Коментари

Коте од Руља би се гордеел со Заев

Igor Janusev

Igor JanusevИгор Јанушев

Има една реплика од последниот филм на Столе Попов, кога комитата го прашува својот соборец: “мислиш дека ќе го паметат ова што го правиме”? Соговорникот одговара: “не … да, ќе се сетат … па, пак ќе заборават. Но, тоа не ги спречува да тегнат кон противникот, зошто во нив беше самопрегорната идеја за слобода”.

Е сега, од денешна гледна точка, “тие што забораваат”, за жал, ги имаме на власт. И, не ги обвинувам ниту Бугарите, затоа што по таа аналогија и Грците ќе требаше да бидат подеднакво виновни. До Заев е проблемот. Го прочитаа луѓето, кај него само цената треба да се погоди, се друго може да се договори и е прашање на форма.

Пред очи ни се турка проект за создавање на нова нација, со нов јазик и историја, со сменето име. Тоа е втората фаза, бидејќи првата ја гледавме од костумираните “контиња” во Нивици. Не е проблем јазикот, ниту историјата – тие се наши – Македонски, проблем се лепливите прсти и немањето кичма кај Зоран Заев.

Ако во економијата имаме банкрот, во надворешната политика имаме капитулации. Таквата простодушност на Заев завршува со втората фаза на создавање на “зомбифицирана” реалност, моделирана не од македонскиот народ, туку од тенденциите и интересите на соседите. Зоран Заев наместо да биде брана за македонските интереси, тој е проводник на туѓите интереси.

Коте од Руља би се гордеел со Заев, а Гоце Делчев би повторувал „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови”.

И, во тој контекст го очекувам Заев во скоро време да излезе со блага простодушна насмевка и да каже ние градиме мостови, и да повтори за жицата македонска. Ама таквите оксиморони ја докажуваат неспособноста на нашата дипломатија, но пред се отсуството на државна стратегија која одново завршува со неуспех. Таквата политичка “проституција” на Заев сите нам не чини држава. Тој среќен со неговите милиони, а сите други несреќни без Македонија која на многумина им е се. Историјата памети, и Заев ќе го памети веднаш до Коте од Руља или можеби повисоко на столбот на срамот.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top