Коментари

ДВОЈНИТЕ СТАНДАРДИ НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА И ВО ПОСТРЕФЕРЕНДУМСКА МАКЕДОНИЈА

Се повикуваат на правото, но колку го почитуваат

ДВОЈНИТЕ СТАНДАРДИ НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА И ВО ПОСТРЕФЕРЕНДУМСКА МАКЕДОНИЈА

Редица странски дипломати и функционери едноставно ги пренебрегнуваа суверенитетот, правната регулатива и законите на Република Македонија, но и основните постулати на меѓународното право. Ваквите двојни стандарди на меѓународната заедница кога станува збор за почитување на правото и законите ја наметнуваат дилемата колку тие самите го почитуваат тоа на што секогаш се повикуваат

Во текот на референдумската кампања, а трендот продолжи и по 30 септември меѓународната заедница отворено застана на страната на коалицијата „За европска Македонија“. Во деновите пред референдумот, некои од лидерите на европските земји, кои ја посетија Македонија или испратија видеопораки (Ангела Меркел, Себастијан Курц, Емануел Макрон), се потрудија во своите изјави барем формално да го испочитуваат правото на граѓаните на Македонија самите да донесат одлука, пред да го изговорат она фамозно „но“ по кое следуваа условот или ултиматумот. На тој начин барем оставија привид дека ги почитуваат внатрешниот правен систем и демократијата во земјата од која бараат да се откаже од своето уставно име и идентитет за да ја земат предвид во чекалницата за својот клуб. Секако, во поголем број беа оние изјави за поддршка од странските политичари, кои во пораките дека за земјата нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО, што значи дека референдумот мора да успее по секоја цена, едноставно ги пренебрегнуваа суверенитетот и правната регулатива и законите на Република Македонија, но и основните постулати на меѓународното право.

Ваквите двојни стандарди на меѓународната заедница кога станува збор за почитување на правото и законите ја наметнуваат дилемата колку тие самите го почитуваат тоа на што секогаш се повикуваат. Ако го почитуваат тогаш сигурно им е јасно дека референдумот не го постигна законскиот цензус, што сега го премолчуваат. Исто така на претставниците на меѓународната заедница веројатно им се јасни и одредбите и постулатите на меѓународното право и правото на самоопределување, кое во случајот со Македонија грубо се прекршува. Да биде иронијата поголема дури и неколку дена пред референдумот, делегација со правни експерти од Македонија, на чело со министерот за евроинтеграции, Бујар Османи и министерката за правда, Рената Тренеска-Дескоска, заминаа за Брисел, каде што (како што кажуваа во јавноста) го започнале скрининг-процесот за почеток на преговорите за членство во ЕУ, со разгледување на поглавјата токму за владеењето на правото. Европа ќе нѐ учи што е право, правна држава и почитување на законските одредби, кои патем самата Европа или нејзините функционери ги игнорираат.

Иронично, но неколку дена подоцна, со објавувањето на резултатите од референдумот, токму високите функционери на ЕУ (Хан, Могерини…), се впуштија во толкување на правото и законите во Република Македонија, прифаќајќи го само гласот на оние што излегле на референдумот, пренебрегнувајќи го фактот за слабиот одзив и непостигнатиот законски цензус.
Ако најавуваат скрининг нека го почнат, односно прво самите тие да го почитуваат законот за референдум и членот од законот во кој јасно се дефинира потребниот законски цензус за референдумот да биде успешен.

Сличен поглед на правото беше доминантен и во пораките од Стејт департментот на САД и други пораки на официјални западни функционери. Сепак, и два дена по референдумот се чини изостанува официјалната реакција за референдумските резултати во Македонија, на канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц, кои дојдоа лично во Скопје пред референдумот за да изразат поддршка.

Во секој случај, и овие изрази на поздрави и поддршка само на парцијалните резултати на македонскиот референдум, на кој граѓаните требаше да се изјаснат за влез на земјата во ЕУ и во НАТО, со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција, е само продолжување на политиката на двојни стандарди на меѓународната заедница кон Македонија и нејзините напори за интегрирање во евроатлантските процеси.

– Како долгогодишен активист во граѓанскиот сектор и промотор на (универзалната декларација на) човековите права и на европските вредности и принципи, токму тоа отклонување од стандардите ми пречи и во самиот договор (непочитување на владеењето на правото, правдата, правото на самоопределување и недискриминација), а и во толкувањето на резултатите на референдумот, односно игнорирањето на легалитетот (неисполнувањето на законскиот услов за цензус од 50 отсто), а истакнување само на елементот на легитимност (навистина јасно изразената и недвосмислена волја „за“, но само на тие 37 отсто што излегле на гласање). Додека во сите водечки западни медиуми јасно се констатира неуспехот на референдумот, некои од водечките политичари од ЕУ и од НАТО (Хан, Могерини, Столтенберг) им честитаат на тие што излегле да гласаат и за големата поддршка на опцијата „за“. Но, веќе се навикнавме, особено во случајов со спорот за името, политиката и правото да не одат рака под рака, па овие изјави го отсликуваат пред сѐ интересот на овие институции – да се прими Македонија во членство, но само со решен спор со Грција.

Да, тоа е и наш интерес, а и големата поддршка „за“ го покажува тоа, но очигледно не по секоја цена, односно не со ваков договор со Грција. И резултатите упатуваат на тоа – дека отпорот кон договорот е приближно еднаков со поддршката, а можно е и поголем, па се чини дека ќе мора да има обид за ревизија иако тоа не е по волјата на функционерите, кои ја изразија поддршката за договорот, а и сите процени (вклучувајќи ја и мојата) се дека тешко ќе може да се дојде до поповолен договор наскоро (или кога било), откако оваа влада се согласи на сето тоа што стои во овој договор – вели Александар Кржаловски, прв извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Двојните стандарди на ЕУ, во поглед на правните стандарди за признавање на резултатите од националните референдумски изјаснувања, илустративно се споредуваа со референдумите во Каталонија, минатата година, и токму во Македонија, на 30 септември годинава. Имено, Европската Унија минатата година констатира дека референдумот за независност во Каталонија е неуспешен иако одзивот бил 43,03 отсто, а „за“ гласале – 92,01 отсто од излезените граѓани. Резултатите од референдумот во Македонија се: одзив од 36,91 отсто, гласале „за“ – 94,18 отсто, а ЕУ испрати честитки за успехот.

– Тоа само укажува на двојните стандарди на ЕУ и нивната примена во овој постреферендумски период во Македонија, претставува мобинг врз нацијата. Меѓународната заедница треба да сфати и да прифати постоење на македонската нација што има политичкоправен суверенитет на територијата на Република Македонија, нормално споделен со сите други граѓани што се делови од албанскиот народ и сите други етнички заедници, како што се претставени во Уставот – вели професорот Љупчо Ристовски.

Ова секако не се единствени и изолирани примери на двојни стандарди на меѓународната заедница кон Македонија. Листата е многу подолга почнувајќи од условените препораки, потоа непочитување на пресудата на Меѓународниот суд за правдата во Хаг, кој пресуди во полза на Македонија во однос на блокадата од Грција итн.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/%d1%81%d0%b5-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba%d1%83

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top