Коментари

Мартин ТРЕНЕВСКИ: ЧЕТВРТИ ФЕБРУАРИ ПОМИНА, НО ДОЛГО ЌЕ СЕ ПАМЕТИ

Martin Trenevski 1

1martin1 (ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 193)

Четврти фебруари, денот кога по традиција ние Македонците со гордост и пиетет го чествуваме роденденот на нашиот Гоце Делчев помина, но овој – годинешниов, чинам дека долго ќе се памети и за него уште многу ќе се пишува и ќе се беседи.

   Бројни се деталите што се однесуваат на годинешново одбележувње на роденденот на нашиот Гоце, не само пред неговиот саркофаг во црквата Св. Спас, туки и околу скопското Кале и пошироката околина на храмот – уличките што од древниот Бит Пазар водат кон него, но и на поширок општествен план, па и на меѓудржавен план што дополнително ги влошија односите помеѓу Република Македонија и соседна Бугарија.

Во прв план би го издвоил до сега невиденото присуство на македонската полиција која се заветдека нема да дозволи никакви провокации, тензии и инциденти. И со право!

Советот за безбедност на РМ една недела пред настанот објави соопштение во кое беше изнесена оценка дека одбележувањето на 4 фебруари е “настан од визок ризик”.

Впрочем, директен повод за таква реакција беа најавите од бугарски националистички здруженија дека масовно ќе присуствуваат на настанот во црквата Св. Спас! А веќе видовме претходниот месец како поединци од тие бугарски здруженија, предводени од шизофрениот европратеник Ангел Џамбаски се однесуваа во срцето на Скопје, на местото каде студентката од Тетово Мара Бунева изврши атентат на српскиот генерал Прелиќ 1923 година. Мара Бунева пукаше во Прелиќ не заради некакво бугарофилство, туке заради изживувањето на српската кралска жандармерија врз македонски патриотски настроени студенти, вклучувајки ја и неа, а бугарската агит-проп-овска машинерија ја злоупотребува како нивна патриотка. Бесрамници!!!

Македонската полиција се покажа овој пат како никогаш до сега. Некои сметаат дека полициското присуство било претерано, дека го поделиле народот и спречиле слободно изразување почит кон великанот, но, според мене, се на се, ваквата реакција се покажа сосема оправдана и денот помина без никаков инцидент. За ова во голема мерка придонесоа и строгите контроли на македонските граници каде македонската полиција не дозволи влез на екстремни националистички ориентирани индивидуи – провокатори од соседна Бугарија.

Но, во моите очи едно нешто особено се издвојува по значењето.

За прв пат од осамостојувањето се манифестираше единство меѓу македонската левица и десница, а тоа е: да не се дозволи туѓинци од страна да го скрнават гробот на великанот Делчев на денот на неговото раѓање, да го присвојуваат неговиот лик и дело и да го понижуваат македонскиот народ и тоа среде македонската престолнина, како што го правеле во многу наврати во минатото.

Не навлегувам во деталите, бидејки чувме најразлични реакции и коментари од обете страни на македонскиот политички спектар, но си дозволувам да заклучам: значи се можело!!! Не само што се може, туку  м о р а   да се има единствен став кога се во прашање националните интереси! Само така можеме да напредуваме и да обезбедиме да не ценат други.

Впрочем, ако самите не се цениме и почитуваме, тешко да очекуваме некој од страна да го прави тоа за нас!!! Па само два дена по 4ти фебруари претседателката на Унгарија Имела Новак ја посети Македонија и положи венец на гробот на Гоце Делчев, што е непосредна потврда дека и “меѓународната” ги подржува тие позиции!

Колку за потсетување, а за да не се заборави: и на Бугарите не им е туѓа праксата за забрана на влез на македонски граѓани.

Паметам во 1990 година, кога се одбележуваше некоја годишнина на гробот на Јане Сандански во Пиринска Македонија, Бугарија издаде  з а б р а н а  за влез на македонски граѓани кои најавија масовно присуство на собирот во организација на ОМО Илинден.

На група новинари и со уредни новинарски легитимации пак ни дозволија да влеземе на граничниот премин кај Струмица, но многу наши сонародници беа приморани да одат на преминот Деве Баир, а некои други да ја поминат границаја кај Ниш за да присуствуваат на настанот.. Вистински трауми доживеавме вечерта, на враќање, бидејки бугарските граничари не сакаа да не пуштат да поминиме на истиот граничен премин кај Струмица, наводно бидејки преминот бил отворен за сообраќај само до 20 часот и не тераа да одиме долги километри на север и да се вратиме преку преминот Деве Баир!? Се убедувавме со часови, а тие глумеа дека се консултираат на повисоко ниво, за конечно да ни дозволат премин на на Македонска територија.

Реалностите, се грди какви што се, а добрососедство и меѓусебно почитување се  мислени именки на балканот. Територијалните претензии и апетити кон нашата земја и историско минато се длабоко всадени во умовите на нашите источни соседи и само со одлучно реагирање, како на пример ова на 4ти фебруари, можеме евентуално да влијаеме на промена на нивното однесување и сваќање на реалностите.

Но има уште нешто полезно од настаните на 4ти фебруари. Пред се сметам дека им дадовме на знаење на Бугарите што можат, а што не можат да прават на нашата света македонска земја и воедно испративме јасна порака во Брисел дека нема да толерираме понижувања и навреди од нејзина членка како што до сега правеше оваа поданичка власт.  

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top