Коментари

Св. Климент Охридски сам си одбрал именден, празник на христијанскиот маченик Папата Климент

1Marija Kukubajska

1Marija_Kukubajska.jpg Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска

1ohr1212.jpg

Св. Климент Охридски сам си одбрал именден, празник на христијанскиот маченик Папата Климент 

Патронот на Македонската православна црква светителот Климент Охридски (840-916), одбрал да го слави својот именден во чест на рано-христијанскиот маченик од 1. век, првиот Римски Папа Климент (владеење цар Трајан). Римскиот Папа Климент го примил христијанството откако се запознал со космополитското и космичко значење на проповедите на апостолот Петар и посебно на мисионерството и писмата на апостол Павле до Македонците, со неговите проповеди низ Македонија. За својата христијанска вера тој бил мачен и прогонет во Херсон, Крим.

Климент Охридски од Македонија, бил вдахновен од саможртвата на Папата Климент за Христијанската вера, наспротив паганските религии на Рим и Атина пред официјалното прифаќање на Христијанство во Римското царство (325, Концил во Никеа). Тогаш сеуште не била поделена црковната власт на Источна Православна во Константинопол и Западна Католичка во Рим. Настанот кога Кирил и Методиј, по Божје провидение, ги пронашле моштите на Папата Климент, за време на нивната мисија во Хазарија, бил пресуден за сестрано образованиот Климент Охридски и самиот да го празнува овој римски маченик. Св. Климент Охридски нашол истомисленик во Папата Климент и во нивната широка образовна и мисионерска дејност во повеќе земји. Папата Климент го проповедал христијанството и меѓу Египјаните и македонското население од Птоломејската династија која владеела во тој дел од светот по смртта на Александар Македонски. Го ширел Христијанството во први век и меѓу паганите од хазарското племе во Херсон, каде браќата Кирил и Методиј, 7 века подоцна, спроведувале Христијанска мисија среде хазарите и муслиманите. Во контекст на христијанизацијата во 9 век, азиските татарски племиња Булгари ја примиле  христијанската вера од македонските словенски просветители, дури во 864 година. Византија ги принудила Бугарските пагански и муслимански племиња да се христијанизираат за време на нивниот хан Борис. Тоа се случувало во Македонија која била христијанска земја веќе седум века, од времето на Мисијата на Апостол Павле меѓу македонците, и меѓу соседните грци-елини.    

Во својата библиска, словенска, античка Македонија, Климент останува и во историјата како прв Македонски епископ во Охрид и основач на првиот словенски македонски универзитет за 3.500 богослужбени кадри – „Охридска книжевна школа“. Космополитска мисија на Климент го шири христијанството во источните и средно европските земји каде јазикот е сличен со старословенскиот од Македонија и Солун. Заедно со своите учители од Македонија, Кирил и Методиј, и со своите со-ученици Наум, Горазд и Ангелариј, Климент го шири христијанското просветителство низ Моравија, Панонија, Киевска Русија и кај новиот азиски окупатор на Балканот, Бугарија. Климентовата најтемелна дејност ја остварува во својата родна Македонија и епископскиот град Охрид. Тој по сопствена волја одбрал да биде погребан во својата татковина Македонија, во Охрид, во црквата Пантелејмон, каде сам си го одредил гробот.   

Св. Климент е македонскиот духовен просветител, педагог, книжевник, преведувач на црковна литература од грчки и латински, и чудотворен излечител. Своите универзални христијански вредности Климент Охридски ги застапува во период кога Римска Европа сеуште нема свој систематски организиран образовен центар. Седумдесет и шест годишниот живот на Св. Климент е восхитувачки одраз на христијанска просветленост во цивилизациски активното средновековие, отпочната во Македонија и проширена меѓу православните народите. Поаѓајќи од матичната земја Македонија, Св. Климент спроведува наобразба, описменување и култура во овој дел од светот побивајќи го стереотипот за „темен среден век“.

Библиските студиски програми во Православното просветителство на најраниот универзитет во Европа, во Охрид, Македонија.

Ако историчарите на уметноста се сложуваат дека религијата е колевка на уметноста, изворите на учењето на Св. Климент се служеле со највисоката уметност – верување во Божествената Тајна. Теолошката психоанализа на конструктивното, креативното, доброто, во духовните записи на книжевникот Св. Апостол Павле, I в., е вклучена во просветителската програма на архиепископот од Македонија, Св. Климент, кој со неуморно човекољубие ги проповеда Библиските учења:

За љубовта, величествената химна на бесмртната врска (relegio) меѓу душата и Бог:

„1. Ако ги владеам јазиците на човекот и на анѓелите, но во себе немам љубов, ќе бидам само ехо на ударот, неподнослив тапан. 2. Ако имам дарба да гледам во иднината и да ги разбирам сите тајни и сите знаење, и ако имам верба што покренува планини, но немам љубов, ништо сум. 3. Ако се што поседувам раздадам на сиромашните или си го запалам телото во пламен, а немам љубов во себе, ништо не сум постигнал. 4. Љубовта е трпелива, љубовта е љубезна. Таа не завидува, не  се фали, не е горделива. 5. Љубовта не е груба, не е себична, лесно не се налутува, не е злопамтило. 6. Љубовта не ужива да чини зло, но се радува на вистината. 7.  Секогаш заштитува, секогаш верува, секогаш се надева, секогаш издржува. 7. Љубовта никогаш не изневерува. Затоа, сите пророштва ќе престанат; сите јазици ќе замолчат; сите знаење ќе поминат. 8. Бидејќи ние разбираме само ограничено и предвидуваме ограничено, 10. Но кога ќе дојде време за совршенството, несовршеното ќе исчезне. 11.  Кога бев дете, зборував како дете, размислував како дете, расудував како дете. Кога постанав човек, детските нешта ги оставив зад себе. 12. Сега како во огледало гледаме само еден блед одраз; но тогаш ќе се видиме лице в лице. Сега делумно знам; тогаш целосно ќе знам, како што ќе бидам и целосно знаен. 13. И сега остануваат следните три вистини: вера, надеж и љубов. А најголемата од нив е љубовта.    

(Нов Завет, Првото писмо на Св. Павле, до Коринтијаните, 1:13)

За Плодовите на духот (доблестите), вредности кои атеистичката Биоетиката не ги толерира, но ниеден закон не може да ги побие: љубов, радост, мир, трпение, добрина, љубезност, милозливост, верност, само-контрола, (Св. Павле, Галатјаните 5: 22-23)  

Во својот Охридски книжевен универзитет Климент предава науки за духовно толкување на човекот и природата, пренесува низ теорија и пракса од природните науки, од агрикултурата, архитектурата, донесени и од Мала Азија. Своето здраворазумско разбирање за практичниот живот, Климент го засновува на почит кон божествено инспирираните духовни закони и нивно интегрирање во сеопштиот развој на човековите цивилизациски и морални вредности. Климентовото познавање на историјата на христијанството и неговиот јудео-христијански континуитет (Стар и Нов Завет), се споено со неговата искуствена мудрост и извонредна наобразба. Со тоа тој ја има развивано суштина на христијанското разбирање на мислата и материјата кои во себе го содржат надвременски позитивното за човекот, божествено објавувано од Седржителот на Вселената. Климент Охридски се посветил дидактичките и етички да го корегира негативното, во свесна и совесна борба на доброто против злото, светлите наспроти мрачните сили во човековото духовно и физичко постоење, низ средниот век, и во времињата потоа.  

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top