Александар ЏеповскиТие истите што те предадоа и сигурен сум нивниот куршум, никако аскерски кој те усмрти на млади години, ете сега креваат галама нивни си бил, беља работа.
Знам дека горе последниве 120 години имаш размислувано многу и се каеш што ете си бил учител по Бугарски и што си јадел нивни леб. Па добро ете вака и јас сум бил привремен учител по српско – хрватски во Австралија, сум примал пари од австралската влада па рака на срце ниту сум Србин, Хрват или Австралец … исто такви случаји има еден куп милиони низ цел свет, ама ете САМО ТИ и не верувам друг, си класифициран и маркиран како нивни, демек Бугар. Страшно Гоце, многу страшно. Ова веќе преоѓа во сериозна работа и не се поднесува повеќе. Тешко ти е тебе, тешко ни е на нас но најтешко е на Мајка Македонија.
Овие споредбени анализи се за Гинисова книга на рекорди и има непредвидливи и несакани последици. Со луѓе ќе се разбереш некако, со животни полесно ама со Бугарите – НИКАКО !!! Се што е Македонско присвојуваат, црква, име, азбука, историја, такви како тебе од Самоил па до кој знае кога …круната Архиепископска, абе лудница е ова Гоце, ептен е работата излезена од колосек.
Имаме молба Ние Македонците до тебе Гоце. Прашај го Севишиот до кога ова ќе трпиме од нив и дали може ти или Тој или било кој да ни даде некој ишарет за денот долго очекуван ? Почнуваме веќе да се нервираме и ова нивното е безобразлук невиден. Издржавме 500 години турско ама ова татарското не се трпи повеќе.
Прими ги нашите честитки, солзи, јадови и маки и не се секирај, ќе ја средиме некако работата самите ние овде на оваа земја каде царува пеколот а на небото рајот. Ти си бил, си и ќе бидеш гордост наша Македонска и ти се колнеме дека Егеј и Пирин ќе ги вратиме па да се треснат од земја сите душмани.ЕДНА Е МАКЕДОНИЈА, ЕДЕН Е ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ЕДЕН Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД КОЈ ДОЛГО ЌЕ ЖИВЕЕ И ЌЕ СОЗДАВА ЈУНАЦИ КАКО ТЕБЕ.
АМИН !!!