Коментари

Илинденска Македонија

1United macedo

1United macedo

Илинденска Македонија

Несуденото име, пробниот балон кој траеше само некој ден, пред да ни се смести за целосна употреба Северната, географската одредница. Илинденска ќе беше историско идеолошка, но ќе не легитимираше како 40тина години постар народ. Како и да е, главниот проблем е во тоа што актуелната власт се согласи да даде се’! Да смени име за целосна употреба, да го релативизира идентитетот, јазикот, историјата. Целосна капитулација.

И што добиваме неколку години подоцна? Апсолутно ништо! Државата троши како луда, а напредок нема. Нема нова инфраструктура, нови градби во сопственост на државата, болници, школи и градинки, напредок никаков, а парите се трошат вез усул.

Се зборуваше за реформа на јавниот сектор, а се примија уште толку партиски кадри. Не се гледа да се прими дефицитарен кадар туку подобен со лични врски, партиски, етнички.

Сето тоа придонесе до ова што го доживеавме за овој Илинден. За прв пат плашење од сопствениот народ, криење од истиот, видео пораки, и секако форсирање на „Северна“ дури и таму каде што не треба и не мора. Уште по трагично е кога е изговорена од некогаш големи музички имиња, а денес само бледа сенка на она што биле и обични Северџани. Секој брка некаква тезгичка, никој неќе реално нешто да сработи, а за возврат за ангажманче, тезгичка, концерче, настапче и Северџан ќе стане. Браво! Ќе помине сево ова, ама народ сите ве памти

Годинашниот Илинден ни покажа и нешто друго. Колку власта е неспособна и некадарна. Канадерите (авионите за гаснење пожари) не ги сервисирале две години, хеликоптерите на армијата не летале ноќе (иако на нет има податок дека 2014 се оспособени за ноќни летови), од друга страна државата купува коли за 2 милиони евра, и оклопни возила за армијата за 200 милиони евра. Колку противпожарни возила актуелната локална и централна власт купила во изминатите 4 години, освен скалата за Шилегов милион и кусур? Политичари и функционери кои носат одлуки за „од утре“ пошто денес одмараат празник е, слават, или претпоставуваш штотуку почнале одмор. Се’ е во летаргија, буквално сме банда без команда, затоа што сите глумат шефови, а конците се испуштени од раце.

Се примаат секретарки, курири, кафе-куварки, огромни конкурси на по 600 души во Полиција, но нема пожарникари, воспитувачи, доктори. Нема техничко образование, нема ракувачи на машини, шофери, плочкари, ѕидари, водоводџии, електричари, ама затоа има размазени гимназијалци со 5.0 просек, кои не сакаат матура да полагаат.

Е па, драги мои, нема држава. Актуелната власт ви ги понуди скоро сите исти досегашни градоначалници. Оние кои не сработија ништо, кои само шминкаа и се сликаа за на фејсбук. Ако ви чинат истите, да си ги задржите. Претпоставувам, такви и заслужувате!

Ни треба нов Илинден. И тоа успешен, за промена! Не знам дал ќе биде четврт, петти, или кој да е, но додека сите вие не се разбудите и освестите, не се активирате во системот на државата и не почнете да работите за некоја повисока цел, освен личниот интерес, напред ќе нема.

За крај мала провокација. Никола Јонков Вапцаров вреди да се прочита, поготово со „Илинденска“. На мој фејсбук пост, дел од источните соседи ми рекоа дека бил од Бугарија и пишувал на бугарски. Им одговорив дека и Стерјо Спасе бил од Албанија и пишувал воглавно албански, па е Македонец. А Ако е Вапцаров етнички Бугарин, јас сум пингвин од Мадагаскар.

За многу години браќа и сестри, за многу години македонски народе, за многу години македонска нацијо!

Да си го вратиме Илинден!

Илинденска

Вината не беше наша

таа кај друг се крие,

и туѓи прсти тогаш

стотонска вина сторија!

Но, штом ќе дојде ден

и штом ќе треба, ние

за сè ќе ѝ раскажеме

на мајката историјата.

Започнаа со раце гнасни

на народот во душа да му џбараат,

но, гневот беше толку нараснат,

та, не се сфати волчката им нарав

и музките на ѕверови во овчи кожи,

престапничко и плитко лицемерење

Но, идат дни, а тогаш и ќе може

со грски кал по сурат да ги пернеме.

Се почна бунтот.

И не беше обичај

да изостанеме.-

Не се предадовме!

Туку,

со крвта

на народот обичен

во Илинден наша

содржина кладовме!

Што ли ќе речете за таа новост?

Ќе барате ли тука руски рубли?

В Крушево уште феудалот гнетеше

и колкав скок?-

Изградија република!

А беа исто млади колку нас,

сè такви, какви што сме ние.

Се бореа,

умираа без глас,

како што утре

ќе умреме

и ние.

Многумина ги нема, но, не липам јас, чу ли?

Ќе дојдат други, среде дим и жареж.

Глеј в овој тука! Знај: тој е Питу Гули,

а ти? Ти секако си Карев…

И ако требаат пароли – в ред!

До месецот ќе кренеме плакати.

Слободна сакаме,

и без,

и без протекторати…

Автор: Никола Ј. Вапцаров

(од збирката “Моторни песни”, 1940 г.)

Александар Ристевски

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top