Коментари

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (62)

1.0.6

1.0.6

Маноил Мане Јаковлевски својот живот го посветил на македонската кауза. На тој пат него го следат другари, пријатели, познаници и многу други патриоти, следбеници на илинденските идеали – создавање и очувување на независна, суверена и обединета македонска држава.  Меѓутоа, нивниот животен пат не бил лесен. Тие биле следени од тајните служби, биле затварани и нивниот живот бил исполнет со непредвидливи и непријатни ситуациии.

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, уште еден пензионер од Зубовце, родното место на Мане, говори за нивното другарување. Јаков Јаковлески, кој патем има само исто презиме со Мане, а не се роднини, посочува дека иако постои разлика во возраста, нив ги зближиле илинденските идеали. Во тој контекст, Јаков за монографијата, посветена на живот на Мане ќе напише:

„Во педесеттите години од 20 век, за идеите на ВМРО, татко ми, Митре Јаковлески, бог да го прости, на двапати беше суден и затворските казни ги одлежа во затворот „Идризово“ во Скопје и во затворот во Битола. За причините за кои беше суден, за неговата илегална активност, со мене не сакаше да разговара. Но, од домашните дознав, дека бил суден за тајните активности што ги имал со истомислениците за македонските вмровски идеали. За деталите, нешто повеќе ќе дознаам и ќе ми стане јасно, кога во седумдесеттите години на 20 век на гости кај нас дојде Манојил Јаковлески. Дотогаш не се дружев со него, заради разликата на возраст, но и заради тоа што тој како млад замина на печалба.

Иако сме од исто село и не делат неколку куќи, имаме исто презиме, но не сме роднини, дотогаш не се дружевме. Во попладневните часови, тој топол августовски ден, седев во дворот заедно со братучедите. Дојде Манојил и ме праша, дали татко ми е дома, бидејќи со него сака да разговара. Тоа беше мојата прва средба со Манојил. Го однесов во собата, каде што се наоѓаше таткоми. На излегување, балконската врата ја оставив подотворена, бидејќи ме интересираше, на која тема ќе разговараат. Бев радознал и ги прислушкував.

Во еден момент, татко ми ме повикна и ме испрати во селската продавница, да им купам цигари (првпат да ме испрати во продавница). Претпоставував дека разговараат за значајни историски цели. Кога се вратив, сеуште беа занесени во разговорот, еден спроти друг. Влегов, им ги дадов кутиите со цигари и ги прашав, што е толку тајно што мене не ми кажуваат и ме изолираат, како да сум детенце и што кријат. – „Знам за што дискутирате, вклучете ме и мене, и јас сум за слободна, обединета и независна, македонска држава“. Тогаш татко ми му рече на Манојил: – „Јаков е голем патриот. Тајните ги чувам од него, само поради тоа што се плашам да не се поднапие и да не почне да зборува пред милиционерите, кои во ноќните часови често го посетуваат на бензиска станица, каде што работи“.

Таа, ненадејна, случајна средба и запознавање, за мене беше прва и значајна. Карактерите и определбите не споија. Оттогаш започна нашето пријателство, кое трае до денешни дни. Интензивно се дружиме, разменуваме мислења, дискутираме на многу чувствителни теми за Македонија. Манојил стекна голема доверба во мене и постојано ми се доверуваше.

Во 1976 година, во З. Берлин, организираа големата прослава за Илинден, која беше збогатена и со одржување на фудбалски турнир. Нашата екипа, ФК „Хајдук“, беше единствената поканета екипа на турнирот од Македонија, и го освои првото место. Меѓу педесетмината зубовчани, бев и јас.. Во неколкудневниот престој, имав разговори и средби со браќата Јаковлески, Гојко и Манојил, и со други Македонци од повеќе места на нашата татковина.

Далеку од мојот дом, далеку од Македонија, во ресторанот „Ново Скопје“ во З. Берлин, ја почувствував македонштината. Не ми се веруваше, дека Македонците, таму, се поголеми Македонци од нас, што живееме во Македонија. Повеќе ја знаат историјата и судбината на нашата татковина. Ние, како млади луѓе, за првпат бевме во западниот свет. Тоашто го видовме, не можевме да поверувавме дека ни се случува, бидејќи не можеше да се спореди со местото каде што живееме, дури и на пошироките балкански простори. Задоволни се вративме од еднонеделниот престој. Неколку дена потоа, речиси сите до еден, бевме повикани во Управата за државна безбедност (УДБА) на распрашување. Неколку часови, инспекторите врз мене вршеа притисок, да зборувам лошо за браќата Јаковлески, дека се одродници и да напишам изјава. Но, тоа не можев да го кажам и да го напишам, бидејќи ќе беше голема лага и против мојата совест. Во разговорот, неколку пати им повторив, дека Гојко и Мане се чесни македонски патриоти, кои многу ја сакаат и ја афирмираат Македонија.

Во годините пред осамостојувањето на Македонија, Манојил кога ќе дојдеше, се состанувавме на фудбалското игралиште на Хајдук, за да не бидеме видени и да разговараме слободно. Потоа, разговорите ги продолжувавме во куќата на Миле Милошевски. Со Манојил и Миле и со неколкумина активисти од Гостивар и од другите гостиварски села, бевме носители на активностите за подготовките и организирањето на основачкото собрание на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Гостивар, на кое бев избран за благајник.

Во речиси половина век дружење со Манојил, ми се случија многу незаборавни средби, разговори, посети на многу градови и манифестации. Во ниту еден момент Манојил, блиските другари не не’ остави во кал. Секогаш ни помагаше. Проектот за самостојна, обединета, македонска држава не спои, за идеалот живееме и продолжуваме да работиме, за подобра и посветла иднина на Македонија.“

(продолжува)

2.2.5 

Јаков и Манојил

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top