Коментари

Таќе потпиша погубна зделка

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski Рубинчо Видое Јованоски

Пред неполн месец македонскиот премиер Димитар Ковачески – Таќе и неговата свита со многу помпезна радост го потпиша договорот за изградба на коридорите 8 и 10 со странскиот конзорциум “Бехтел и Енка“, во вредност 1,3 милијарди евра со цел подобрување на патната инфраструктура во нашата држава.

Имено, со договорот ќе бидат опфатени 4 делници – коридорот 8 кој се протега на должина 68км, со автопат со 6 ленти, а ќе го поврзува Тетово и Гостивар, Кичево – Струга и Ќафасан и коридорот 10 , исто така автопат со 6 ленти, во должина од 40км кој ќе се протега од мојот роден град Прилеп до Битола.

По потпишувањето на овој мега договор Таќе нагласи дека истиот бил со примеси на транспарентност и одговорност.

Просто, човек да се сомнева дека овој проект ќе ја види светлината на денот без корупциски скандали.

Таќе кој го наследи “Муртинчето“, со иницијали З.З. кој со сите негови потпишани договори го билдаше своето финансиско конто, реално е да се очекува и Таќе да оди по неговите стапки.

Во оваа прилика само да потсетиме дека актулената извршна власт нема направено ниту километар од автопатот Кичево – Охрид, а за железничкото поврзување со Бугарија е мислена именка во актуелниот период.

Таќе го потпиша договорот и почна повторно да лобира за внесување на бугарите во преамбулата на уставот на Република Македонија.

На крајот Таќе треба да оди во кабинетот на Артан Груби каде се вежба и игра фудбал вежбајќи ги и следствено на тоа јакнејќи ги мускулите да биде голман кој тешко ќе може да ги одбрани ударите на Груби и неговите истомисленици и можеби ќе прими гол со пета каде во минатото нагласи сега упокоениот Амди Бајрам кој во тогашно време се однесуваше за лицето Б.Ц.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

Новинар и пороанешен одбојкарски судија д Прилеп

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top