Коментари

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (59)

9.9

9.9

Маноил Мане Јаковлевски кој учествува во основањето на ВМРО ДПМНЕ и во ширење на партиската мрежа во земјата и странство, со право го сметаат за енциклопедија на партијата. Огромниот број на документи од тој период па до денес само го потврдуваат неговиот голем допринос во развојот не само на партијата, а со тоа и на заживување на повеќепартискиот живот и на демократските процеси во земјата.

1.8.3

ФОТО: Сашо Аќимовски, Лоран Страшески, Претседателот на Р.М. Ѓорге Иванов, Сашо Страшески, Манојил Јаковлески и Емануел Јаковлески во зубовската црква Св. Огнена Марија

Мане Јаковлевски сигурно го заслужи своето место во поновата историја на Македонија. За неговите заслуги говорат неговите современици. Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, пријателите на Мане говорат за неговиот не само партиски допринос, туку и за неговата потрага по вистината за Македонија, како и неговиот ангажман по осамостојувањето во промоција на македонската држава.

Меѓу пријателите кои во монграфијата говорат за делото на Мане Јаковлевски е и Сашо Аќимоски, поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Гостивар и пратеник. Тој покрај што вели дека Мане е енциклопедија на ВМРО ДПМНЕ, за него ќе напише:

„Во 1996 година станав член на ВМРО-ДПМНЕ, ми се исполни желбата и се вклучив во активностите. Членовите со подолг партиски стаж ми говореа за Манојил Мане Јаковлески, еден од основачите на нашата партија, дека има големи заслуги за основање на општинските и месните комитети во западниот дел на Македонија и покрај тоа што живееше и имаше сопствен бизнис во Берлин, Германија. Лично не го познавав, но од она што сум го слушал, имав голема желба да го запознаам, да се дружам и да учам од неговото богато и уникатно искуство. Од неговите написи и интервјуа објавувани во печатените и електронските медиуми, ми се доближија неговите партиски и државни ставови, како да ја градиме Македонија во современа, демократска и независна држава. Од текстовите на Манојил дознавав, дека Македонците сонот за голема Македонија можат да го остварат само во обединета Европа, со паѓањето (отворањето?) на границите. Се восхитував од неговите ставови и посакував да имам контакти со него и да ги разменувам моите мислења и ставови. Набргу и тоа се случи. На третите парламентарни избори во 1998 година, нашата партија со коалициониот партнер Демократска алтернатива, извојувавме убедлива победа. На гостиварскиот градски плоштад организиравме голема народна прослава, на која се запознав со Манојил. Оттогаш нашите средби и разговори беа почести и во континуитет соработуваме за доброто на македонската држава, на граѓаните и на нашата партија. Од Манојил многу научив, како треба да се сака и да се бори за татковината, за Македонија. Неговите совети многу ми значеа и ми помагаа за поквалитетно подготвување и реализирање на четиригодишната партиска програма.

Манојил Мане Јаковлески е енциклопедија на ВМРО – ДПМНЕ. Од него може само да се учи. Неговите совети, неговото големо искуство, несебично ни го пренесуваше на нас помладите. Во многу судбоносни моменти, ќе ни предложеше соодветно решение, што беше пресудно за надминување на проблемот.

Се додека постојам, ќе се сеќавам на неговите совети, на дружбите и никогаш нема да избледат од мојата меморија. Како можат да избледат? Јаковлески го красат многу човечки особини: поседува цврст и непоколеблив карактер, секогаш подготвен да им помага на сите, кои имаат потреба од помош, без разлика на етничката, политичката или на друга припадност. Сведок сум, како на многу загрозени семејства или на поединци: Македонци, Албанци, Турци и на други националности, им помогнал во надминување на проблемот. Голема помош и поддршка ни дава во реализација на партиските програми. Со заедничко ангажирање успеавме да им помогнеме на неколкумина гостиварски бизнисмени да го прошират и осовременат производството. Успеавме во намерата, да се донесе урбанистички план за стопанскиот комплекс во село Зубовце. На наше големо задоволство, веќе успешно функционираат три индустриски капацитети, а наскоро ќе проработат уште два индустриски капацитети во стопанскиот комплекс „Зубовце два“.

Од големиот број активности од нашето заедничко работење, ќе одделам уште една реализирана активност. Во 2013 година, заедно со г. Манојил, успеавме на жителите на гостиварската населба „Циглана“, да им ги обезбедиме потребните документи за изградба на црква. Наредната година, на 19 август, ја осветивме и положивме камен темелник на новата црква „Преображение Господово“.

Во 2012 година, како претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, поднесов предлог, Манојил Мане Јаковлески да биде избран за почесен член на Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ Гостивар. Предлогот беше усвоен едногласно, без ниту еден глас против или воздржан, и со акламација и воодушевување го поздравија изборот.“

(продолжува)

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top