Коментари

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (70)

1.0.6

1.0.6

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески“, од авторот Киро Кипровски, објавени се повеќе говори, меѓу кои и обраќањето на Мане на 18 септември 2011 година на поменот на Драган Богдановски на градските гробишта во Куманово. По повод 18 септември 2020 година се потсетуваме на овој говор, во кој Мане за својот близок пријател и соборец ќе каже:

„Почитувани блиски роднини на нашиот Драган, соработници, следбеници и почитувачи на неговите дела!

Се собравме овде, пред неговото вечно почивалиште, уште еднаш да му оддадеме достојна почит, за се што стори за денешната самостојна и суверена Македонија. Дојдовме на неговиот роденден, да беше жив ќе го празнувавме 82 роденден.

Драган Богдановски беше роден на 18 септември 1929 год. во село Клечовце, кумановско, а починана крајот од мај 1998 година во Копенхаген, Данска. Беше погребан во Куманово, на 1 август 1998 година.

Драган е еден од најпознатите политички емигранти идеен творец и почесен претседател на ВМРО – ДПМНЕ. Како денес се сеќавам на мојата прва средба со Драган, во седумдесеттите години минатиот век во Гетеборг, Шведска. Тогаш ми говореше за идејата и целта на ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија), за програмата и за активностите, кои членовите на движењето требаше да ги остваруваат. Долго во ноќта разговаравме за македонските работи, ми кажуваше како македонската емиграција треба да делува во остварувањето на главната цел – Македонија да стане независна, самостојна, суверена, демократска држава, а со тоа да се остварат идеалите на македонските Илинденци.

Се сеќавам на информацијата од 1977 година, кога УДБА те киднапира во Париз и те донесоа во Југославија. По двегодишна истрага, беше осуден на строг затвор од 13 години и одлежа 11 години во македонскиот затвор Идризово, Скопје и беше прогласен за државен непријател на СФРЈ.

Се сеќавам на мојата посета во затворот Идризово, кога ми го кажа целото сценарио за неговото киднапирање.

Се сеќавам на настанот во април 1990 година, кога од Шведска дојде во Берлин. Не запозна со идејата, дека имаш подготвено програма и статут за партија, која треба да се формира во Македонија. Добро се сеќавам, кога по состанокот во Берлин, со Гојко заминавте во Минхен.

Kако денес се сеќавам на 17 јуни 1990 година, ден недела, кога во салата на Домот на млади „25 мај“ во Скопје, се собраа неколку стотини патриоти од сите краеви на Македонија, од Европа, Америка, Канада, Австралија, кои учествуваа на Основачкото собрание на ВМРО – ДПМНЕ. Ти не можеше да дојдеш на основачкото собрание, затоа што немаше патна исправа. По излегувањето од затвор во 1988 година, заедно заминавме во Берлин и во ресторанот „Ново Скопје“, го искина југословенскиот пасош со зборовите: „Не сакам да имам кај мене југословенска патна исправа. Кога ќе имаме сопствена македонска држава, тогаш ќе земам македонски пасош“. Добро се сеќавам, кога во Берлин 1991 г., се одржа прво советување на Македонците во дијаспората. На тоа советување присуствуваа претставници од Европа, Австралија, Канада, Америка, Пиринска и Егејска Македонија, и беше донесена одлука да се формира Задграничен комитет на ВМРО – ДПМНЕ.

Добро се сеќавам и на 6 и 7 април 1991 год., на првиот Конгрес на ВМРО –ДПМНЕ во Прилеп, каде ти беше избран за почесен претседател на партијата.

Драган, денес имаме се што тогаш ветивме, имаме Влада од партијата, која тогаш ја формиравме, а ти беше идеологот, Влада на ВМРО –ДПМНЕ.

Имам да кажувам многу, што било, како се случило, кој што правел…

Го оставаме зад нас проклетството на минатото, кога Македонското ослободително движење најмногу страдало од самите Македонци, од нивното славољубие и користољубие. Денес има многу, пред се, млади луѓе, кои ја следат и живеат за идеологијата и љубовта кон родната грутка, на будење на заспаните, исплашените срца и души на Македонците, каде и да се во светот!

Ти беше човек на кого му верував, иако понекогаш се расправавме, а се расправавме за некои детали околу нашата заедничка борба за Македонија.

Те поддржував, со чиста совест и срце, бидејќи ти беше човекот со искрена верба и посветеност кон македонската кауза!

Македонија врви по патот за кој се боревме. Денес сме самостојна, горда држава на македонскиот народ.

Знам Драган дека гледаш од далечината и се радуваш со сите нас! Ти и сите кои се боревте за  Македонија, а не сте меѓу нас, почивајте во мир!

Нека ви е лесна македонската земја, упокоени родољуби!

Ќе запалам свеќа за вечен помен на Драган и на сите другари и истомисленици, за сите знајни и незнајни јунаци, кои се бореле за самостојна Македонија.

АМИН!!!“

3.5.6

Манојил со сопартијците на помен на вечното живеалише на Драган Богдановски

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top