Коментари

Марија Емилија Кукубајска:Еврејските другари на Вита Поп Јорданова (од романизираната биографија ВИТА, 1969)

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

На 11 март 1943 – 551 Евреи од Штип се жртва на перфидно, варварското искоренување на еден древен, мудар, жилав народ кој со векови се соживеал со поднебјето на гостољубивите и чесни Македонци во Штипската чаршија.

Се сеќава Викторија дека во деновите пред 11 март, врските меѓу штипските партиски организирања сурово се спречувани. Се чувствува кулминација во бруталноста на  бугарска полиција. Од полицискиот началник и воениот командант се                                                                                                               издаваат строги директиви за немилосрдни репресалии. Со утешно толкување на напнатите полициски интервенции, Викторија и’ зборува на Пава дека ќе уследи блокада на целиод град, не само за евреите, како што кружеле панични вести. За неутешноста на Викторија со депортацијата, за нејзината непомирливост со судбината на обесправените народи, за изблици на борбеност пред нејзините смрт, мајка и’ споделува сеќавања:

„Ми рече една вечер дека го сретнала братот на Пава Леви. Ја прегрнал, трогателно ја гушнал и и’ кажал дека се вршеле подготовки да ги носат Евреите. Спомнал дека можеби никогаш повторно нема да бидат овде, тие стотината во градот, петтмина во воспитните групи и партијата, и неколкумината незаменливи пријатели на Викторија и Јордан – Исак Сион, Пава, Пепо и Хаим Леви. Леви ја моли Викторија да ја посети мајка му и да го прифати пакетчето со богатства издвоени да бидат спасени од нечија пријателска благодарност. Но, Викторија не оди по таквото богатство, поаѓа да најде илегални станови и прифатилишта за Евреите. Наместо да спаси материјално богатство, оди да обезбедува спасување на живото богатство, човекот.

„Ќе ги носат, а каде, каде ќе можат да ги сокријат од лицето на светот, да ги уништат нивните основни, природни права на живот? Ќе може ли да се сокрие историската неправда на расистичките теории“, размислува гласно Викторија во присуство на мајка и“.                                          

Ноќ пред 11 март.                                                                                                                                                  

Викторија е неутешно вознемирена од потресените дамари на градот. Зора е, а Штип сеуште е блокиран, од полноќ. Излегува на прозорецот. Грозна глетка и’ ги стрела очите со поразителна вистина. Колони беспомошни луѓе се спроведуваат кон челуста на фашистичкото чудовиште, осудените без вина.                                                                                             

После измачувања и ограбувања по домовите, претепаните Евреи ги спроведуваат до зборниот плоштад, да ги водат на железничката станица. Бугарскиот окупатор ги товара Евреите во смрт, а повеќето од нив сеуште не веруваат дека крајот на таа еврејска голгота е нивно уништување. Покрај колоните пешаци водени во притаен ужас, уште два камиона ги одвлекуваат болните и изнемоштените.                                                                                                                 

„Дојде да ме разбуди, а јас веќе не спиев“, со неприродна растроеност си спомнува Софија, и продолжува да ги опишува реакциите на ќерка си Викторија:                                                                                              „Луѓе – луѓето ги водат во уништување. Срамови. А кои се тие што судат за уништување на другите? Зарем и тие не можат да бидат уништени!? Но, зошто, зошто воопшто уништувања? Зошто подивува светот! Знае ли, нема ли казна?! Отиде мојата мила Пава, и брат и’, и мајка и’, и сите мои блиски Евреи. Ги казнуваат – не смееле да бидат браќа на луѓето! Ги казнуваат што постојат! А ние, уште дома спиеме? Нашата човечност треба да покаже единство со нив, да покаже што е човечност и праведност… Правда, мамо, и борба, со борба да ги повратиме уништените достоинства!?“

Со немоќна побуна гледа Викторија преку прозорецот, неповратните колони исчезнуваат пред нејзините очи, а таа не смее да биде видена надвор од илегалното засолниште. Низ тежок очај рассудува:                                    

„Убијците можат да го уништат само телото на посветените борци, како и на невините Евреи“. Но, злосторно убиените не се мртви. Нивниот говор продолжува преку запрената крв и присутниот дух. Нивното срце останува да бие во чекор со историјата. Нивното исчезнување опоменува и преку овие мрачни дни на неправди, дни кои не се безнадежни“.

Надежта на сите идни борци кои соработуваат со Викторија, расте со идеите за национална слобода и социјална правда: да се препороди и развие вековно распарчуваната македонска земја, без страв, со исконско право – да се љуби сопствената татковина, да се постигне мир под разнишаното небо, да се доживее слободата да се биде она што си, Македонец, еднаков со сите други народи на дваесеттиот век.                                  

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top