Коментари

Самиот референдум е геноциден

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Пред очите на меѓународната заедница, во минатото е извршен геноцид во Македонија. Покрај поделбата на Македонија, големите сили дозволија од страна на соседите да се врши целосно или делумно уништување на македонскиот народ, со вршење убиства, тешки телесни повреди, присилно раселување, односно негово целосно или делумно истребување.

Овој геноцид кој е вршен врз македонскиот народ во минатото, продолжува и денес, само на пософистициран начин. Денес на референдум Македонците сами треба да се откажат од своето име, идентитет и култура.

Први елементи на геноцид има при преселувањето на 60.000 Македонци од Егејскиот дел на Македонија во Бугарија, по потпишувањето на Договорот за размена на населението меѓу Грција и Бугарија во 1919 година. Потоа геноцидот се зголемува по Втората светска војна кога близу 100.000 Македонци се протерани од Егејскиот дел на Македонија во текот на Граѓанската војна во Грција (1946-1949). Да не ги заборавиме тука и децата бегалци од овој период. Повеќе од 30.000 македончиња се евакуирани од Грција и раселени низ земјите на Источниот блок.

По завршувањето на војната, грчката власт преземаше присилни мерки за целосна асимилација на Македонците и за непризнавање на нивниот етнички идентитет.

Овој грчки однос кон Македонците трае до денес и треба со помош на истите сојузници од 1947 година да заврши на штета на македонскиот народ. Осносно, Македонците треба на референдум сами да се откажат од својата историја идентитет и култура.

Самиот референдум е геноциден. Со прифаќањето на промена на името Република Македонија, Македонците не само што ќе ги снема од историската сцена, туку, меѓудругото се оправдува геноцидот извршен од страна на Грците врз Македонците во минатото, нешто за кое може само да се прости, но не и да се заборави и избрише од историјата.

Во поновата историја елементи на геноцид се забележани и во текот на војната во Македонија од 2001 година, кога од подрачјата зафатени со неа беа присилно протерани повеќе од 76.000 лица, претежно Македонци.

Инаку, терминот „геноцид“, усвоен на заседанието на Генералното собрание на ООН, преставува меѓународно злосторство на намерно потполно или делумно уништување на националните, етничките, расните и религиските групи. Спаѓа во најтешка група на злосторства против човештвото. За разлика од етничкото чистење, каде е цел да се исчисти територијата од одредена група на луѓе, кај геноцидот цел е физичко истребување. Можеби најпознат пример е Холокаустот.

По Евреите, денес Македонскиот Библијски народ ќе биде изложен на Холокауст.

Само за разлика од Евреите, кои беа убивани во логорите на смтртта од нацистичкиот режим на Хитлер, овде македонските квинслишки власти го тераат својот народ да излезе на референдум за да потпише дека се согласува да влезе во „гасна комора“.

Единствен спас од колективното самоубиство на македонскиот народ е бојкотирање на референдумот кој е закажан на крај на септември.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top