Коментари

Се тече, се се менува, само Македонија останува вечна

1Dzepovski1

1Dzepovski1 Александар Џеповски

Во ред било Макрон да ја посети Кина, да лиже кај ќе плукнат Кинезите ама тоа истото беше смртен грев за Грујо. Па многу дури и насекиран за Тајван ете Европа требало да биде неутрална и дури Америка не ја рецка ни два посто, давајќи до знаење дека колку му е мила Америка толку и Кина. Можеби Макрон увиде сега тоа што Грујо осети одамна – Америка не дава ништо и пљачка а Кина дава од пиле млеко и вика треба ли уште. 

Кога сме веќе кај Грујо, да кажеме гласно дека тој е заштитен сведок сега на Кина и Русија кои го спасија и “киднапираа” пред ЦИА и МИ6 да го ликвидираат поради “несоработка” за менување на името и економскиот бум во Македонија, нешто што не им одговараше на Западот.

Каква иронија, крајот на Америка ќе биде запечатен со Македонија преку Груевски. 

Макрон стана предмет за измотавање во Австралија каде се откри дека работеше против своите сојузници и сакаше да бричи на суво, арно ама изветреаниот Бајден го надмудри. Оддеднаш сите дознаа и увидоа колку тони злато, преку 2500 тони злато опљачкаа од Мали за возврат на “ценетата ” западна демократија да им ја инсталираат како инвестиција невидена.  Кога сме кај златото, тие Французите и западните демократи ги носат во Дубаи каде таму им удираат нови печати и докажи сега ти ако можеш колку и од каде краделе злато, цицале крв и убивале за тоа пусто проколнато благо. 

Клетвата на Грујо го фати Макрон или клетвата од Горниот за сојуз со Бугарија  како подршка за уништување на Македонија…сеедно, само да му посакаме бар 10 % да ги доживее маките, солзите и страдањата на Груевски и срцата на сите Македонци ќе се стоплат со исклучок на некои комуњари од СДС и ДУИ.

Се тече, се се менува, само Македонија останува вечна. 

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top