Коментари

АНГЕЛ ДИМИТРОВ И БОМБАРДИРАЊЕТО НА СОФИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Donski111

1DonskiАлександар ДОНСКИ 

Неодамна членот на бугарската историска комисија и поранешен амбасадор на Бугарија во Македонија Ангел Димитров, во еден свој настап на ТВ (пренесен кај нас од ТВ Алфа) посочи дека вардарскиот дел на Македонија пред Втората светска војна бил под српска окупација на која населението жестоко се спротивставувало, но денес никој во Македонија не зборувал или пишувал за тоа, туку мнозина зборувале само за Втората светска војна (периодот на бугарската фашистичка окупација, з.м.). И тој се „чуди“ зошто тоа било така?

Навистина мислев дека Димитров е поинтелигентен човек, но ваквото негово „чудење“ го става под сомнеж моето мислење за него. Па г-дине Димиров одговорот на твојата дилема е многу едноставен. Ако сакаш да ја знаеш причината за ваковото однесување кај најголем дел од Македонците  тогаш застани пред огледало! Во огледалото ќе ја видиш причината за ваквото однесување, а тоа си ти и таквите како тебе бугарски шовинисти, кои се обидувате нам Македонците да ни го накалемите вашето азијатско потекло и историја.

Во право си дека Србија пред Втората светска војна го држела под окупација вардарскиот дел на Македонија обидувајќи се да ги денационализира Македонците. Во право си и дека Македонците пружиле жесток отпор на таквата состојба, но денес тоа е минато! Србија денес (најголемите политички партии и други субјекти) ги признава Македонците како посебна нација со свое историско минато. Македонците имаат своја политичка партија која слободно дејствува во Србија. Дури неодамна се случи и признавање на МПЦ од страна на СПЦ што исто така беше топло поздравено од Македонците. Ете затоа најголем дел од Македонците (според анкетите) денес ја сметаат Србија за најпријателска соседна земја. И затоа нанесените неправди во историјата не се спомнуваат и потенцираат. Зарем не можеш да ја сфатиш оваа едноставна логика? Кога двајца се караат, а потоа помируваат, тие повеќе не ги спомнуваат нивните меѓусебни расправии. Зарем не е ист случајот и со Бугарија?

Во времето кога Бугарија била профашистичка држава и близок воен сојузник на Хитлер, практично била во војна против САД, Велика Британија и нивните сојузници. Како резултат на тоа сојузничката англо-американска авијација во периодот од 1941 до 1944 извршила масовни бомбардирања на Софија, Ќустендил, Хасково и други градови и села во Бугарија. Само во април 1944 година англо-американската авијација фрлила 2.500 бомби врз Софија, а жестоко бомбардирање имало и во ноември и декември 1943 година. Всушност, според податоците англо-американската авијација за време на Втората светска војна реализирала 113 бомбардирања на Бугарија (главно на Софија), за време на кои имало голем број загинати, над 1.700 ранети, а биле уништени или оштетени над 12.500 објекти со огромна материјална штета.

Но Бугарија сега е сојузник на западните држави (кои своевремено ја бомбардирале), што значи дека дошло до помирување со нив, па затоа денес во Бугарија никој не го ни спомнува англо-американското бомбардирање на оваа земја ниту бројните жртви од истото.

Кога сме кај признавањето на националните права на Македонците, не е таков случајот само со Србија. И во Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Словенија и други држави, Македонците се признати како посебна нација со сопствена култура и историја и затоа најголем дел од Македонците во Република Македонија имаат пријателски став и кон овие држави и народи. Само шовинистичка Бугарија и Грција (благодарение на таквите како тебе) тоа го негираат (секако поради познатите причини, а тоа е држењето делови од Македонија под ваша власт). Но, неодамна и грчкиот суд донесе одлука дека Македонскиот културен центар во егејскиот дел на Македонија може слободно да дејствува.

Многу пати сум рекол дека ако Бугарија ги признае Македонците како посебна нација со своја култура и историја, Македонците и Бугарите ќе бидат најблиски соседи и народи. Но, Бугарија е далеку од тоа и токму заради таквите како тебе мнозинството Македонци денес ја сметаат Бугарија за „најнепријателска држава“. Сепак, времето е на наша страна…

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top