. Аманет за верата, надежта, љубовта и за нашето Македонско постоење.

Илинденското востание, што го организираше и изведе ВМРО, претставува историски настан без преседан – Гласна Македонска декларација развеана низ Европа и светот – за слобода, за рамноправност, за демократија.

Аманетот на првиот Илинден конечно беше исполнет со вториот, победоносен Илинден тогаш како дел од големата светска слободарска коалиција, кога на 2 август 1944 година, беше формирана македонската држава.

На 8 септември, 1991-та година, на третиот Илинден, македонските граѓани, на Референдум се изјаснија за суверена и самостојна Република Македонија, со јасна одлучност, својствена на породот Илинденски, таа да се гради врз европските принципи на слободен пазар и владеење на правото.

Богоугодно е да се сака својот род и таа љубов да се споделува со другите! Оти тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство ни за другиот!

Затоа да не заборавиме: ние сме МАКЕДОНЦИ по род, култура, историја и традиција! Од род сме древен! МАКЕДОНИЈА е земја библијска!

Ние немаме проблем со своето име. Би имале кога би се сомневале во него, во себе, во нашиот идентитет. МАКЕДОНИЈА е име на оваа наша библијска земја од памтивек, оваа земја е МАКЕДОНИЈА, БИЛА И ЌЕ БИДЕ!

Во земјата и во странство, на очиглед на општествената јавност, се шират невистини дека Македонците се за промена на уставното име за да влезат во ЕУ и НАТО, односно дека ќе има позитивен исход на референдумот на Зоран Заев и неговата СДС за промена на името. Основната тенденција на овие лаги се насочени против идејата за обнова на македонското заедништво кое е против промена на уставното име и идентитетот на македонскиот народ.

Македонците не сакаат членство во ЕУ и НАТО ако е, објавениот ненароден и неуставен референдум за промена на името на Република Македонија и на нашето историско национално име македонка, македонец,…

Бог да ја благослови библијска Македонија!

Амин!

1

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top