Коментари

Свекрва: Бугарија прави голема грешка кон македонскиот народ

1svekrva copy copy copy copy

 1svekrva

Свекрва: Бугарија прави голема грешка кон македонскиот народ

Многу одамна предупредуваме дека Македонија е изложена на специјална војна со цел нејзино исчезнување. Исто така, опоменувавме дека дел од меѓународната заедница која стои зад овој проект ги поддржува социјалдемократите како егзекутор, бидејќи на чело со својот лидер немаат ниту грам патриотско во себе. Имено, социјалдемократите гледајќи само низ призмата на глобализацијата, го ставија пред се сопствениот интерес, а не на државата.

По доаѓањето на власт Заев и неговата СДС го потпишаа Преспанскиот договор со Грција, Договорот за добрососедство со Бугарија и Законот за употреба на јазиците, со што покрај промената на името се доведе во прашање на македонскиот идентитет, јазикот и унитарноста на земјата.

По насилната промена на уставното име, спротивно на изразената воља на македонскиот народ на референдум, сега освен Грција не условува и Бугарија која бара да се откажеме од Гоце Делчев, македонскиот јазик и македонското малцинство во Бугарија ако сакаме да станеме членка на ЕУ, Исто така, бара од Албанија да го признае македонското за бугарско малцинство ако сака да стане членка на ЕУ.

За жал ваквото уценување го прави народ кој не нарекува браќа.

За какви браќа се работи ако некој го условува својот брат? Ако сме навистина браќа, наместо условување, Бугарија како брат требаше да му го остапи на Македонија Пиринскиот дел на Македонија, да го признае македонскиот народ и неговиот јазик и историја а не да ја преставува македонската историја како своја, а македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот. Само така можеше Бугарија да се стекне со почита на македонскиот народ и само така можат заедно како блиски браќа да преставуваат вистинска сила на Балканот околу која би можеле во иднина да се обединат и другите балкански земји.

Бугарија прави голема грешка ако смета дека сега може слободно да ја уценува Македонија и дека еден ден би можела да ќари дел од македонската територија. Дури и да успеат во тоа, благодарение на несреќните договори што ги потпишаа Заевистите, тоа ќе доведе до зголемување на тензиите со соседите, особено со северниот сосед.

Бугарија никако не сака да научи од грешките во минатото, иако даде огромни жртви за време на Балканските, Првата и Втората светска војна. Таа сеуште живее со сонот за Санстефанскиот договор.

Оттука, барајќи Македонија да се откаже од македонскиот јазик, од македонското малцинство во Бугарија, Софија прави огромна грешка и создава одбивност кај Македонците против бугарскиот народ.

Земените бугарски пасоши од страна на Македонците за да патуваат и работат во ЕУ не се релевантен одраз за некакви големи симпатии кон источниот сосед. 

За жал за ваквата состојба меѓу двата народи допринесуваат многу Бугари со македонско потекло, кои се таму второ или трето колено, а се на високи позиции. Тие се на момент поголеми Бугари од самите Бугари и наместо да ја истакнат посебноста на македонскиот јазик и култура, наместо да се борат за македонската кауза, тие или молчат или упорно ја подржуваат бугарската ненаучна мисла  седнати во сигурноста на државните фотељи.

Бугарија прави голема грешка кон македонскиот братски народ и брзо треба да си го преиспита својот однос кон својот сосед.

Затоа ако сме вистински блиски „браќа“ потребно е меѓу двата народа заемно признавање и заемно создавање на подобра иднина на двете држави. 

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top