Коментари

Ламбе Арнаудов: СЕГА, КОГА ВИЕ ЗБОРУВАТЕ ЗА НАС, А НЕ НИЕ ЗА ВАС, ГОТОВИ СТЕ!

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Најлоши луѓе се оние кои кога ќе ги налутиш, ти ги оспоруваат твоите квалитети, ги прераскажуваат твоите тајни што само ним им си ги доверил, забораваат со каква почит и пиетет си се однесувал кон нив и на крај шират лаги за тебе.

Такви се луѓето  на кои поносот и гордоста како завеса им се спуштила пред очите и ништо не гледаат. Не можат да ги сокријат своите слабости, па се обидуваат да ги префрлат на другите кои па по правило се многукратно подобри од нив.

Отровните стрели исфрлени  од заседа, која само за нив глупавите е скриена и безбедна, а толку е разголена што за сите е видлива, особено за целта.

Тогаш сé се распаѓа, целта, стратегијата е прочитана, тактиката е неспроведлива, и место да им наштетиш на оние за кои е наменета, ти сам паѓаш во сопствената стапица, а и твојата злонамерност се претвора во рапсодија на комплименти.

Длабоко потонуваш во живата песок на сопствената заблуда и продолжуваш да лаеш ли лаеш, сега на сенки или на глува месечина зошто, оние кон кои го упатуваш твоето безопасно лаење сега се многу далеку и уште повисоко за да те слушнат. И тоа благодарение на тебе лош човеку.

Сега се поставува прашањето, прво до твоите работодавци: За кого работиш и на која воденица си ја навртил бистрата вода за да ја изматиш? И второто: Ти, лично свесен ли си дека како и да се завртиш во иднина, задницата ќе ти е одзади, а разумот испарен. Тие на кои си им служел, ќе те отфрлат посрамотен, затоа што си ги изрезилил, а титаните на кои им си се намерачил на маслат не те ставаат, за нив си невидлив и во минатото и сега.

За иднината не зборувам затоа што таквите како тебе немаат иднина.

Интересно е, помалку чудно, што ова го прават луѓе чии што гордост, совест и тенки вредности за нив се недопирливи, со што сами себе се прогласуваат за недопирливи и најпаметни во сопствениот свет на длабока осаменост во која се втурнале слушајќи најдобронамерни совети.

Трагедијата која сами си ја подготвивте и во неа попаднавте не ве научи дека:

Едно искуство вреди повеќе од илјада совети, па продолжете да шетате по стари ќерамиди и гнили греди и кровови сé додека еден по еден завршите на земја и никогаш нама да се подигнете. А, ТИЕ кои вие ги прогонувате и лажно ги обвинувате ќе одат напред, ќе се качуваат високо колку што сакаат и можат затоа што вие сте многу долу ниско и не можете да ги сопрете ниту сопнете.

Ве нема на нивниот пат.

На крај само сакам да ве охрабрам да продолжете со оваа мисија срамна, безопасна, исцрпувачка за вашата злобна душа и незрела памет. Пропаѓајте  длабоко, нека се гаси светлоста ако некогаш воопшто сте ја имале, за ТИЕ кои не се како вас безгрижно но со силно еруптивно и чврсто со карактер што го пренесуваат на својот народ и го носат во светла иднина, благосостојба, мирна и безбедна средина во која сите заедно ќе ги одгледуваме своите деца и внуци и ќе ги учиме да не бидат како вас туку да бидат како ТИЕ кои се без причина без милост неоправдано нападнати од вас, битанги непрокопсани и предавници.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top