Коментари

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (63)

1.0.6

1.0.6

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, објавени се повеќе текстови објавени во медиумите кои се поврзани со Мане, неговата љубов кон Македонија и партијата ВМРО ДПМНЕ. Овие текстови не потсетуваат на едно време  кога секој Македонец во своето срце ја носеше својата татковина МАКЕДОНИЈА. Тоа е време кога идеологијата за Македонија ја започна и приказната за ВМРО ДПМНЕ.

Мане Јаковлевски, еден од оснивачите на ВМРО ДПМНЕ, во текстот објавен во „МАКЕДОНСКА НАЦИЈА“  (вторник, 16 септември 2014 лето Господово) ќе ја пренесе приказната за ВМРО ДПМНЕ. Потсетувајќи не на историските моменти и идеалите на кои е формирана партијата, тој говори за вистинските личности и вредности, притоа укажувајќи дека без колективен ангажман нема добробит за државата. Во него, тој меѓудругото ќе напише:

„Кога се знае вистината и кога се почитуваат вистинските личности и вредности, се си има свој вистински тек. Да се потсетиме на неколку клучни моменти, без желба за докажување и без особен интерес за претставување и себепромовирање.

Да оставиме историјата да зборува за сите нас. Да се потсетиме на позначајните историски настани на историјата, кои беа темелник и поттик за формирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во демократска, самостојна, независна и суверена Република Македонија.

Во шведскиот град Трелеборг, на 23 јуни 1962 год. Македонците од Скандинавија, организирани во „самоиницијативен одбор“ го основале Ослободителниот комитет на Македонија (ОКМ). Главна и примарна цел на организацијата била: „да се бори против секоја тиранија над македонската слобода, како и против комунистичките влијанија, шовинизмот, сепаратизмот и сл., како и да ги организира сите Македонци во светот кои имаат отворени срца и патриотски чувства за Македонија“. За прв претседател на ОКМ бил избран Димко Нечевски од Копенхаген, Данска.

На 30 април и 1 мај 1972 година, на вториот Вонреден конгрес на ОКМ, што се одржал во Бремен, Западна Германија било одлучено организацијата да го смени името и да се именува како Движење за обединување на Македонија (ДОМ).

Во ноември 1973 година во Минхен, името Движење за обединување на Македонија (ДОМ), било променето во Движење за ослободување и обединување (ДООМ), односно онака како што во 1972 година, првично предложил Гојко Јаковлески.

На заедничката конфренција на ЦК на ДООМ и на Главната контролна комисија на ДООМ, што била одржана во Минхен, З. Германија, на 3 ноември 1973 год. претседателот Драган Богдановски, кој раководел со конференцијата, рекол дека за развојот и ширењето на Организацијата како меѓу македонската емиграција, така и во трите дела на Македонија…?

Драган Богдановски се до 1977 година беше претседател на ДООМ.

Во акцијата за расчистување со „опасните мигрантски кругови“, во 1977 год. во тогашна Југославија (СФРЈ) била донесена одлука за киднапирање на Драган Богдановски во Париз и беше осуден на 13 години затвор, а цели 11 години ја издржа затворската казна во македонскиот затвор Идризово.

Кои се основачите на ВМРО – ДПМНЕ?

Сигурно е едно, да не беше Драган Богдановски и да не беше ДООМ, ДОМ и ОКМ немаше да биде и ВМРО-ДПМНЕ.

Пред одржувањето на основачкото сообрание во Скопје, на 17 јуни 1990 година, на Драган Богдановски како иницијатор за формирање партија, му претходеа средби во Берлин и Минхен.

Да не беше Драган Богдановски немаше да се случат средбите во Берлин и Минхен, исто така, да не беа средбите во Берлин и Минхен, немаше да има ВМРО-ДПМНЕ во Македонија.

Драган Богдановски не дојде на основачкото Собрание во Скопје, на 17 јуни 1990 г. бидејќи немаше патна исправа.

Богдановски никогаш не изрази желба да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ – ако посакаше сигурно ќе беше. Не само што негова беше идејата за формирање на Партијата, туку тој беше нејзиниот идеен творец, тој ги подготви сите доументи: статут, програма, одлуки, резолуции и сл. Ниту пак изрази желба да биде Премиер на Владата на Република Македонија. За функцијата Претседател на Република Македонија, Богдановски се надеваше дека ќе биде предложен и ќе биде избран,.

– КОЈ ИМА ПРАВО ДА БИДЕ ОСНОВАЧ НА ВМРО-ДПМНЕ?

– ПОКОЕН ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – ИНИцИЈАТОРОТ И ИДЕОЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ;

– УЧЕСНИЦИТЕ НА СРЕДБИТЕ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН;

– СИТЕ КОИ БЕА ВО САЛАТА „ 25 МАЈ“ – ДОМ НА МЛАДИТЕ ВО СКОПЈЕ, На 17.06.1990 година;

– СИТЕ ИНИЦИЈАТИВНИ ОДБОРИ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВМРО-ДПМНЕ ВО: МАКЕДОНИЈА, ЕВРОПА, АМЕРИКА, АВСТРАЛИЈА И КАНАДА;

– СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАА НА ОСНОВАЧКИТЕ СОБРАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ОД 1990 ДО 1994 Г.;

– ОСНОВАЧИТЕ НА ЗАДГРАНИЧНИТЕ КОМИТЕТИ НА ВМРО-ДПМНЕ;

– СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАА НА МИТИНЗИТЕ ЗА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА, ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ДИЈАСПОРАТА;

– СИТЕ КОИ СО ЗБОР И СО ДЕЛО ЈАВНО И НЕДВОСМИСЛЕНО ДЕВЕДЕСЕТТИТЕ ГОДИНИ ЗАСТАНАА НА СТРАНАТА НА МАКЕДОНСКАТА КАУЗА.

Може да полемизираме кој колку има придонес за Македонија и за Партијата, кој и зошто ја напуштил, што го натерало да ја напушти, или зошто некој останал верен на донесените ПРОГРАМА и СТАТУТ? Но никој, апсолутно никој, поединечно не би смеел да каже, јас сам ја оснивав Партијата!

Зошто? Одговорот е едноставен – еден човек сам не може да формира Партија и да придонесе за својата држава без колективен ангажман.

Сите, независно од какви причини ја напуштија Партијата, да не ја заборават идејата заради која биле едно време основачи или членови, да не ја забораваат единствената идеја која сите ние ја носевме и ја носиме во срцата, а има едно име: МАКЕДОНИЈА!

ВМРО-ДПМНЕ е идеологија, формирана во исклучителен историски момент. Таа се претвори во народно движење, се претвори во стеблото на МАКЕДОНСКИОТ непокор, сплотена и цврста, со братска искрена љубов и подадена рака со добра мисла, опстојува како гарант на МАКЕДОНСКАТА иднина, сега и засекогаш, АМИН!“

(продолжува)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top