Коментари

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (60)

9.9

9.9

Манојил Мане Јаковлевски со својот патриотизам, со својата љубов кон Македонија, како и со своите допринос кон земјата и партијата ВМРО ДПМНЕ, беше пример и даваше огромен поттик за младите. Познат во партијата ВМРО ДПМНЕ како Надвојводата, тој стана идол на македонската младина. Тој стана икона во поновата историја на македонската борба за осамостојување и создавање на суверена и независна македонска држава.

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, во однос на неговиот допринос кон татковината и партијата ВМРО ДПМНЕ, говори и Лоран Страшевски – актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Во својот осврт за Надвојводата Мане, кого го нарекува дека е неуморен трагач по вистината, ќе напише:

„Да се сака татковината е најсвето чувство, што треба да го поседува секој човек. Земјата родилка е коренот од каде се гради лозата, семејното стебло, кое како најголемо богатство се пренесува од генерација на генерација. Вистинскиот родољуб си ја љуби својата земја, каде и да е, колку далеку да е, па и години да не стапне на нејзиното тло.

Среќа моја е, што сум израснал во такво семејство, во таква средина, каде Македонија е светост. Среќа моја е, и што од мали нозе, го знам Манојил Мане Јаковлески, на почеток како татко на мојата добра пријателка, неговата ќерка Рафаела, со која заеднички ги минувавме ученичките денови, а потоа и како мој идеолог. Се сеќавам убаво на неговиот дом, каде често свратував. Најмногу се воодушевував, кога ќе се погодев кај нив, а тука се зборува за Македонија, нејзиното минато, борба, граници, предавници, визионери, нешто што кај мене будеше интерес, детското сетило да го усмерам и да впивам како сунѓер се што ќе се изговореше. Иако и во мојот дом, патриотизмот беше секојдневие, она што го доживував во куќата на Надвојводата (така го викаме во партијата), за мене беше кулминација и поттик, да почнам да читам историјат за мојата Македонија, да истражувам, да го јакнам духот. Како што растев, така растеше и мојата љубов, но и желба често да се сретнувам со Мане, за да зборуваме, да разменуваме мислења, да визионираме. Не сум сретнал човек, што повеќе ја сака Македонија од него. Таа му беше и сеуште му е се. Целиот свој живот и го посвети, токму нејзе, на неговата најголема љубов – Македонија. Иако, долги години работеше во Германија, а притоа четири години му беше забранет влез во татковината од службите на УДБА, сепак тој не се откажуваше од визијата и идеалот. Иако, приватниот бизнис и печалбарството во Германија, изискуваат посветеност и желба за заработувачка, тој поголемиот дел од тешко заработената пара, од срце ја дарува на организацијата, на која е еден од идеолозите.

Се сеќавам, кога како гром низ моето село Зубовце одекна веста, дека браќата Гојко и Мане Јаковлески, заедно со Драган Богданоски и уште неколку мина прогресивци, ја формирале партијата ВМРО – ДПМНЕ, која треба да се шири низ сите градови и села. Бидејќи тогаш бев малолетен, едвај чекав да наполнам 18 години и да се зачленам. Така и сторив, во 1991 година станав член на најголемата, најорганизираната и најпатриотската партија ВМРО – ДПМНЕ. Никогаш и во ниеден момент не се покајав, што сум дел од оваа организација, напротив со гордост ја носам идеологијата во мене.

Откако станав полнолетен, веќе средбите со Надвојводата беа„ рамноправни“. Со нетрпение го очекував секое негово доаѓање од Германија, за веднаш да појдам, да го видам, да поразговараме за Македонија, за ВМРО, за организацијата. Зборувавме со часови. Имаше трпение за секого. Неговите поттици, за мене беа многу важни и мотивирачки. Така, станав активен член на Унијата на млади, чиј претседател беше Вите Димитриески. Мане секогаш знаеше да ја пофали мојата желба за организација и активност, но и да ме поттикне, никогаш да не се откажувам од идеалите. Кога ги слушав сите „сопки од своите, ближните“ кои ги доживувал, а никогаш не потклекнал и не се предал, кај мене уште повеќе растеше желбата да работам за партијата, а преку неа за Македонија. Секогаш ми велеше дека имало и ќе има предавници и кодоши, но секој сам си го одбира патот по кој ќе чекори. За мене, од непроценливо богатство беа овие мигови на разговор, а особено кога ќе ми дадеше некоја книга за Македонија, цела и обединета.

Така, чекор по чекор, ги искачував скалилата од партиската хиерархија, па кога станав претседател на ОК ВМРО – ДПМНЕ Гостивар, меѓу првите честитки ја добив и искрената желба од Мане, кој изрази уверување дека солидно ќе одговорам на довербата. Поттикот, поддршката и довербата што ја добивав и сега ја добивам од Надвојводата, за мене има големо значење. Тој секогаш е конструктивен во своите дискусии, но и подготвен да помогне во било која ситуација.

Манојил Мане Јаковлески е визионер, неуморен трагач по правдата, смирен во дискусиите, но и иницијатор за убаво дружење со секој добронамерник. За таа цел, во с. Зубовце, специјално ја уреди т.н. „Овошна градина“, каде го поминува најголемиот дел од своето слободно време, со добро друштво, вкусна органска храна, која самиот ја одгледува, како и домашно вино, за чија подготовка е прав специјалист. Со еден збор, Манојил Мане Јаковлески или Надвојводата е сестран човек, па затоа сум особено горд и среќен што го познавам, откако знам за себе.“

(продолжува)

 2.0.1

Јаковлески и Страшевски

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top