Коментари

Свекрва : Коров кој ја опустоши Македонија!

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Во пописот од 2002 година беа попишани 2.022.547 лица, а во 2021 година  во земјата беа попишани 1.836. 713 жители. Што значи дека во последните две децении земјата изгуби околу 200.000 луѓе. Меѓу главнити причини за ова иселување се смета дека е слабиот економски раст и недостатокот на инвестиции, но никаде не се спомнува анархијата која владее во земјата. По воениот конфликт во 2001 година, разни паши, бегови, аги и нивни вазали, ја управуваат и ја пљачкосуваат земјата. Но тие се недопирливи за органите на прогонот и правосудните органи.

Откако ја опустошија земјата, малку им беше што по разни основи влечат средства од намерно пролонгираните изградби на патишта, сега си ги зголемија и платите. Додека поради инфлацијата здраствените работници и пензионерите добија минимални покачувања (здраството од 2-3.000 денари, а пензионерите само 8.4%.) власта со помош на Уставниот суд, оној истиот кој збор не кажува за повреди на Уставот, си ги зголеми платите за 78%.

Споредбено еден пензионер од најниската категорија ќе зема околу 200 евра пензија, а некои високи функционери ќе земаат плата поголема и од 2.000 евра. Со оваа одлука треба да им се зголемат платите на уставните судии, премиерот, претседателот, собранискиот спикер, министри, заменици министри, градоначалници, директори на агенции и т.н.

Сосема е небитно дали некој ќе намали бод за пресметка или некој ќе се откаже од покачувањето, иритацијата кај народот е голема. Како некој намерно да ја подгрева атмосферата во земјата.

И додека Али Паша–Зајашки, Артан бег–Скопски и нивните вазали од СДС пируваат, од земјата тивко се иселуваат Македонците.

Оваа ситуација не се разликува  многу од средината на 18 и почетокот на 19 век кога владееше еден друг Али Паша-Али Паша Јанински (1741 – 1822). Тој е османлиски феудалец од албанско потекло, паша на Јанина, кој потоа се одметнал од централната оснманлиска власт. Станал независен владател Албанија, Епир и Мореја, а потоа власта ја проширил во Македонија. Меѓу народот останал запаметен како зулумќар.

Поради зулумите на Али Паша Јанински и други паши, како и анархија која владее во Македонија во овој период. народот се помасовно бега од селата во градовите, а тие што имаат можност се иселуваа надвор од земјата.

Очевидецот на оваа анархија, францускиот патеписец Оливие, кој заедно со Бригиер патувал по Турција во 1793 – 1798 година во врска со ова пишува: „Селското население пренатрупано со даноци, несигурно за своите имоти и животи, неусетно ја напушта земјата, која неможе повеќе да ги храни, и заминува во големи градови да бара спокојство што го загуби во колибите, и да бара нов живот каков што неможе да најде повеќе во обработувањето на земјата. Пашите дури бараат исти давачки од оние што останале и ги тераат да плаќаат и за оние селани што избегале; последица на тоа е што сите жители исчезнуваат за кратко време и ги напуштаат селата засекогаш. Нема ниеден дел од империјата, вели Оливие, што се наоѓа малку подалеку од престолнината, а да не преставува слика на пустелија; големи полиња остануваат необработени, колиби и села разурнати и опустени“. (П.И. Милев, цит. статија, 34).

За несигурноста што владеела на патиштата во Македонија во ова време и за нападите на разновидни пљачкашки банди пишува не само „Новине Србске“ од 22 I 1838 година, јавувајќи дека на планинскиот дел на Кресна разбојниците ја нападнале поштата и зеле 20 ока злато, сопственост на серските и солунските трговци, туку за тоа пишува и австрискиот конзул во Солун во својот извештај од 5. IX 1853 год. Во кој вели дека „разбојничко зло и натаму се размножува во Македонија и ги кочи комуникациите“. Не само што бил нападнат карван од 100 коњи кој на патот од Неврокоп одел за Тракија, туку вакви напади ималу многу. Сето тоа од своја страна ги терало македонските трговци не само да одат во поголеми групи, туку на тие опасни патувања уште и да се маскираат, да се пресоблекуваат во Турци, па дури и да ги менуваат своите имиња во турски. Така Хаџи Кочко од Скопје за време на патувањето добил муслиманско име – Беќир; Хаџи Зафир – Џафер; Хаџи Коста – Ќерим; Хаџи Тасе – Таир и т.н.

Денес власта е коров која ја опустоши Македонија. Таа мора да замине од власта, за да може да се опорави земјата.

1novi3

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top