Коментари

СОВРЕМЕНИТЕ ВАНДАЛИ СЕ НА ВЛАСТ ОКОЛУ НАС

Martin Trenevski 1
1martin1 
Неделата (24 март) беше прекрасен сончев ден и решив да го искористам за да ја исполнам желбата на некои нашинци од туѓина конечно да го видат римскиот аквадукт во близината на Скопје, споменик од доцната антика изграден  во шестиот век во времето на императорот Јустинијан I.
   Речено-сторено! Идејата беше поздравена и со радост прифатена и појдовме на локалитетот. Аквадуктот за време на поранешниот режим беше во склоп на големиот комплекс на касарната на ЈНА, но по прогласувањето на независноста на нашата татковина сега повеќе не е, и практично е оставен на милост и немилост, пред се на локалкното население, главно дивонаселени дојденци од Косово. Веќе првиот впечаток е застрашувачки! До аквадуктот може да се стигне со тесен пат – од едната страна шанец без огарда, длабок најмалку три метри низ кој тече поток, а од другата високи огради од дивоизградените објекти од неканетите косовари. Да се разминат две коли е невозможна мисија!.
   Нејсе. конечно му пријдовме на самиот објект – аквадуктот што изгледал импресивно пред милениум и половина кога бил изграден за да го снабдева античкиот град Скупи со ладна вода од блиските скопски планини. Но денес, овој објект изгледа жално до степен на неверување!!! Аквадуктот во програмите на Министерството за култура во сите влади на независна Македонија е означен како објект на културата од највисок степен на важност и приоритет, но судејки по состојвата во која што го затеков очигледно е дека ниту една влада со прст не мрднала да стори нешто за да го заштити и презентира како порвокласна туристичка атракција. Непосредната околина на аквадуктот е претворена во депонија на секаков отпад, па дури има лешеви од умрени животни од кои б’зди  грозен смрад и колку и да си ентузијаст, ќе гледаш што побргу да се оддалечиш, или да го напуштиш местото. Со еден збор: мрачно и страшно непријатно искуство и за мене како иницијатор за посетата, а можам да си претпоставам какво мислење стекнаа странските посетители.
   Загрижува над се незаинтересираноста за госпоѓата министерка за култура за оваа состојва во која се наоѓа скопскиот аквадукт. Дали дотичната дама воопшто има чувство за важноста и атрактивноста на овој културен споменик од прва категорија, како што е нотиран и во програмата на активности на Министерството за култура што го раководи таа за 2023 година!? Нејзин приоритет, од она што сега го видовме, е себепромоција, т.е. самата да се истакне, не водејки при тоа сметка што другите (граѓаните) ќе мислат за неа. Патем, госпоѓата министерка очигледно нема чувство, па ни искуство и знаење, како да се однесува и претставува во одредени прилики1 Што да мислиме и да кажеме за неа кога, на пример, на одбележувањето на годишнината од раѓањето на нашиот Гоце Делчев (4ти фебруари) годинава се појави во скапи штикли небаре се спремила за модна ревија или некоја слична манифестација од тој вид!
  Но, не и се лутам само на министерката за култура. Па што прави, на пример, госпоѓата градоначалничка на Скопје? Дали таа воопшто некогаш го посетила аквадуктот за да се запознае во каква состојба е тој ексклузивен објект што е во фаза на распаѓање? Аквадуктот е под надлежност на Градскиот музеј на Скопје, значи на градот, односно Градското собрание и неговата градоначалничка! А од таму – ни збор, а камо ли конкретна акција. А да прашам: Што работи фамозната Агенција за заштита на културното наследство која скапо ја плаќаме и чија обврска е да се грижи токму за културносо наследство??? Сакале да признаат или не, сите споменати индивидуи, а и институции слободно можеме да ги наречеме современи вандали и одговорноста е секако кај нив!
  Не сакам да поверувам дека на аквадуктот (мислам дека е единствен ваков сочуван објект на Балканот, освен оној грандиозен аквадукт во Цариград) му е предудено полека но сигурно да исчезне. Локалното население од дивите населби си користи материјал од објектот за свои лични потреби (изградба на куќи, племни и сл.) па некои столбови од комплексот дури се пред распаѓање. А ваков прекрасен споменик на културата што го имаме ние во нашиот двор, би посакувала секоја земја во регионов.
  Нов момент од пред некој месец е идејата на некои македонски албанци, емигранти во Америка, на тој терен да граделе филмски студија во соработка со актерот Џон Малкович, каде наводно ќе се снимале Холивудски спектакли!? Не сакам ни да помислам дека на аквадуктот му е пресудено да исчезне заради лукративни бизниси на некои “инвентивни”
индивидуи од емиграцијата. Тоа не смееме да го дозволиме!!!
 
  Би ги запрашал јавно горепоменатите дами: дали со ваков однос кон цивилизациското наследство мислите дека ќе ве примат во ЕУ??? Па зарем мислите дека бројните дипломати и странски претставници по други основи во Скопје не го гледаат ваквиот некултурен и нецивилизиран однос кон споменик што по сите осносви припаѓа на врвното светско културно наследство?
  Госпоѓо министерке за култура и госпоѓо градоначалничке на Скопје, фатете го Маричич за рака (небаре тој ќе не носел во Европа), а може и Димитар Ковачевски (за да ги прошири своите хоризонти стекнати небаре на Харвард), и појдете да се соочите со грдата реалност што го опкружува аквадуктот! Тоа е ваша и само ваша обврска бидејки вие сте власт, за тоа сте платени и располагате со парите на граѓаните!
  Но има и уште една димензија за која очигледно ниту Владата а и ниту градот (Скопје) не се свесни. Аквадуктот е од времето на императорот Јустинијан I (шести век по Христа), кој е роден скопјанец (според сите светски енциклопедии тој е роден во близина на скопското село Таор) и важи за еден од најголемите цареви на илјадагодишното Источно Римско царство (Византија). Заслуга е на Јустинијан I што иницирал да се состави познатото дело CORPUS JURIS CIVILIS, збир на сите постоечки закони и прописи во негово време, што денес е основа на Римското граѓанско право, кое се смета како ЕДЕН ОД СТОЛБОВИТЕ НА ЕВРОПСКАТА КУЛТУРА И ЦИВИЛИЗАЦИЈА!!! Со еден збор тој столб на европската култура и цивилизација е дело на човек од нашето поднебје со што треба да се гордееме и постојано да го истакнуваме, посебно што и соседите упорно настојуваат да ни го крадат!!!
 
  Учете бре дилетанти едни и правете нешто добро на Македонија.
1vangi12
Насловната страница на епохалното дело на Јустинијан I CORPUS JURIS CIVILIS
М-р Мартин Треневски, Поранешен министер и амбасадор 

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top