Коментари

Македонците се заслепени од европските мудрувања!

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Македонскиот народ нема никаква корист од прилагодувањата на барање на Грција и Бугарија, бидејќи војната помеѓу Русија и Украина ќе доведе до промени на ЕУ и НАТО. Се дотогаш додека не се случат целосни промени, Брисел и Вашингтон ќе одолговлекуваат, ќе мудруваат, а членството на земјата на ЕУ ќе биде доведено во прашање.

И покрај неизвесната иднина и презирот од својот народ поради промена на името, македонските политичари за жал, продолжуваат со тргување со националните интереси. Нашите политичари-трговци, заради лична корист, лесно се откажуваат од својата народност и продолжуваат со брборења за европска иднина доколку се откажеме од своите корени.

Ваквото однесување на Македонецот било забележано и во минатото. Во 19 век, за да успее во трговијата, го учел грчкиот јазик и се преставувал дека е Грк.  Во тоа време поимот „Грци“ освен етничка, означувал и класна припадност. Односно за „Грци“ биле сметани сите поситуирани Македонци, Бугари, Власи, Албанци, Срби и др. Од друга страна, пак, сите сиромашни селани (прости), дури и етнички Грци, биле нарекувани „Бугари“ (вулгари).

Бугаринот Стефан Захариев (1800 – 13. IV 1871), кој активно соработувал со голем број весници со написи за текот на црковните борби за протерување од неговиот град на грчките свештеници на Цариградската патријаршија. ќе забележи и за однесувањето на Македонците. Тој тогапните Македоци ги шоврзува со античките и вели:

„Но толку сега што говоревме за свадбата на богатиот Македонец Каран, сега да го оставиме споменатиот Атинеј да докажува дека Римјаните ја прифатиле раскошноста во гозбите од Македонците и да ги нарекува варварски народи, и да ги видиме оние од сегашните Македонци кои заслепени од подзатворениот блесок на елинските мудрувања, прифаќаат да се презираат и да се откажуваат од својата народност. Затоа, по опишувањето на Карановите гозби, ми се виде времето поволно да извикам и оф: Навистина колку сме оддалечени од времето кога од сите денес наречена Елада (Грција) беше потчинета од македонската власт, и се оддалечуваше од нивната јунаштина, на нивните богати пирови, и ропски ги обожуваше…

…Според тоа, ако ни беше целта да ги опишеме зачуваните во грчките книги „Свадбарски обичаи и гозби на древните Македонци“, причината на оддалечување од предметот се состои да ја покажеме цивилизацијата на македонските Славјани, во што таа се состоела во времето на Александар (Македонски) и до каде стигнувало нивното образование, за да ги употребуваат Елините за подбив и сегашната нивна заблуда и незнаење, во кое ги фрлиле гркофенерските владици и да ги поканиме нашите родољубиви сонародници да им помогнат и морално, и материјално… “ [25 март 1870 година. Во Т. Пазарџик; Превел и напишал: С. Захариев, „Македонско пирување“, Читалиште (Цариград) I/7 (1871, стр. 214 – 216)]

Во тоа време, Македонците кои од селата се доселила по македонските градови во трговијата го употребувале грчкиот јазик. Се разбира дека неговата употреба не било затоа што Македонците се чуствувале како Грци, туку затоа што еден трговец во тоа време тешко можел да просперира не само во Европа, туку и на Балканот, без знаење на грчкиот јазик. За да моожат да просперираат во трговијата Македонците, како и другите балкански народи (Власите, Албанците и др.) не само што го учеле грчкиот јазик, па дури некои од нив  во определени околности се преставувале како „Грци“.

Меѓутоа, иако изразот „грчки“ немал етнички белег, „бидејќи не само во Унгарија, Хрватска, Срем и Бачка, туку и во другите земји на Европа под името „Грк“, пред се се подразбирале трговци, во која смисла дури и еден Евреин можел да биде „Грк“ … сепак Македонецот барон Константин Бели од Виена, обрнувајќи се кон своте „еднородци Македонци“ укажува од опасноста на ваквото кокетирање и повикува наспроти грцизмот, да се истакне македонството на славјанското население во Македонија, како етничко разликување од Грците.“

Опомената од кокетирање која ја упатува баронот Константин Бели (7 III 1770 – 11. XII 1838) до своите Македонци во тоа време, треба да важи и денес.  Македонците не смеат со презир да се откажуваат од својата народност и треба да престанат да се додворуваат на ЕУ. Македонија не смее да дозволи заради западна поддршка да крвари за нивни интереси.

Корумпираните политичари – трговци мораат да си заминат, а Македонците треба едноставно да престанат да бодат поголеми Грци од Грците, поголеми Бугари од Бугарите, поголеми Срби од Србите или пак поголеми Албанци од Албанците. Македонецот треба да биде просто Македонец, чувар на своето вековно и големо име.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top