Коментари

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (1)

1 1a

makedonija moj kopnez

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

На 1 февруар 2019 година, во Музејот на Македонската Револуцинрна Борба – Скопје беше промовирана монографијата “Македонија, мој копнеж – Манојил Мане Јаковлески” од Киро Кипроски. Во книгата се говори за непоколебливата борба и неизвалкана љубов на Маноил кон татковината, која отсекогаш сакал да ја види како слободна, обединета, демократска и современа држава. Воведувајќи не во книгата која го опишува животот и делото на Маноил Мане Јаковлевски, авторот Кипровски во својот вовед ќе забележи:

„Кога ќе се погледне животниот пат на Манојил Мане Јаковлески, неизбежен е впечатокот дека тој и Македонија се не раздвоен дел. За Манојил таа е икона пред која се крсти  и секој ден се бори за нејзината иднина. И, ако случајно, по неговата смрт, се распара неговото срце, таму ќе ја најдете насликана Македонија, цела и единствена, со сите распарчени делови…

… Неговата љубов кон неа е чиста и неизвалкана од било какви интереси или пак кариеристички побуди, карактеристични за многумина квази Македонци, кои декларативно се борат за Македонија, а интимно во преден план ги ставаат сопствените интереси.

Кај Манојил љубовта кон поробена и поделена Македонија се јавува уште како дете, кога првпат дознал за големите страдања на Македонците, кои по диктат на силните, беа и се уште се присилени да живеат во различни држави, подложени на невидени пропаганди, терори асимилација. Но, неговата вистинска борба за Македонија започнува по пристигнувањето во Западна Германија, каде повеќе ќе се запознае со неправдите кон Македонците и неговата Македонија, која по сила на приликите морал да ја напушти.

Ресторанот „Ново Скопје“, во Западен Берлин, сопственост на неговиот брат Гојко, кај кого во почетокот ќе работи, а потоа ќе раководи со бизнисот, ќе го претворат во центар на македонството, од каде на сите страни ќе се шири идејата за обединета, слободна и демократска Македонија.Однего, како што многумина ќе го наречат неформална македонска амбасада, ќе започнуваат речиси сите активности на Македонците ширум Европа и тука ќе се раѓаат идеите како организирано пред светот да се брани новата македонска држава и нејзиното име.

Во„ Ново Скопје“ ќе се собираат сите Македонци од дијаспората, зашто браќата Јаковлески ќе станат симбол на македонската борба.

Во ресторанот ќе навраќаат и македонски претседатели и премиери и многу други видни личности, естрадни пејачи, сликари и поети кои по разни поводи престојувале во Германија. Сите ќе сакаат да го видат местото за кое многу се говoрело во Македонија, и покрај тоа што властите на Титова Југославија на своите граѓани не им го препорачувале познатиот ресторан. Напротив, тие им забранувале било какви контакти со сопствениците кои биле обележани како антијугословенски и антимакедонски елементи.

Меѓутоа, без разлика кој од какви побуди доаѓал во „Ново Скопје“, сите, без исклучок, дури и тие што работеле за УДБ-а заминувале со единствениот впечаток дека во ресторанот на браќата Јаковлески, Македонија се сака повеќе од било каде во светот, па дури повеќе и од дома.

Во „Ново Скопје“ треба да се бараат и зачетоците на формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, зашто тука е родена идејата за создавање на ова партија, чии основачи се и браќата Гојко и Манојил Јаковлески. За цело време, од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ,па се до денес, Манојил е вклучен во активностите на партијата и се борел против сите неправди, се со цел да и помогне на Македонија. Сешто имал и можел дал за остварувањето на македонската идеја, но не секогаш бил соодветно ценет неговио тогромен труд што го вложувал.За разлика од Манојил, кој не жалел ни труд ни средста за доброто на татковината, на политичката сцена испливувале анонимни личности, на кои партијата и Македонија им служеле како параван да остварат други цели.

Борбата на Манојил Јаковлески за слободна, обединета и демократска Македонија е повеќе-децениска и е исполнета со многу ризици и жртви, особено во времето кога темата за нејзино обединување била строго забранета, а луѓето што работеле на тоа завршувале во затвор.“

Со оглед дека секој збор пренесен во оваа книга- монографија за големата македонска борба на Манојил, е автентично сведоштво за тоа страшно минато време, но и за бурните и неизвесни години на осамостојувањето на младата македонска држава, во продолжение ќе бидат објавени извадоци  Како што пишува авторот, „оваа книга за Јаковлески треба да се чита како учебник, од кој помладите можат да дознаат многу нешта од поблиското македонско минато и истовремено да научат како да ја сакаат својата татковина.“

(продолжува)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top