Коментари

Марија Емилија Кукубајска : ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ МАКЕДОНСКИ И ДЕСЕТТЕ ПРИРОДНИ ЗАКОНИ

1mar56789

1mar56789(архивска фотографија, Нова Македонија)

 ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ МАКЕДОНСКИ И ДЕСЕТТЕ ПРИРОДНИ ЗАКОНИ

Ново доба ни’ ги руши Десетте Божји-човечни закони. Но, наша душа нема да задуши. Родот македонски не ни’ згасна, иако стоглава змија не’ касна, и холограмско теле ја мота нашата органска сила, нашата сончева свила – на отровни рогови на тие лажни богови.  

Учителе Македонски, маченику по крвав пат кон слободата… до полиња на правдата  

1. Заедно се боревме да немаме други господари, освен Господ, Создавач на земја и небо наше.

2. Од секогаш сфаќавме, идоли не прифаќавме од никакви мутанти, вируси на пост-човечност.

3. Напразно не се колневме во Божје име – Македонија да има наше презиме, родство и водство.

4.  Ден за одмор имавме само кога Македонци ни’ се раѓаа, света земја да даруваат со вечност.

5. Почитувавме вековни родители, светители –  да постоиме долго, над сите грешни безбожници. 

6.  Не убивавме. А луди ловци, златен народ и сега ни’ гонат, вековни гранки ни’ кинат, ронат.  

7.  Немаме страст за туѓото. Нашето да го остават наше. Сите со свој мед и млеко, злато или блато.  

8. Не крадеме ние, туѓа мака не јадеме, туѓа земја не садиме со змии. Мир кај нас – мир кај нив.   

9. Не лажеме – семето низ времето ни’ е златно, но кодоши: превари варат, со лаги да не’ попарат.

10. Лакомите – плодна земја и племја, дива нива и сончеви жици, зграда и града лапаат, касапат…

А ние, Ѓорги Делчев наш, Македонски – со Божјите закони и тебе што ти чуваа сончево срце и чиста чест, остануваме да зачуваме твои чеда од закони-без-закони. Лажни богови сите природни закони ги кршат врз нас и сега, сите природни богатства ги мерат да ги одерат од земјата, и во ова лето 2023-то. Нов надчовек подчовек не признава веќе „Сакај го ближниот како себе си“. Нема кај неговите ловци на луѓе – љубов братска, само омраза адска. Но, ние идеме, да бидеме и понатаму народ во самоодбрана од ламји и гламји, од болести на одметнатите од реалноста. Докажуваме, веруваме – татковината наша ќе ни’ остане жива, сончева, човечна куќа, заштитена од електро магнетен гром, ќе ни биде чувар на иднината и спомен дом. Иако наоколу промените од лошо на полошо одат, а чинителите – светски чинки измислуваат и оро водат на форуми на нивното заслепувачко, утепувачко Златно доба. Демоните нивни, врз ангели наши вршат напад, закон на природата да им скршат, да ги фрлат во пеколна постела – ни со запад ни со исток. Но ние, последните, први ќе бидеме да докажеме дека не е човечки, не е закон на народите – да постанеш вештачки створ, а да изгубиш свој генетски простор. Ведите од победите на нашата правда не’ воделе низ наметнат мрак, продоложивме – иако темно, глуво, слепо доба среде бел ден паѓа пак. Но, ние не’ предаваме татковина своја, твоја, на трговците со македонско робје. Татковина значи род, верба, берба, плодни полиња на духот наш, борба против прекршители на закони на природата. Сите нека знаат да се свои на своето поле на култури, ние на нашето – Гоце Делчев наш! Македонијо народна, Македонијо светска. 

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top