Коментари

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (57)

1.0.6

1.0.6

Голем број познати личности од јавниот живот говарат за ликот и делото на Мане Јаковлески. За некои тој е голем патриот, за друг чувар на името и идентитетот на Македонците, за трет неформален амбасадор на македонскиот народ додека престојува и работи во Германија итн.

1.0.5

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, новинарот Слободан Томиќ опишувајќи го Мане како „бастион во одбраната на македонството“, како и за човекот кој го градеше македонизнот дома и во Европа, ќе истакне:

„Имам убави спомени за македонскиот бедем во Берлин – „Ново Скопје“. Да, во „Ново Скопје“ се бранеше, се градеше и се калеше Македонија и македонизмот во Германија и во Европа! Во овој македонски бастион во Берлин, доаѓаа многу Македонци, за жал и такви кои се одметнаа. Но, доаѓаа и тие, кои останаа достојни на ветеното и кажаното за единствена, заедничка и непроменета Македонија по род и име, идентитет, јазик, култура, историја и се’ што значи македонско. Кога велам одметнатите, мислам на Македонци, кои никогаш не е доцна да се покајат и да се вратат во стадото со своите браќа Македонци, повторно заедно да ја унапредат и зачуваат куќата Македонија, без никаква промена на нејзиниот лик и со аманет за: името, идентитетот, јазикот, историјата, културата! Јас сеуште верувам дека тоа ќе се случи, бидејќи човечки е да се згреши, а уште по човечки е покајувањето и прошката.

Дај Боже што повеќе вакви македонски бастиони и дај Боже што повеќе македонски бранители, но не за пари, кариера, функции и ситни бедни интереси, туку да се спаси и запази македонската култура, име, идентитет, јазик, се’ во врска со Македонија и Македонците!

Во „Ново Скопје“, во овој храм на македонизмот се зборуваше со многу Германци, Англичани, Французи, Американци што е Македонија и кои се Македонците. За жал, денес, по скопските кафулиња, меани, биртии и крчми, како и низ цела Македонија, чест на исклучоците, се зборува и се водат муабети со пораките: „ Е, ајде, чуму ни е името, идентитетот, јазикот! Дајте ни пари и само пари, или некоја напојница. Тоа ќе ни остане! Само будали гинат за идеалите…“

За жал, тоа е одраз на успешната удбашка индоктринација, која во изминатите 70 години во континуитет ја набилдаа антимакедонската кампања, со цел да ја снема Македонија од картата на народите и географските атласи.

Зарем не е убаво, секој од нас да биде спасител и поддржувач на македонската идеја и приказна, а таа е вистинска, не е ретуширана, иако некои денес бараат „ревизија“ на македонската вистина, историја и приказна.

Чесно ли е самиот да си ја уништиш или рефундираш историјата на сопствениот народ и земја?

„Хигиенски“ ли е да му се потсмеваш на ликот и делото на македонскиот хероји неговото семејство, дека синот или ќерката загинале за Македонија во време на фашизмот? Како ќе ве разберат вашите „пријатели“ или „партнери“ за добрососедство, кога тоа го велите јасно и гласно, а притоа ви се смеаат преку медиумите, прашувајќи се самите, зарем и вакви има на планетата Земја или во сопствената држава?

Каде сме ние во медиумскиот простор? Дали воопшто некој се запрашал? Кога велам каде сме, мислам каде сме ние новинарите или поддржувачите на македонската идеја? Ова ли се реформи во медиумите во Македонија? Ова ли е слобода во медиумите за кои што се залага човекот, кој ветува живот за сите во Македонија? Прашувам, каде се македонските новинари, кои би застанале зад секој македонски збор, идеја?

Сите сме на улица, оставени во една рака! Каде се соросоидите, кои цело време беа товарени со тешки милиони и аргатуваа, сеуште измеќаруваат за туѓи бели дворови, уништувајќи ја во целост Македонија?

Да, тие се на сигурно, на топло и со своите дебели задници, сместени во удобни фотелји и веќе стокмените кабинети, а креирани и изградени од „криминалната банда“ и „фамилијата“, како што вообичаено ги нарекуваат, за тие сега со дебели хонорари и најскапи компјутери и системи, да уживаат во овие луксузи, коментирајќи за тоа како е убаво да се плука по „наивните вмровци“, кои сите 11 години ги „товеа, збогатуваа и дебело со хонорари и проекти наградуваа и напојуваа“?!

Народот на ова и ден денес останува избезумен, бидејќи еднаш да згрешиш човечки е и можно, но вторпат да згрешиш, значи нешто не е во ред со тебе.

Народот вели, соросоидите си уживаат и грицкаат од „морковот“ добиен од вмровците и фамилијата.

И да биде уште потрагично, денес никој за ништо не смее да каже што е ова? Што ли се случува? Сиромаштија, страв, криза, празна државна каса за 700 милиони евра, за само пет месеци убиства, насилства, страв да се движиш по улица, гушење во смог, ослободување од царинските давачки за сопствени интереси и цели, и што ли уште не…

Е, тоа е свесно затемнување. Без заштитно огледалце на очите, не ти бега слепило. Но, слепилото е веќе јаве и се’ е јасно како ден. И пак за и околу новинарите и медиумите… Прашувам, каде е ЗНМ? Каде е МАН? Се’ е јасно како ден. Сите се навртени во иста тиква, сите мислат за спасна сопствена кожа и задник. Но, не е само тоа, секој мора да си го одработи веќе ветеното или спонзорираното. Убаво е да си достоен на ветеното, но пред се’ треба да се преиспита самиот, секој кој ветил што е тоа што ветил и кому ветил? Ако ветил дека ќе се залага за Македонија или за се’ што е македонско, тогаш тоа е светото и пресветото и пред се’ дозволено и од Бога благословено!

Слободан Томиќ

(продолжува)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top