Коментари

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

1.0.6

1.0.6

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното другарство трае со децении, а нив ги поврзува многу работи, но најмногу патриотизмот – љубовта кон татковината. Кога се заедно, нивните разговори почнуваат и завршуваат за македонското прашање, за историјата, за иднината на македонскиот народ и неговата држава, за партијата  ВМРО ДПМНЕ.

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, Милче Милошевски за повеќедецениското другарување со Мане вели:

„Од кога знам за себе, знам и за Манојил. Заедно, како деца, почнавме да играме, да се дружиме и таа дружбата трае со децении, до денешни дни, и ќе трае додека сме живи. Најраното детство го минувавме во родното Зубовце, во полето, по падинките, во Ново Село, на Шар Планина, заедно со уште неколкумина врсници. Деновите ни беа исполнети со играње фудбал, трчање, детски игри (челик, џамлии, прескокување), работевме на поле, ги чувавме бостаните.

Деновите кои ги минувавме заедно ни беа незаборавни, а другарството нераскинливо. Како што растевме, така и дружбата ја зацврстувавме, видиците ни се ширеа, а во нашите души се будеше македонскиот патриотизам. Манојил многу рано, замина на печалба во З. Берлин, Германија, во ресторанот на  братму Гојко. Кога си замина не разжалости. Меѓутоа, контактите ги одржувавме, а понекогаш се слушавме и по телефон. Такви беа времињата, немаше мобилни телефони, компјутери, технологијата беше многу назад, заостаната. Во такви лоши услови, се снаоѓавме и кога ќе добиевме писмо од Германија, се радувавме со денови, а со другарите го читавме по неколку пати. Потоа, уште десеттина дена ни минуваа, да го напишеме писмото, да одговориме на прашањата, да поставиме нови. Секако, најинтересно ни беше што многу работи ги осознавме од големиот град – Берлин. По неколку години, Манојил почна да доаѓа, па средбите ни беа почести. Разговаравме како возрасни„ зрели“ луѓе, почнавме да одиме во кафеани низ Гостивар, во кои се забавувавме и се дружевме. Некаде на полноќ, летно и есено време, тајните разговори ги водевме кај фудбалското игралиште. Таму немаше никој и во мир разговаравме, се додека не се раздени. Понекогаш се собиравме во помошните простории на куќата на таткому на Манојил, кај Јаковлески, а најчесто кај мене. Разговорите почнуваа и завршуваа за македонското прашање, за историјата, за иднината, за злосторствата што окупаторите ги вршеле врз македонскиот народ, за Илинден и Илинденците, за македонскиот патриотизам, затоа на кој начин Македонија може да ги обедини сите три дела и да биде цела и самостојна држава. Како да ја сакаме Македонија и да ја пренесуваме љубовта кај младите и кај другите. На разговорите, слободно можам да речам, Манојил ни ги отвораше очите за Македонија. Во училиште, многу малку или пак воопшто не учевме за македонскиот патриотизам. Многу научивме од раскажувањата на Манојил, за угнетувањата на Македонците низ вековите и за нерамноправноста што Македонците ја имаа во заедничката држава. Секое доаѓање на Манојил од Берлин, за нас беше посебен празник. Ќе научевме многу повеќе за Македонија, за светските и европските превирања, за воените и другите политики на големите светски сили, а знаењето што ќе го добиевме, ни ги топлеше срцата.

На почетокот од седумдесеттите години на 20 век, Манојил за една недела со автомобил, мене и уште тројца другари, не прошета низ цела Македонија. Првите три дена ги минавме во: Ресен, Битола, Прилеп, Кавдарци, Ваташа, Гевгелија и Велес, а следните три дена ги посетивме градовите од источниот дел на Македонија: Струмица, Штип, Кочани… Тоа ни беше посебно доживување, за се што видовме и запознавме. Посетивме многу историски, културни, спортски и други објекти, а во вечерните часови одевме на корзо.

Во тие години, во Македонија корзото беше на цена и можност да се запознае најубавиот свет на градот. Сепак ми останаа неколку незаборавни доживувања. Во Ресен имаше матурска вечер. Се појавивме на влезната врата, а матурантите срдечно, не поканија да им бидеме гости. Атмосферата беше величенствена, останавме час – два, тие не запираа, но ние моравме да го продолжиме патувањето. Прекрасно ни беше. Во близина на селото Ваташа, кавадаречко, ноќевавме во автомобилот среде нива. Утрото кога се раздени, два – тројца селани, кои по ладот дошле да поработат на нивата, не разбудија и ни рекоа што побрзо да го напуштиме местото, бидејќи кога ќе дојдат селаните ќе ни го одземат возилото со германски регистерски таблици, бидејќи на Германците биле алергични уште од времето на Втората светска војна.

На почетокот од 80 – тите години на 20 век, Манојил со семејството се врати од Берлин, да живее во Зубовце, а во Гостивар го отвори ресторанот „Солун“. Во ресторанот внесе нов угостителски стил, со неколку видови на македонски специјалитети, со разновидни гарнири, додатоци на храна, богата винска карта, амбинет, македонска музика, хигиена, со еден збор се беше нај… нај… и беше најпосетен. Ние многу се радувавме, што нашиот другар, ќе биде постојано со нас. Во неделата, два – три пати ги држевме политичките кружоци. Но, по една година, на една од средбите, Манојил ни соопшти дека повеќе не може да го издржи некоректниот однос на власта, пак ќе мора да се враќа назад во Германија. Контролите беа постојани и неиздржливи, казните непримерни, а повеќето биле кога немало зашто да се казни, отколку да се казни. Единствена цел на власта беше, Манојил да го избркаат, да го затвори ресторанот, целта ја остварија. Манојил повторно замина на печалба во Берлин. На сите ни беше тешко, но врската ја продолживме.

Неговите другари, бевме негови јатаци во реализацијата на планот за формирање на ВМРО – ДПМНЕ во 1990 г. Уште  пред официјалното формирање, бевме запознати со идејата и вклучени во придобивање на симпатизери. Состаноците на иницијативниот одбор за формирање на партијата, ги одржувавме во куќата на Манојил во Гостивар, на вториот кат, над ресторанот „Солун“. На почетокот се собиравме одвај десетмина, а како одминуваа деновите просториите стануваа претесни. Оснивачкото собрание го одржавме во големата сала на Спомен домот на културата „АСНОМ“ во Гостивар, која беше преполна, а на сите нас срцето ни беше исполнето. Потоа, одевме во Тетово и Кичево, да им помогнеме на нашите браќа, во одржување на основачкото собрание за нивниот град.

Нашето другарство трае и ќе трае се до гроба, а најмногу не поврза македонскиот патриотизам. Заедно со Манојил учествував на многу состаноци, протести, вмровски прослави, трибни, митинзи, а на некои од нив, посебно на поширокото гостиварско подрачје учествував во организацијата.

Чест е да си другар и да другаруваш со Манојил, голем патриот, филантроп, хуманист, човек од акција. Благодарение на неговата иницијатива, ангажирање во активностите, со парична и друга помош, нашето Зубовце се разубави.

На крајот сакам посебно да кажам, другарувањето со Манојил започна заради идејата за Македонија и продолжуваме во иднина, заради нас и заради нашите деца и внуци.“

2.2.7

(продолжува)

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top