
СО БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ НЕКА Е СРЕЌНА И БЕРИЌЕТНА НОВАТА 2025 ГОДИНА И НЕКА СЕ ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ КОИ НИ ПРЕТСТОЈАТ.
Во новата година да си посакаме за нашата Македонија да има среќа.
Во Новата 2025 Година да посакаме да се постигне политичко единство, во име на оваа и сите идни генерации, во име на оваа наша Македонија.
Да ја прославиме и дочекаме Новата 2025 Година со љубов и верба во Бога, да го прославиме Божиќ и да го чествуваме Господ на автентичен Македонски начин. Да ги отвориме срцата и да посакаме Македонија да продолжи со реформите, успесите и подобрувањето на економската слика, да видиме задоволство на сечие лице и среќа во сечие срце.
Браќа и сестри, каде и да сте, СРЕЌНА НОВА 2025 ГОДИНА И ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ!
Манојил Мане Јаковлески