Коментари

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (2)

1 1a

makedonija moj kopnez

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (2)

За атентатот на претседателот Киро Глигоров осомничени членови на ВМРО ДПМНЕ

Во монографијата “Македонија, мој копнеж – Манојил Мане Јаковлески” се говори како за атентатот на претседателот Киро Глигоров биле осомничени членови на ВМРО ДПМНЕ.

Имено, тогашните власти ќе искористат еден состанок во Галичник за да го насочат своето внимание кон нив, наместо кон вистинските виновници. Авторот Киро Кипроски, кој и самиот учествува на состанокот во Галичник, за исказите во врска за испитувањето на групата од страна на инспекторите на СДБ пишува:

„На една од паузите на 10-тиот јубилеен Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржа на 6 и 7мај 1995 год., на претседателот Љубчо Георгиевски, му предложив да направиме анализа за активностите на некои партиски структури, за кои имавме сознанија дека отстапуваат од стратегиските цели на партијата. Предложив, да се сретнеме во Галичник, односно во месноста Старо Село, кај црквата„ Света Петка“, оддалечена од Галичник, околу 6-7км. Тој се согласи и средбата ја одржавме на 9 мај 1995 год. На средбата бевме дванаесет луѓе. По ручекот, шетајќи низ буковата шума, имав подолг разговор со Георгиевски, во четири очи. Разменивме мислења за одредени проблеми, кои беа присутни во партијата“, се сеќава Манојил на оваа средба и додава: „Од мене побара повеќе да се активирам во партијата, но и целосна поддршка од задграничните комитети, во кои членуваа мошне моќни луѓе, за да направи ред во партијата“, раскажува Манојил. Во весникот„ Нова Македонија“, беше објавена фотографија и мал текст за средбата во Галичник, каде во полу-шега, беше напишано дека„ Комитите се на висински подготовки“.

13 Мај 1995 г. Галичник- Црква Света Петка

На пикникот, покрај Љубчо Георгиевски и Манојил Јаковлески, присуствуваа и Александар Флоровски, тогашен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Трепски, личен возач на претседателот на партијата, како и гостиварците Делче Ицков, Никола и Иван Куковски, Митре Ќипроски, Јаков Јаковлески, Миле Милошески,  Русе Ивановски и авторот на книгава Киро Кипроски.

Неколку месеци по средбата во Галичник, на 3 октомври 1995 година, во Скопје, беше извршен атентат врз КироГлигоров, претседател на Република Македонија.

Структури на СДБ, средбата ја искористија, како„ доказ “дека дванаесетмината вмровци, кои се сретнаа во Галичник се под сомневање дека наводно таму, во планината, подалеку од јавноста, го договарале атентатот!!! „Поради тоа, сите седуммина гостиварци, кои бевме на галичката средба, одделно бевме повикувани во СДБ-Гостивар и бевме сослушувани од инспектори“, се сеќава Јаков Јаковлески, еден од учесниците на средбата и додава:. „Тоа беше најголема глупост. Наместо да трагаат по организаторите, нарачателите и извршителите, тие се настрвија врз нас. Целта им беше јасна и провидна, да ја дискредитираат партијата ВМРО-ДПМНЕ, која беше популарна меѓу народот. Со полициски методи, владејачката партија СДСМ, сакаше да ни го урне угледот.

Претпладнето бев на работа, началникот на СВР Гостивар, телефонски ме повика веднаш да појдам кај него. Во канцеларијата ме чекаа двајца инспектори на СДБ. По краток разговор, се повлековме во нивната канцеларија. Ме понудија да се напиеме по чашка виски (знаеја дека сум мераклија на„ чашка“). Ја одбив понудата, бидејќи сакав да бидам трезен и одговорно да одговорам на чувствителните прашања. Ги интересираше мотивот за средбата во шумата, кај црквата„ Св.Петка“, во околината на Галичник. Прашуваа што сме разговарале и дали говоревме, за подготвување на атентати.

Категорично ја одбив провокацијата, дека воопшто не стнало збор за тоа, ниту пак некој помислувал да убива. По неколку часовен разговор, ми дадоа бели листови хартија да напишам изјава. Ја напишав на седум страници и ја потпишав. Ми побараа фотографии од средбата, им реков дека немам“, раскажува Јаков Јаковлески.

„Мајскиот еднодневен излет во Галичник и околината, во 1995 година, со Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, со мојот другар од детството Манојил Јаковлески, со пратеникот Александар Флоровски и со моите сопартијци, доживувањата ми останаа во сеќавања и никогаш нема да ми избледат од мојата меморија“, вели Миле Милошевски. „Прекрасно се дружевме, уживавме во недопрената природа на планината Бистра, видовме многу од културното богатство наГаличник, а на пикникот кај црквата „Св.Петка“, оддалечена 6-7 км од Галичник, во уникатен амбиент разговаравме на партиски теми и многу нешта научив од нашиот лидер. Но, по неколку месеци бевме осомничени дека ние сме го кроеле планот за атентат на претседателот Глигоров, далеку од јавноста, во галичката шума. Неколку денови по неуспешниот атентат бев повикан во Службата за државна безбедност во Гостивар. Инспекторите неколку часови ме испрашуваа и покрај тоа што јас и другите учесници на излетот им тврдевме дека ние немаме врска со атентатот, и дека на средбите со претседателот Георгиевски воопшто не зборувавме за организирање на атентати. Впрочем, ВМРО-ДПМНЕ е сериозна политичка партија, а не терористичка, како што ја замислуваше тогашната владејачка гарнитура“, раскажува Милошевски.

Фотографија: Киро Кипроски

(продолжува)

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top